Билките на баба Рада

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Билките на баба Рада беше емисија која се емитуваше на Канал 5 секој работен ден во 15:30, и чија цел беше народот да се запознае со лековитите својства на билките, како и нивното комбинирање и намена против различни здравствени проблеми.
Темава нека послужи за споделување на рецепти кои сте ги запомниле и/или примениле, дискусија околу нивното користење и ефикасност, како и севкупниот впечаток околу емисијата и веродостојноста на рецептите.
123-7-.jpg
 
Последна промена од модератор:

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Зошто во сеир?... Еве јас ке почнам посериозна дискусија.

Иако демек се грижи за нешето здравје баба Рада ни кажува рецепти на природна база, јас мислам дека нејзе и е пред се само за бизнис и не се замара многу на кого што му кажува како лек.
Многу работи страшно ме нервираат кај нејзе.
1- и на деца препорачува некои рецепти кои содржат алкохол.
2- ако денес зборува за камилица, тогаш лекот на секој проблем е камилица. А утре ке биде нането пошто за нане ке зборуваат.
3- Глупаво е ти да му кажеш на дијабетичар дека ке му биде подобро ако пие некој чај, а притоа да не му напоменеш дека тој чај нема да му помогне ако за ручек има свинско, после тоа пие кока кола и цел ден седи пред телевизор. Или барем да му се напомене на гледачот дека тој чај нема целосно да го излечи, може само да помогне при лекувањето...
Премногу луге ја гледаат и многу и веруваат, затоа сметам дека и таа треба поодговорно да се однесува спрема нив и кога веке им кажува рецепти за одредени болести нека им кажува и за тоа како треба да се однесуваат општо во секојдневието поради истите. Ако Рада не е стручна за тоа, нека викнат и некој лекар во студиото, или редовно нека има нутриционист.
4- никогаш не се спомнати несаканите дејства што тревките можат да ги предизвикаат. Има билки кои штетат на бубрезите, желудникот и тн. ако правилно не се користат.
5. според баба Рада нејзините рецепти можат да излечат и рак. Јас не велам дека не можат, но сигурно нема да можат ако гледачот кој ја послушал слепо се придржува кон нејзините инструкции без консултација од лекар. Друго е кога е настинка во прашање, менструална болка или хронична болест... ракот е сериозно заболување и мислам дека треба да биде поодговорна.

Сметам дека е убаво кога лугето се лекуваат на природна база. Позитивно е ако болните од некои потешки болести освен терапијата препишана од лекар пијат некој чај или внимаваат на исхраната. Но, на Рада не треба да и се верува слепо (исто и на др. Оз)
Они пред се си прават бизнис.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
знам дека ја даваат на канал 5 и дека жената е интелигентна тактичарака

чим на прашањето на фб ,,Што да правиме за доброто на Македонија?" она даде одговор ,,шипки варени" сфатив дека не е нешто поучно и интересно за да ја следам на тв
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Баба Рада е крајно аматерска емисија каде некоја баба која успеала да направи чај и топли облоги одма добива статус на матичен лекар на појќе од пола Македонија. Не можам да ги разберам нејзините поенти,како на пример “Постојано користете ја кората од лимон, читав на интернет била добра“. Значи фактички,баба рада е интернет корисник,кој седнува на страници од типот “бабин - лек“ или сваштарници кои ги преведуваат нивните вести од сосем трети сајтови и ги презентира на телевизија,за неуката маса. Еднаш презентираше “Варова вода била квалитетна за пиење“ е сега незнам колку наши добиле затровање ако го пробале истото да пијат хемикалија,затоа што нити имаше објаснато подготовка нити на кој начин се пие и за кои лица е добра. Крајно ме иритира,кога има гостинка и постојано зборува на пр. лек за главоболки, се уфрла невротичната пензионерка Баба Рада со краток муабет во стилот “Исто и компирот помага за главоболки“ и нејзиното завршува па гостинката продолжува со детално објаснување. Пред некое време (не можам да ја најдам на интернет) случајно начекав емисија нејзина на некој христијански празник,со икони како се лечеле. Се јавуваа разно разни пациенти кои што уште не извале карта во еден правец за во ментална клиника,па се изнаслушавме муабети како 50 годишна жена останала на неќење трудна,планирала да абортира, водењакот пукнал и слични приватни гинеколошки проблеми презентирани кај баба рада, средби со Исус, сновиденија и лековити води и камења за удирање по глава за здравје.

Многу подобро би било,ако се земи во предвид фактот дека сеуште во македонија обичниот народ верува во се што ќе речат низ медиумите, и да се направи една регулатива кој се оди во емисии и презентира. На фејсбук страниците кои очигледно ги прават деца “Билките на баба рада“ фанови се постари госпоѓи што јавно,на ѕид пишуваат “Не им верувам на докторите,за пари се изгорени кажете ми лек против рак, воспаление на јајници,пичкин грип...“ и очекува таа 40-50 годишна идиотка да и одговори рандом тинејџер што си направил страница за лајкови.
Еднаш и се јави гледач и ја пресече в корен - и објасна дека кората од лимон се користи доколку е домашно засаден и не е прскан со пестициди,нашите лимони што доаѓаат содржат еден тон билки за сјај на кората,за свежина, па и вештачки мириси се додаваат,пестициди да не ги јадат штетници... само вие внесете го а одговорноста префрлете ја на баба рада.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Варовата вода е билка??? Мислам дека е преопасно да се споделуваат вакви информации во јавност, па дури и да се точни.
Има разлика од пиење чај против стомачни тегоби или кашлица, а друго е да лечиш рак со варова вода во која предпоставувам дека има отрови кои се штетни по нашето здравје, а можеби е толку токсична што и ракот не и е отпорен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem and Holla

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Вистински Хит ја направија,дури и ја издаде својата прва книга за билките. ( во топ 5 е со лајла лај грејс) (facepalm)
(двете под рака и два стапа од дрен,три пати на ден :giggle)
baba_rada.png

Претпоставувам се што има во книгава има на интернет,што значи дека направиле само мала колекција на рецепти од билки,преведени од друг јазик или копирани само.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@ and Podem

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Вистински Хит ја направија,дури и ја издаде својата прва книга за билките. ( во топ 5 е со лајла лај грејс) (facepalm)
(двете под рака и два стапа од дрен,три пати на ден :giggle)
baba_rada.png

Претпоставувам се што има во книгава има на интернет,што значи дека направиле само мала колекција на рецепти од билки,преведени од друг јазик или копирани само.
Копирани не копирани се корисни работи прави женава,се чудам зошто толку негативни коментари со потсмев на сметка на женава.
Не сите луге имаат пристап кон интернет,поготово постарата популација.
Книгата е одлична одлука.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Копирани не копирани се корисни работи прави женава,се чудам зошто толку негативни коментари со потсмев на сметка на женава.
Не сите луге имаат пристап кон интернет,поготово постарата популација.
Книгата е одлична одлука.

За да биде некој лек универзален,и да лечи од сите болести,како оние од тезга,најпрво треба да биди тестиран и да се објасни кои луѓе смеат а кои не смеат да го земаат.Овие билки и лекарства што ги презентира Рада,се само лаички објаснати,нити го објаснува нивно потекло,начин на приготвување,можни последици туку само ги презентира,како што кажав за варова вода, и кора од лимон со која го отече секоја емисија,додека не и се јави еден квалитетен гледач да и објасни дека не може која било кора од лимон и не е за секого. Нема стручни лица кои ќе прават анализа што се емитува во емисијата,а нашиот народ премногу верува во медиумите и зема се здраво за готово во стилот “Чим е на тв,мора да е проверено и стручно“...
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
За да биде некој лек универзален,и да лечи од сите болести,како оние од тезга,најпрво треба да биди тестиран и да се објасни кои луѓе смеат а кои не смеат да го земаат.Овие билки и лекарства што ги презентира Рада,се само лаички објаснати,нити го објаснува нивно потекло,начин на приготвување,можни последици туку само ги презентира,како што кажав за варова вода, и кора од лимон со која го отече секоја емисија,додека не и се јави еден квалитетен гледач да и објасни дека не може која било кора од лимон и не е за секого. Нема стручни лица кои ќе прават анализа што се емитува во емисијата,а нашиот народ премногу верува во медиумите и зема се здраво за готово во стилот “Чим е на тв,мора да е проверено и стручно“...
Како што велиш дека ,,отече,,со кората од лимом,ке те потсетам дека за оние што сакаат да бидат објективни,ке слушнеа и дека ,,отече,, дека без консултација од лекар да не користат ништо.
Тоа таа што презентира се само чаеви и неможат да бидат штетни.
За рецептите што се даваа се нагласуваше што и како треба односно дека треба да се консултира лекар.
А за народот дали и кому верува ептен ми се дискутира ама не во темава.:)