А вие што очекувавте...?

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Во последниве месец дена по нашево Лице Тефтерче е актуелен муабетот околу Пиволенд,поточно
артистите кои ќе настапуваат,организацијата,местоположбата,цените на пивото. Како по обичај,се носат
неколку артисти кои сеуште носат слика од другарот Тито во внатрешниот џеб од јакната,се носат оние два бенда кои веќе сите ги знаеме,кои изобилуваат со песни со социјални теми,и пеат за буџав лебац и за тоа како немаат пари за ризла (колку може да е скапа ризлата во соседна Србија?). Се носат уште неколку артисти од иста бранша како и горенаведените,но помалку познати, Исто така,се собираат нашите добро познати плагијат бендови кои станаа резидент во скопски Колосеум и Хавана. Мислам дека повеќето од бендовите што се канат на Пиволенд мора да немаат издадено никаков музички материјал барем 7 години наназад,за кај народот да се разбуди некаква носталгија и мисла како во минатото било подобро,да се голта пена од пиво за која сте платиле стотка,ама нели,срамота е да стоиш таму и да не пиеш ништо.

Наспроти сето ова имаме спротивставени ставови по социјалните мрежи и маалски дискусии. Едните мислат дека програмата е ужас,дека цените на пивото се преголеми и дека Пиволенд би требало да се преименува во Паркингленд. Другите пак,оние што се навикнати на тоа кај нас да се прави фама околу музичар кој можеби се очекува да се распадне на сцена додека ја пее неговата најпозната песна,викаат: Па што очекувавте вие да се донесе тука,да не сакате светски имиња? Бидете задоволни со тоа што го имате,ако не ви се оди на Пиволенд,никој не ве тера.

Да ве потсетам,во последната деценија Македонија донесе прилично големи музички имиња. За љубителите на електронската музика тука беа Faithless,Prodigy,Skazi,Armin Van Buuren,Tiesto,David Guetta,за оние што се по хип хопот тука беше легендарниот DJ Premier,The Roots,Guru,Delinquent Habits,Afu-Ra,M.O.P,Fat Joe,B-Real,за оние поискулирани фаци,ги видовме и Gentleman,Manu Chao,за оние што се љубители на звукот на гитарата,имаа можност да ги видат Clawfinger,Kreator,Sepultura,Exodus,Terror,Gorgoroth и многу други,во кратки црти имаше за секој по нешто. Ама сепак,македончето како за се,така и за музиката сеуште го има оној комплекс и е задоволен макар и со најлошите балкански артисти,со изговор дека толку ни е капацитетот. Тогаш погледнете назад и видете кој се настапувал кај нас,и размислете уште еднаш,дали сме навистина способни да направиме фестивал во кој само ќе ги рециклираме старите музичари кои веќе ја завршиле својата кариера,и верувам бараат пристојна цена за настап,со изговор да купите скапо пиво. Не ги обвинувам организаторите на самиот фестивал,затоа што тие во вас гледаат прилика да се обогатат а притоа да не вложат. Само затоа што вие сте сеуште во тој сиромашен шаблон и без никакви амбиции и побарувачки. Тражили сте,гледајте.

Драги мои,Југославија се распадна,во случај да не знаете. Би Џиз веќе одамна не се актуелни,а и мислам дека ни беше доста од квази љубовни текстови придружени со акустична гитара. Оставете го минатото,и во сегашноста имаме одлични музичари за сечиј вкус,само што народот ги затрупа во мејнстрим музика и во мртви музичари. Ваша грешка е тоа што го прифаќате медиокритетот со кој ни го перат мозокот. Побарајте и ќе ви се даде. Или продолжете да живеете во границите кои ви ги поставува вашиот ментален склоп.
 
parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
брат прочита те меѓу редови, а башка си никнејм ти се солтисс бе браааааааааат ; )
колко си само у прао за сфо тој нагоре...!
 
$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183

добро кажано .. инаку Дубиоза се од Босна .. не се од Србија.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Делумно се сложувам. Во делот кај пиволендот (безосетно скапо, но и со онаа фразана ак не ви чинит не идајте). За изведувачите на иста терезија ги ставам и С.А.Р.С. и Дејвид Гета, сепак и двајцата го отупеа со посети на нашата ни напатена земјичка. За мртвите/распаднатите не чепкај таму, има далеку поголем квалитет да речеме во Пинк Флојд отколку во која и да е скоросклопена новокомпонована група. Така да ова ти е субјективно, нема шанса некои стари имиња да бидат надминати - психологија на старите вредности се вика ова.
 
Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
Знаев дека ова ќе го очекувам од тебе. Потполно е согласувам дека не треба да ни го тупат на секој фестивал со едни исти имиња, многу добра поента ! Браво ^^
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Е, вакво нешто треба да се испринта и да им се дели на оние браќа и сестри што “ќе си грмат на Пиволенд со добро друштво и старите добри бендови“ кои по случајност, секоја година ова време, им се баш омилените.
Небитно е што не издале песна во последните 10 години, таман да не се мачат да учат нови текстови нашиве.
Тоа е. На нашава раја не и’ се фрлаат 1000 денари за “сељаци“ од светски калибар кои не се познати на нашиве простори оти не се Гага калибар, кога кога можат за 600 од тоа иљадарче да си појдат на “ексклузивниот, последен и спектакуларен концерт на Цеца/Харис/Здравко/Џеј/Рибља Чорба“ итн, а со остатокот од парите да се опијанат ко говеда на “светско, а наше“, нели, уз проналазење себеси во “Био си ми жуто пиле, удрио те гром, па сад сузе ми падају нагоре.“
Мајке ми!
 
$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Кога ќе дојдат ac/dc во скопје на пиволенд или на пивофест прилеп тогаш ќе кажам дека топ сум си поминал.Се’ друго ми е клише.
Секој со различен вкус, нели ?
Мене Dream Theater би ми направиле мерак :)
 
Revolution is my name !

Нов член
14 февруари 2012
22
16
3
27
Е, вакво нешто треба да се испринта и да им се дели на оние браќа и сестри што “ќе си грмат на Пиволенд со добро друштво и старите добри бендови“ кои по случајност, секоја година ова време, им се баш омилените.
Небитно е што не издале песна во последните 10 години, таман да не се мачат да учат нови текстови нашиве.
Тоа е. На нашава раја не и’ се фрлаат 1000 денари за “сељаци“ од светски калибар кои не се познати на нашиве простори оти не се Гага калибар, кога кога можат за 600 од тоа иљадарче да си појдат на “ексклузивниот, последен и спектакуларен концерт на Цеца/Харис/Здравко/Џеј/Рибља Чорба“ итн, а со остатокот од парите да се опијанат ко говеда на “светско, а наше“, нели, уз проналазење себеси во “Био си ми жуто пиле, удрио те гром, па сад сузе ми падају нагоре.“
Мајке ми!
Кога во ист кош ги ставаш Цеца,Харис,Џеј со Рибља Чорба нешто не е во ред со тебе (без навреда)...Се сложувам дека малце досадуваат со исти артисти(првенствено мислам на Чорба,Бајага и таквите како САРС што преку ноќ станаа звезди),ама ниеден новосоздаден бенд,што постои од 2010,неможе да се спореди со ,,олд скул“ бендовите како Рибља Чорба или Бајага и Инструктори...Треба свежа крв,но не издрогирани младичи што фалшираат или ги погодуваат тоновите од трета...ПОздрав ;)
 
Revolution is my name !

Нов член
14 февруари 2012
22
16
3
27
Кога ќе дојдат ac/dc во скопје на пиволенд или на пивофест прилеп тогаш ќе кажам дека топ сум си поминал.Се’ друго ми е клише.
Ги чекаме,само што незнам дали би свиреле за 1000 евра по член на бендот...Било кој бенд од седумдесетите и осумдесетите,со отворени раце би го пречекал...