Атонална музика

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Атонална музика е музика која е компонирана без тоналитет. Прво вакво парче музика е забележано некаде кон крајот на 19-ти век но како термин настанува нешто подоцна, некаде почетокот на 20-ти век. Ваквата музика изобилува со користење хроматски скали (ако воопшто може да се наречат така затоа што тоа се 12-тонски скали, т.е. ги опфаќаат сите тонови од една октава), двосмислени (ambiguous chords) акорди, хармонии не постојат т.е. хармониите се сведуваат на минимално ниво акорд->акорд и целосно отстапување од класичните диатонски хармонии.

Критиките доаѓале околу два дела: името и самата форма.
Критиките околу името Атонална музика се движат во правец дека „Атонално“ значи нешто што нема тонови (тон е звук кој има точно одредена висина, боја и траење) но во атоналната музика се користат тонови. Како и да е, терминот бил прифатен како таков и кога некој ќе спомнел „Атонална музика“ поимот референцирал кон она што требало да референцира и така си останал како таков.
Другите критики биле многу посериозни од овие првите. Многу композитори сметале дека колку и да се трудат да компонираат нешто без тоналитет слушателот или изведувачот секогаш ќе препознава некаков тоналитет во фразирањето. Некои воопшто и не ги сметале за композиции затоа што целосно ја игнорирале музичката теорија која што вели дека композицијата мора да има јасно одредена хармонија.

И покрај се` музиката каква-таква опстанала и после фирерот во чие време во Германија многу композиции биле забранети затоа што ваквата форма ја сметале за Болшевичка.

Еве по нешто за да стане појасно:
Duke Ellington - The clothed woman
Alban Berg - Lulu (I. Rondo)
Franz Liszt - Bagatelle sans tonalite


Што мислите за ваквиот концепт на творење, дали е само некаков обид за да се биде уникатен со целосно заобиколување на општо прифатените стандарди и дефиниции или со самото тоа што е концепт претставува стандард? Дали музиката треба да следи некои правила и норми или можете да одете преку класичните ритмични и хармонични правила? Знаете ли некои други композитори кои твореле ваква музика? Кои се вашите импресии од овој вид на музика, дали ви е можеби напорно за слушање или пак ви годи на ушите?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheQueen and Ditto+Maker