1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Археолошки локалитети во Македонија

Дискусија во форумот 'Историја' започната од Hip.Hop_MKD, 21 февруари 2012.

  1. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Скопски аквадукт

    Скопскиот аквадукт се претпоставува дека го изградил Јустинијан I во период од 527 - 554 година, па поради тоа се нарекува и Јустинијанов аквадукт. Постојат и претпоставки дека тој е изграден во 16 век за време на отоманската империја. Аквадуктот се наоѓа северно од центарот на град Скопје на одалеченост 3 км воздушна линија од плоштадот Македонија, односно 5-6 км по земјен пат.
    [​IMG]
    Во својата архитектонска композиција во правец север - југ содржи две пристапни рампи, 53 столбови, 54 основни и 42 помали сводови на затекнатите олеснувачки затворени и отворени отвори над столбовите. Вкупната развиена должина на споменикот на културата изнесува 387,98м со висинска кота на Јужната рампа 279,46м и на Северната рампа 280,485м или со денивелација од 1,025м во постојната состојба.
    [​IMG]
    Во врска со изгледот, состојбата, датирањето и функционирањето на Јустинијановиот водовод и монументалниот објект на Јустинијановиот акведукт, постојат повеќе стари цртежи и фотографии или разгледници записи од познати историчари и хроничари, странски патописци, дипломати и посетители, како и водичи и трудови од воени лица, инженери, историчари на уметноста и севозможни научници. Така, на пример, во 1560 година безимениот венецијански патописец на акведуктот гледа 60 отвори, а во 1669 година Англичанецот, доктор Браун, напишал дека акведуктот е "...прекрасна древност, којаму прави голема гордост му прави на ова место" и дека на акведуктот има "...двесте отвори".
    [​IMG]
     
    На fantina, Aristokrat и DarkPassenger им се допаѓа ова.
  2. Jericho

    Jericho Староседелец

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    355
    Допаѓања:
    465
    Многу е штета, што ова место не е доволно искомерцијализирано и експлоатирано пред се во туристички намени, на тој начин ќе стане попопуларно, ќе се заштити соодветно, секако ќе има поголема посетеност. Интересна градба е да се види во живо, а скоро и да не постои на туристичките мапи и во туристичките тури на странциве што доаѓаат. Сепак странските туристи повеќе би сакале да видат некаква автентична и интересна градба која може да биде дел од симболите на Скопје а не барокни згради кои они ги имаат за извоз, зборам пред се за туристи од европските земји. Како турист од германија, данска, холандија, чешка, словачка би му привлеко внимание барокна зграда изградена во 21век? Сигурно нема да го заинтересира толку колку аквадуктот, скупи, чаршијата, калето, матка, пантелејмон и слични обележја на Скопје, кои ги импресионирале патеписците низ вековите.
     
  3. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Да, да штета е... Иначе во близина одма има Касарна и Авиони, и местото е малце морничаво..
    Доцнотермално Римско лекувалиште, Банско, Струмица
    Римјаните преку нивните градежни активности оставиле видливи траги во ова подрачје. Еден од најрепрезентативните докази за тоа е објектот на доцноримското термално лекувалиште во Банско, на 12 км југоисточноно од Струмица, под падините на планината Беласица.
    [​IMG]
    Објектот ги користел термално-минералните води на изворот Парило, кој се наоѓа педесетина метри југозападно од бањата. Капацитетот на изворот е 42л/с, што е доволно за снабдување и квалитетно опслужување на бањата.

    Лековитоста на водата со температура од 72оC, уште одамна забележана од Римјаните, е благодет кој е користен и во подоцнежните периоди. Денес на ова место постојат повеќе угостителски објекти коишто обично ги користат лековитите својства на водата.
    [​IMG]
    Во бањата досега се откриени 11 простории со вкупна површина од 623 м2. Зачуваноста е најизразена во просторијата што служела како сауна, каде што се наоѓаат еден крстовиден и еден полукружен свод, како и во просторијата која што служела како фригидариум - базен со ладна вода со зачувана полукупола над кадата. Кај останатите простории зачувани се почетните партии од сводните конструкции. Исто така, во сите откриени простории целосно се зачувани подовите градени од тула и малтер.
    [​IMG]
    Останал и комплетниот систем на подното и ѕидното затоплување со сите негови елементи. Во двата големи базени зачувани се подовите и ѕидовите, а од посебна важност е тоа што доводните и одводните канали сеуште функционираат. На објектот се констатирани три градежни фази и неколку помали интервенции во секоја фаза одделно. Судејќи според начинот на ѕидањето и археолошкиот материјал, бањата е подигната во 3 и 4 век.
    [​IMG]
    Треба да се спомене и објектот во самиот центар на градот, таканаречен Мачук, каде се откриени основи на објектишто припаѓаат на доцната антика. Со оглед на местоположбата, големината, архитектонската концепција на просториите и остатоците од ентериерот; мозаиците и фрескоживописот, може слободно да се каже дека станува збор за урбана палата меѓу 4 и 6 век. Со тоа се прошируваат и надополнуваат сознанијата за доцноантичка населба подигната во стариот дел на Струмица, каде што се одвивал непрекинат културен и духовен живот. Временскиот, односно културолошкиот континуитет уште еднаш се потврдува преку просторната димензионираност на цивилизациската присутност во овој крај.
     
    На Aristokrat и Saladin им се допаѓа ова.
  4. Jericho

    Jericho Староседелец

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    355
    Допаѓања:
    465
    Тоа во близината не е касарна, туку е спортски аеродром Стенковец. Локацијата му е идеална и не смета никако на локалитетот, а за римскава бања во Струмица, повторно ќе речам, недоволно експлоатирана и недоволно се искористени нејзините капацитети, од другата страна на границата бугарите имаат нешто слично вакво, таму тие бањи работат во полн капацитет и не може да се дојде на ред. А каде што има странски туристи, таму лежат и парите и живнува целото стопанство поврзано со одржувањето на туристичкиот капацитет.
    ПС извини ако малце ти ја тролам темава со тоа колку се запуштени локалитетиве, ама мислам дека не е многу оф топик ова :D
     
  5. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    STIBERA

    Ostatocite od gradot Stibera le`at na 16 km zapadno od Prilep, nad vlivot na rekata Blato vo Crna Reka (Erigon). Za gradot najstar e podatokot na Polibij, a podetalni podatoci za nego davaat T. Livij i Strabon, koj veli deka Stibera le`i na rekata Erigon i mu pripa|a na Deriopite. Od starite itinerariumi se doznava deka Stibera le`i na patot Stobi-Heraklea. Vo Tabula Poitingeriana stanicata Stibera e ispu{tena, me|utoa kaj geografot Ravenacki taa e zabele`ana kako Istubera po ovoj redosled: Eristion, Ceramij, Istubera, Heraklea. Prvite arheolo{ki istra`uvawa gi izvr{il N. Vili} vo 1924 god. podetalni podatoci za postoewe na golema anti~ka naselba se dobieni so arheolo{kite iskopuvawa vo 1953 god. izvedeni od Arheolo:kiot muzej na Makedonija. Od osumdesetite godini na minatiot vek Zavodot i Mizejot Prilep izveduva arheolo{ki istra`uvawa na otvorenite punktovi i vr{i konzervatorski intervencii vrz ostatocite od otkrienite gradbi.
    So arheolo{kite istra`uvawa na ridot Bedem otkrieni se delovi od gradskiot helenistiti~ki bedem, hramot na boginkata Tihe i delovi od kompleksot Gimnazion. Gradskiot helenisti~ki bedem, ~ii ostatoci se otkrieni vo severniot i zapadniot del od ridot, e yidan od kr{en lokalen kamen vo suvoyid, so {ir. 3,00 m. Hramot na boginkata Tihe, za{titni~ka na gradot, se nao|a na zapadnata strana na ridot, na edna od terasite koi strmno se spu{taat od istok kon zapad. Solidno e izyidan, so masivni yidovi od kr{en kamen, tuli i varov malter so dimenzii 10h10 m. Ima centralna polukru`na ni{a vo isto~niot i bo~ni ni{i vo ju`niot i severniot yid, vo koi se smesteni darodavni natpisi. Vo hramot se najdeni portretni bisti na Orest i Filoksen tatko i sin, zaslu`ni gra|ani na gradot Stibera i luktna skulptura na bogot Bahus dete. Natpisot vo centralnata ni{a govori za obnova na hrmot vo II vek n. e., odnosno vo 126 god., so sredstva podareni od Antestija Fuska.
    [​IMG]
    Na najniskata terasa koja blago se spu{ta vo ramniot del od ridot “Bedem” kon rekata Blato, iskopani se del od ostatocite od kompleksot na javnata gradba Gimnazion. Od nego se istra`eni objektite peristil so atrium, polukru`na eksedra, heroon i temenos, koi zafa}aat prostor ssa 1000m2. Gradbite se yidani od kr{en kamen i tuli povrzani so varov malter, pokrieni so teguli i imbreksi. Vo objektite heroon i temenos, koi od isto~nata strana le`at vez ostatocite od helenisti~kiot bedem, se otkrieni najgolemiot broj na mermerni spomenici so natpisi i kultna i portretna mermerna plastika. Vo Stibera se najdeni 28 spomenici so natpisi i imiwa na efebi, imiwa na bogovi i imiwa na donator, kako i 27 statui od kultna i portretna plastika. Od kultnata mermerna plastika se otkrieni statyi na bogovite Asklepij, Hermes i Bahus, a od portretnata statui od tipot na herkulanki, na ma`i kosmeti, torza od efebi, edna imperatorska i edna statua na makedonijarh gra|anin na Stibera. Mermernata plastika pripa|a na raniot rimski period. Od dvi`niot arheolo{ki material naj~esti se naodite od fragmenti od kerami~ki sadovi od makedonsko-helnisti~kiot period i raniot rismki period, zastapeni preku reljefna keramika ukrasena so antopomorfni i floralni ornamenti, kako i nekolku fragmenti od tera sigilata. Najzastapeni se reqefnite ~a{i, pomali ~a{i so edna ili dve dr`alki, plitki ~inii na prstenasti dna i kantarosi.





    Po~etocite na formiraweto na gradot Stibera se vo makedonsko-helenisti~kiot period – IV vek p.n.e. Svojot procut go do`iveal vo II vek n. e. koga e vr{ena najgolemata obnova na objektite vo nego. Gradot od svoite redovi dal ~etiri makedonijarsi, eden vo krajot na II vek n.e. Septimij Silvan Likon, i tri vo po~etokot na III vek n.e. Septimij Silvan Klovdijan, Septimij Silvan Nikolaos i Septimij Silvan Keler. @ivotot von ego zgasnal vo vtorata polovina na III vek n.e. odedna{ i nasilno, a pri~inite za toa se u{te se nepoznati. Vremeto se sovpa|a so ograbuva~kite pohodi na Gotite i Herulite koi vo dva navrati pusto{ele vo ovie krai{ta.[​IMG]
     
  6. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Касарна Илинден е таму кај Аквадуктот, Стенковец е малце погоре во близина на Горно Оризари.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Jericho му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Jericho

    Jericho Староседелец

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    355
    Допаѓања:
    465
    На илинден си мислел ти, ок, пошто спомна авиони затоа мислев дека на стенковец мислиш
     
    На Hip.Hop_MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931

    Ахам Касарна Илинден.. :)
    Македонски тип гробница од Старо Бонче

    Археолошкиот локалитетот Павла Чука се наоѓа помеѓу селата Подмол и Бонче. Станува збор за гробница од македонски тип, која според архитектонската концепција е единствена.
    Составена е од отворен дромос вклесан во карпа кој во вид на рампа се спушта во гробницата; потоа следува засводениот дел од дромосот со должина од 11 метри и висина од 3 метри. На почетокот на засводениот дромос од двете негови страни откриен е ѕид кој во вид на прстен ја окружува целата гробница.
    [​IMG]
    Ѕидот е составен од три реда монолитни блокови со 1,5 метри висина. Дијаметарот на овој ѕид е 32 метри, а вкупната должина на ѕидот би изнесувала околу 100 метри. Засводениот дел на дромосот и ѕидот кој ја окружува гробницата се ѕидани од монолитни гранитни блокови со правоаголна форма, а некои од нив достигнуваат тежина и до 2 тона. Мајданот за овие монолитни блокови се наоѓа на околу 800 метри јужно од гробницата. Тие во аморфни форми се носени до гробницата, а потоа се доработувани на самото место. По засводениот дел на дромосот констатирани се преткомората која има димензии од 1,5 x 3,0 метри и комората со димензии од 4,0 x 3,0 метри, со зачуваната висина од 2 метри. Комората и преткомората се направени од прецизно сечени блокови од бигор со правоаголна форма со димензии 0,50 метри висина, а должината е меѓу 0,80 и 1.20 метри.
    [​IMG]
    Зачувани се и два мермерни прага преку кои од засводениот дромос се влегувало во преткомора и комората, а на кои стоеле двокрилни врати. Во предниот дел и надвор од дромосот, поточно источно и западно од дромосот, откриени се 8 детски гробови кои според монетите откриени во нив може да се датираат во крајот на IV и V век.
    [​IMG]
    Според позицијата на овие гробови, може да се заклучи дека гробницата била ограбена и разградувана уште во антиката. Во отсуство на материјал од времето кога е изградена гробницата, околу датацијата можеме да се потпреме на архитектурата. Имено, аналогни гробници со овој тип на свод најрано се датирани по средината на IV век пред н. е., односно повеќето кои работеле на оваа проблематика се согласни дека овој тип на свод на македонските гробници започнува да се применува по освојувањата на Александар III Македонски.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Ouroboros, Aristokrat, Saladin и уште 2 други им се допаѓа ова.
  9. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Античка астрономска опсерваторија Кокино


    Мегалитската опсерваторија Кокино се наоѓа во североисточниот дел на Мекедонија, во близина на границата со Србија. Таа се наоѓа во атарот на селото Кокино, на границата со селото Арбанашко. Целиот регион денес е ретко населен, така што во десетината околни села живеат помалку од 1000 жители.
    [​IMG]
    Според димензиите и изгледот, локалитетот се разликуваше од сите дотогаш видени археолошки наоѓалишта. Локалитетот зафаќа површина од околу 5000 м2 скалесто поставен на две платформи веднаш под планинскиот врв Татиќев Камен со надморска висина од 1013 метри.
    [​IMG]
    На прв поглед на локалитетот доминираат камените седишта наречени тронови кои се исклесани во карпа и се поставени во насоката север-југ. На тој начин човекот кој седи на еден од троновите е свртен кон источниот хоризонт, со што, кај археолози се јавила идејата дека можеби на тој начин биле набљудувани небесните тела.

    [​IMG]
    Во поширокиот регион регистрирани се голем број на археолошки наоѓалишта од неолитскиот до средновековниот период. Тоа значи дека целиот регион има историја во должина од најмалку 6000 години преполна со значајни населби, светилишта, настани и личности.

    Патем имате ли посетено некој локалитет, што научивте, што видовте-слободно постирајте слики! :D
     
    На parvati му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Тумба (Маџари)


    Тумба е археолошки локалитет во скопската населба Маџари. Локалитетот претставува населба од неолитското време. Се наоѓа на североисточниот крај на Скопје, во просторот меѓу населбите Маџари и „Ченто“, непосредно до фудбалското игралиште, на околу 700 m од левата страна на автопатот Скопје-Куманово-Велес. Претставува мала височинка - тумба со пречник во основата од 220 m и висина од 3 m. Во годините до земјотресот (до 1963), иако користена за земјоделски потреби, таа била лесно впечатлива, дури и доминантна во овој дел од рамното поле. Подоцна, со изградбата на споменатите населби, а особено со неконтролираното подигање на дивоградби врз и околу неа, создаден е нов амбиент во кој тумбата дури и не се забележува. Освен тоа, со градежните работи културниот слој бил доста оштетен, а со лоцирањето на куќите речиси повеќе од три четвртини од просторот е загубен за секакви научноистражувачки работи. Со оглед на загрозеноста на локалитетот, во 1978 година Музејот на Македонијаизвршил пробно заштитно ископување. Било констатирано дека се работи за остатоци од повеќеслојна населба, со културен слој од 3 m во кој се разграничуваат три хоризонти на живеење од времето на средниот неолит, која културно ѝ припаѓа на културната група Анзабегово-Вршник (II-IV). Од 1981 година започнуваат систематски ископувања за откривање и проучување на последниот хоризонт на живеење, во северозападниот сегмент на тумбата, кои во мали работни кампањи ќе продолжат сè до 1990 година. Истражен е простор од околу 1.400 m² во кој се откриени урнатини и основи од 7 објекти од кои 6 се живеалишта, а еден светилиште. Сите биле надземни, со правоаголна или четвртеста основа, градени од масивна дрвена граѓа и кал. Речиси во секој објект се најдени остатоци од огништа, печки и многу голем број предмети од материјалната култура. Секако најзастапени се керамичките садови кои покажуваат широка типологија како на облици така и на декоративни мотиви изведувани во техниките на барботин,импресо и бихромно сликање (кафеава врз црвена основа). Во орнаментиката кај поголем дел од садовите, покрај технолошките и ликовно естетските вредности, присутна е одредена симболика (дожд, клас од жито, вода) поврзана со секојдневните преокупации на неолитскиот човек. Покрај керамиката, значајна е и откриената култна пластика, посебно антропоморфната, која ликовно е ослободена од старите традиционални шаблони. Големата Мајка Божица - заштитницата на плодноста, е претставена на начин што засега е непознат меѓу неолитските култури од другите балкански простори. Таа е божица со наративна иконо¬графија која е збогатена со палеоетнографски содржини.


    [​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG]
     

Сподели: