1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Антипатичност

Дискусија во форумот 'Здравје и состојба на духот' започната од Marick14, 11 август 2012.

  1. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Што е антипатичност?
    Кој ви е антипатичен?
    Дали луѓето без социјална интелигенција се антипатични?
    Како се однесувате кон луѓето што ви се антипатични?
    Дали антипатијата може да се развие во омраза?
     
  2. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Антипатичност е чувството кое го добивате кога некој човек ви е одбивен. Може и да не ја знаете точната причина зошто го добивате тоа чувство кога сте во близина на тој човек, или пак и некогаш, кога само ќе го слушнете неговото име. Сепак, нешто ви смета кај тој човек. Најчесто, ја знаете точната причина зошто го добивате тоа чувство. Ви смета како тој се однесува кон вас, или пак, кон другите. Одбивен ви е поради нешто што има направено против вас. Поради тоа, може да прерасне антипатичноста во омраза. Може некој да ви биде одбивен од физичка причина, може тој човек смрди и ви смета, на пример. Која и да е причината, најдоброто решение е да стоите подалеку од тој човек кој го буди чувството на одбивност во вас.
     
    На JaMi, WomanInRed и Marick14 им се допаѓа ова.
  3. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Антипатични ми се лица без самосвест,без трошка самодоверба или пак со преголема самодоверба па дури и за работи од кои немаат осносно познавање.
    Антипатични ми се суетни луге,и луге што не прифакаат критика.

    А околу она што е антипатичност се согласувам со Песинџер.
    Јес да некој може да ми стане антипатичен со неговото однесување кон мене,но секогаш давам шанса да увидам каков е и со другата околина.Не сакам да имам погрешен впечаток.Но никогаш барем до сега не ми стигнала антипатичноста према некоја личност до степен на омраза.
     
    На JaMi, Lady*, WomanInRed и уште 3 други им се допаѓа ова.
  4. TIGERWOMAN31SK

    TIGERWOMAN31SK Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 јули 2012
    Мислења:
    822
    Допаѓања:
    699
    90 посто од работите и највеке луѓето ми се антипатични,нема шо да дефинирам
     
  5. mila mila

    mila mila Истакнат Член

    Зачленет на:
    31 март 2012
    Мислења:
    192
    Допаѓања:
    154
    Антипатични ми се луѓе кои се фалбаџии,за се нешто сакаат да се пофалат,ова правеле она правеле.
    Мислам тогаш ми се превртуваат цревата кога ги слушам.(puke)
    Или сезнајковци,ова знаел она знаел.Баш ме замараат такви луѓе.
     
  6. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    Антипатични ми се досадни и негативни личности...
     

Сподели: