Антиквитети

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Поимот антиквитет преставува предмет кој датира од постаро време како сведок на човековата цивилизација.Пзарната цена на атиквитетот е повисока од истиот предмет направен во поскоро време.Било кој производ или предмет може да стане антиквитет во зависност од општествената прифатливост и со тоа значи дека тој производ има цена на пазарот.
Ја отварам темава испирирана од престојот во француските дворци,кои ме воодушевуваат со предметите со атиквитетна вредност во стилот на Луј 14,Луј 15 и Луј 16(мебел,лустери,лампи,свеќници,саатови,слики...)
Ме интересира дали знаете кај нас кои предмети имаат најголема антиквитетна вредност,каде има активарници (освен во стара чаршија и пред гтц на една тезга).
Дали поседувате атиквитети,дали собирате и дали мислите да ги продадете или да ги сочувате и предадете на следната генерација во вашето семејство.
Можете да поставувате и слики од вашите антиквитети(претпоставувам дека поседувате стари предмети од вашите баби и дедовци )
(ненајдов дека ја има темава,ако случајно налетате на слична пријавете ја)
090720124926.jpg090720124927.jpg090720124929.jpg090720124930.jpg110720124980.jpg130720125145.jpg130720125129.jpg130720125144.jpg240720125307.jpg
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Има уште најмалку две што сум ги видел по Скопјето, ама ај од септември коа ќе се вратам и ќе се рашетам убаво ќе ти ги дадам точните локации ако си заинтересирана за старини.

Инаку за мене старите предмети немаат некоја посебна важност освен за чисто да се има преглед кон развитокот на одредени предмети и поглед кон тогашното уредување и сфаќање. Не би им придавал материјална вредност, туку си ги чувам за себе. Имам неколку предмети од турско време и имав најдено едни монети од античко време покрај Вардар ама којзнае каде фатија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Сум против за поседување на антиквитети во домашен амбиент, затоа што историската вредност на секој еден таков предмет е непроценлива и треба да има свое место во музејот. Сепак, ако тој предмет седи во хангарите на еден музеј добива далеку полош третман отколку да биде во нечиј дом третиран со голема љубов од сопственикот. Но за битните артефакти сметам дека нема никој право да ги жигува со своето име и презиме на нив.
Во контекст на воведот, кај нас сепак слабо стоиме во продавници од таков ков. Ако би ги исфрлиле сите овие што JaMi ги спомна горе, можеби би ја додал и онаа на рекорд „Безистен“, но сепак сметам дека тоа е ништо што може да понудиме. Како за пример го земам градот Котор (туристички центар) има 5-6 продавници од посериозен ков.
За поседување, немам некои предмети кои имаат висока антиквитетска вредност, но сепак има „фамилијарна“ што е пренесувано од колено на колено.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and JaMi

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
јас лично сакам да ги собирам и да си ги имам дома...на пример колку е убаво да имам дома грамофон (inlove) и да си слушам плочи на него...мене лично ми причинува задоволство...а за следните генерации...шо им приуштува задоволство тоа нека си бараат :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and JaMi

Kiril

Активен Член
24 јуни 2012
181
127
43
35
Струмица
Неколку антиквитети кои добро се зачувани и сеуште се центар на вниманието во мојата кука поседувам и јас. Ете на пример Nightmare_f можеш да дојдеш на гости и да ти пуштам некоја плоча да слушнеш :p
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nightmare_f