Аниме

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
нешто во стилот на ДБЗ/Наруто.

Bleach или One Piece.

Доколку сакаш подлабока приказна, а и доста појако од твоите ( ДБЗ и Наруто), земи читај One Piece, има околу 700 чаптери и сега ќе е на пауза до Нова Година. Што значи сеуште е ongoing, впрочем сите се освен ДБЗ. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: IronMan

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
TheQueen

Стави голем акцент на тоа како се створиле титаните и кој ги изградил ѕидините. Почни да читаш мангата да ти стани појасно, барем онака од своја перспектива. :)

Мене лично последните неколку чаптери ми здосадија ја ставам на Onhold, а една од најдобрите манги и аниме беа... впрочем анимето си е супер, иако има кратени сцени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheQueen

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
TheQueen

Стави голем акцент на тоа како се створиле титаните и кој ги изградил ѕидините. Почни да читаш мангата да ти стани појасно, барем онака од своја перспектива. :)

Мене лично последните неколку чаптери ми здосадија ја ставам на Onhold, а една од најдобрите манги и аниме беа... впрочем анимето си е супер, иако има кратени сцени.
Тоа не е објаснето во серијата.:)
Еве ја и ветената анализа:
Chu - Bra!
Може да се каже дека е најчудната серија која ја имам гледано. Не дека ја мразев, но не е совршена. Темата е глупава, но затоа е интересно. Има и некои многу емотивни моменити (ги исплачав последните неколку епизоди иако не плачам многу на филмови). не можам да ја наречам серијата просечна, бидејќи просечно значи ништо посебно, а не може да се каже дека оваа серија не е посебна. Благо перверзна серија.
Chu-Bra!!%20-%2012.png


Приказна - На првиот ден во новото училиште, Нају се засрамува пред сите со тоа што се чувствува неудобно затоа што носи некакви си неудобни гаќи. Сите ја гледаат како чудна. Наскоро таа запознава две другарки. Учениците треба да се одлучат какви клубови ќе посетуваат. Нају со дргарките решава да отвори клуб за долна облека (ама глупава приказна).
Сеедно. Забавно е. Иако темата е :x катастрофално глупава.
Има и некоја си комедија...
Ликови -
Нају - Девојче опседнато со долна облека и сака да им помогне да другите девојчиња да изберат соодветна долна облека. Не се срами од тоа. Енергична, забавна и добра личност.
Немам некое мислење за неа. Не е некој одличен лик, но е добра за главен лик од ваква серија, иако нејзината личност не е многу оригинална (но оригиналноста на приказната го покрива тоа).
Јако - Девојче на исти години со Нају,но физички помало. Машкуданка. Тајно опседната со нејзините мали гради. Тренира кендо.
Харука - Срамежливо девојче кое е физички голема и развиена за својата возраст. Опседната со нејзините големи гради.
Ама ликови...Нешто не е во ред со серијата...
Амахара - Девојка на возраст на Нају која се однесува премногу „како возрасна“.
Анимација - Добра. Според мене, ништо не и фали. Изгледот на ликовите не е лош.
Внимание: Оваа аниме е ечи, што значи дека содржи перверзни работи и многу перверзна комедија.
Не сум обожавател на ечи. Но, тоа се совпаѓа со мрднатата тема.
Музика - Просечна, но заразна. Додека ја гледав серијата, песната цело време ми се вртеше во главата. Еве ја песната:
Еве ја и the ending song:

Од мене, 7/10.
Не е за секого, темата е глупава, но дефинитвно е оригинална и забавна.
Следна анализа, Black Lagoon,
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Black Lagoon
Ова се вика вистинска акција...:zelen
black%2Blagoon%2B3.jpg

Приказна - Рокуро Окаџима e човек кој пренесува д. окументи за неговата компанија, но кога платува, неговиот брот е нападнат од пирати (не класични пирати). Откако е киднапиран, за негово разочарување дознава неговиот работодавач е загрижен документот да не падне во погрешни раце, колку и да го чини тоа. Така тој дознава дека неговата кариера е уништена, па решава да остане со пиратите и да биде дел The Lagoon Company.
Серијата го следи животот на Рок (Рокуро) и пиратите, животот на криминалците и тоа како се чувствуваат тие.
Потоа има и втора сезона која е слична на првата и трета кратка сезона од 5 епизоди која се фокусира само на еден случај.
Ликови
Рок - Нормален човек чија кариера е уништена и решава да биде дел од пиратите. Тој никогаш не станува како другите пирати, сеуште ја има задржено својата човечност и најубаво гледа се. (На сликата, лево).
Реви - Лесно и доаѓа преку глава, а кога тоа ќе се случи, пријателе, ти нема спас. Мојот омилен лик во серијата.(На сликата, во средината)
Родена е во Кина, пораснала во Америка. Живеела во лошо семејство и немала услови за живот.
Дач (мислам дека така се чита) - Еден од пиратите. Не е многу објаснет (или јас не се сеќавам многу на него). Но, изгледа како искусен. (на сликата, десно).
Бени - Член на The Lagoon Company, како хакер. Онака, нормален весел човек. Нема многу за него.Еве и слика:
Benny.003-1xd2r49.jpg

Други ликови: Роберта, Балалика...
Анимација - Одлична. Како што реков порано, оваа серија има одлична акција, а и изгледот на ликовите не е лош.
Всушност, ова е една од сериите со најдобра акција кои ги имам гледано. Па, ако се обожаватели на акција, гледајте.
Музика - Мене ми е супер, а и на повеќето луѓе:
Па така. Ми се допаѓа тоа што не е се претставено црно - бело, тоа што нема „добри“ и „лоши“.
Од мене:
9/10
Минус за тоа што дел од ликовите не се доволо опишани и не знаеме многу за нив.
Следна анализа, Death Note.
Е па, чао.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kaarikuto

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Зш бе никој нема на темава?
Ако, ќе чекам.
Death Note
Death-Note-death-note-16487779-1680-1050.jpg

Ова е една одлична серија. Па, затоа мислам дека заслужува една анализа.
А не ми се верува дека прво ја избегнував и не сакав да ја гледам. Дури и пред да почнам со прата епизода, не се надевав на многу. А сега и не знам зошто брз незаитересирана и одлучна во мојата незаинтересираност.
Е па, ајде да почнам.
Приказна - Јагами Лајт е е средншколец, најдобар во својата генерација. Тој има идеали за свет без зло. Еден ден, тој добива шанса да ги исполни тие идеали. (И еве го вториот Хитлер) Тој на патот наоѓа тетратка на која пишува Death Note. Тој ја отвара и внатре наоѓа прирачник за користење. Таму пишува дека ако нечие име биде напишано во тетратката, таа личност ќе умре. Но, тоа ќе се случи само ако тој што пишува ја има видено личноста која треба да умре. Му се појавува и Death God, вистинскиот сопственик на тетратката, оној кој одлучува за животот и смртта. Постојат и други богови и тетратки на смртта.
Татко му ма Лајт работи во полиција, па така тој има пристап до неговите податоци. Лајт решава да убива криминалци со тетратката. Тој од народот е наречен Кира (KIller; Убиец). Некои луѓе го следат и се согласуваат со него, но има и луѓе кои не мислат баш така.
Никој не знае кој е Кира. Но, случајот со Кира го вознемирува детективот Ел (ако точно се сеќавам), па и тој со неколку други луѓе работат на случајот. И се друго е спојлер, па затоа нема да го кажувам.
Според мене, целата приказна е одлична и серијата е интересна од почеток до крај. Некои мислам дека после
смртта на Ел
серијата станува досадна, но јас не би се согласила.
Ликови
Јагами Лајт(Yagami Light, читај го зборот Yagami од назад па напред на друг начин и ќе излезе Yagami) . Главен лик во серијата. Тинејџер кој негува болни идеи. Инаку, одличен лик е, иако не се согалсувам со неговите болни идеали.
Ел - Најомилениот лик на повеќето луѓе, а и јас мислам дека е одличен лик. Чуден, необичен, со специфичен начин на седење, движење, држење на предмети. Но, премногу интелигентен, иако така не изгледа.
Амане Миса - Ја мразам. Подосадно нешто од неа - здравје. Инаку, девојка на Лајт (која исто така поседува тетратка на смртта).
447-death-note-wallpaper-1680x1050-customity.jpg


Други ликови: Мело, Near, татко му на Лајт, Такада и други не ми текнуваат.
Анимација - (y)
Музика - Исто така (y).
Првата песна е одлична според мене (а и многу други):
Еве ја и првата ending song, која исто така ми се допаѓа:
Втората песна е необична, чудна и забегана, но кога ќе се навикнеш на неа, па и не е толку лоша.
Втората ending song:
И мојот омилен Soundtrack:
Од мене, 10/10. Би дала и повеќе од тоа кога би можела.
Следна анализа: Nana
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kaarikuto

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Nana
Nana_Wallpaper_by_KawaiiDanyChan.jpg

Еве ја и следната анализа. Добро, не е лоша сЕеријата, но ОНИЕ сцени се премногу, сепак се премногу.
Приказна - Нана Комацу е слатка, наивна девојка која решава да ја напушти работата, да побегне од дома да оди во друг град, кај дечко и. Во автобусот, таа среќава друга девојка на нејзина возраст, со исто име, но назличен карактер. Нана Осаки е панк или рок пејачка, која патува кон истиот град.
Кога стигнуваат и одат да бараат соба, повторно се среќаваат и се караат кој да го земе станот. Решаваат да го делат станот. Така тие стануваа добри пријателки.
Да не беа певерзните сцени ќе беше супер.
Ликови
Нана Комацу - Наивна (па и глупава) девојка. Слатка, женствена...бла бла. Ги менува дечковците како чорапи.
Нана Окаки - Посериозна, „покул“ и попаметна од онаа првата Нана. Пејачка во група која ја започнува својата професионална кариера.
Други ликови, Рен, Шоџи, Taкуми, Џунко, Лејла, Нобу...
Анимација - Добра, иако стилот е повеќе корејски отолку јапонски.
Музика - Исто така добра. Еве и видеа:
Од мене, 8.5/10
Се извинувам затоа што е кратка анализата, но мојот мал братучед е овде и ми досадува.
Следна, Blue Dragon.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kaarikuto

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
И еве ја првата аниме серија која ја изгледав:
Blue Dragon
557671-640x500.jpg

Ова е детска шонен аниме серија...
Ја даваа на телевизија пред неколку години. А јас имам мал братучед кој многу време поминува гледајќи детски програми. Па, така и мене ме навлече. Потоа цело лето бев опседната со серијата и само неа ја гледав. Има 51 епизода, а мислам дека ја имам изгледано серијата над 15 пати. И јас не знам зошто... Но, може да се каже дека ми е омилена детска шонен серија.
Секако, тогаш и не знаев што е аниме.
Приказна - Многу одамна, се создала светлината. Така почнач да постои светот... Тоа било времето на големиот напредок. Но, чвекот бил незадололен од светлината. Тие не сакале само светлина, туку и мрак. Нивната желба била исполнета и темнината се појавила и навлегла длабоко во срцата на луѓето. Седумте војници на светлината (ако така се викаа) ја победиле темнината. Но, сега таа се враќа.
Ова е легендата за настанокот на светот.
но подоцна се докажува дека не е вистина
Шу е нормално момче кое живее со своите пријатели. Може да се каже дека е прилично глупо момче (како и во секоја шонен аниме серија). Тој слушнал дека The Knight Master ќе дојде во нивното село. Тој и пријателите не знаат кој е всушност the knight master, па затоа решаваат да ги удараа луѓето со дрво, па оној кој нема да дозволи да биде удрен со дрво, ќе биде вистинскиот. Така по патот поминува едно момче, па Шу сака да го удри и него. Но, момчето забележува и за да му покаже да Шу who's the boss, почнува да ослободува некаква си моќ. Тогаш доаѓа една девојка и се извинува во име на момчето.
Шу решава да ја удри и неа. Таа со мечот го сече дрвото и Шу помислува дека таа е вистинската. Но, таа вели дека тоа не е точно. Го прашува на Шу што би направил за повеќе моќ.
Подоцна, селото на Шу е нападнато од „лошите“ (заборавив како се викаа, но ај ќе ги викам „лошите“). Шу си мисли дека би било прекрасно да има повеќе моќ... и...сенка во вид на син змеј се појавува од него. Тој е еден од наследниците на воините на светлината. Девојката и момчето, Зола и Џиро му објаснуваат што е тоа и дека и тие двајцата се наследници. Заедно тие тргнуваат на патување, со нив доаѓа и пријателката на Шу, Клуке.
И така тие тргнуваат во потрага по сите седум наследници...

На крајот станува интересно.
Ликови
Според мене, најдобар лик е Зола.
Шу - Има ли потреба да објаснувам. Па нормален, шонен главен лик. Глупав, но добра личност. Спремен да направи се за своите пријатели...
Зола - Мистериозна девојка за која не се знае многу на почетокот. Но подоцна се дознава која е таа. Таа ги води сите наследници. Знае многу и има многу пари.
Џиро - Нешто слично како Вегета од DBZ. Горделив, секогаш мора тој да биде најдобар. Намќор.
Мару-Мару - Весело мало суштество. Или подобро, перверзно мало суштество.
Букет - Најслаба од сите. Заљубена во Шу. Па и глупава како Шу.
Клуке - Најдобрата пријателка на Шу. Слатка, нормална...
Ликовите се повеќето клише и не се знае доволно за нив.

Анимација - Изгледатјте една епизода и сигурно ќе забележите дека пропорциите се тотално зафркнати. Главите на ликовите се ОГРОМНИ во однос на телото. Исто така, една информација: дел во оваа серија има Акира Торијама, The Creator of DBZ.
Но, затоа пак, изгледот на ликовите е супер.
Музика - Па и не е лоша. Еве нешто:
.
Од мене, 8.5/10 иако повеќето би рекле дека не заслужува толку.
Следна анализа, Black Butler.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kaarikuto

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Претпоставувам си помала од мене? :)

Затоа што јас пораснав со Драгонбол, Дигимон, Покемон, YU-GI-OH, Бејблеј (со вртимушките мислам така се викаше?), па и на крајо Наруто..
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Претпоставувам си помала од мене? :)

Затоа што јас пораснав со Драгонбол, Дигимон, Покемон, YU-GI-OH, Бејблеј (со вртимушките мислам така се викаше?), па и на крајо Наруто..
Да, помала сум од тебе. Но, јас не пораснав со Blue Dragon, туку со Пепелашка, Том и Џери...