Амајлија

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Не сум имала некоја посебна амајлија за да ја чувам или како што се мисли,таа да ме чува.
Но знам понекогаш да помислам дека одредено парче накит ми има некакво си значење :D
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Амајлија никогаш сум немала и не верувам дека би ми била од корист и да ја имам.
Тие што си имаат и што си ја носат нека им донесе среќа, мене сеедно ми е а со нејзе, а без нејзе среќа немам : )
Него, кога ја видов темата се сетив на една амајлија која прво ја видов како се продава со тони на Бит пазар, па после и кај неколку новороденчиња. Иако имам читано повеќе сценарија за таа амајлија и од кои повеќето кажуваат дека уствари ја користат муслиманите, не ретко среќавам и наши мајки им ги закачуваат на бебињата да ги чувала од уроци.
Се работи за амајлијата Назар или окото на Назар-ѓаволовото око.
nazar-300x300.jpg

Иначе приказните за моќта на оваа турска амајлија се приближно вакви.
Порано имало некоја карпа која никој не успеал да ја помести ни урне, па кога дошол некој човек кој на себе го носел Назар карпата сама по себе распукала и се распаднала.
Исто и бебињата кои се разболувале а не знаеле од што, болеста ја нарекувале Назар, ја закачувале амајлијата на бебето и кога таа ќе пукнела или ќе се скршела верувале дека бебето е заштитено и дека амајлијата го победила злото.
Верувале дека ово ѓаволско око ги штити од несреќи и уроци, но исто и дека привлекува и пофалби.
Гледам и девојки го носат како ланче или нараквица, како моден детал, а доста и си го носат и како амајлија.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Амајлиите те луѓето кои даваат амајлија да штити некого работат со потсвеста на човекот кој ја добива таа амајлија.
Секогаш кога тој што ја има амајлијата помисли на проблемите кои ги има помислува на тоа дека амајлијата го штити од истото.
Во истиот момент се чувствува заштитен од амајлијата и вербата дека му помогнала му помага да го надвладее тоа што го мачи во моментот.

Имав една,ја добив некогаш и ја изгубив(најверојатно затоа што ми беше неважна да ја чувам).
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Човек може и сам да си направи талисман. :)
Ако две пијачки ве прават доволно силни да замините и да и кажете на девојката дека ви се свиѓа, зошто не и еден талисман да има било каква моќ за вас :)
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
сега не носам, некако не ми се верува баш дека штити од некое зло... инаку како мала имав купено од крстова гора ( бугарија ) една амајлија и ја носев после тоа ја изгубив некаде, и толку од неа и воопшто од амајлиите
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: goodgod

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Пред една година дечко ми даде една амајлија, тој ден требаше да ме примат во болница, за едно 2 дена морав на операција...среќа успешна беше, одтогаш сегде ја носам со мене, дали на рака, дали во ташна...
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Дедо ми, Бог да го прости, прад да падне скроз ми поклони еден убав привезок рачно изработен златен крст со Исус Христос. Фамилијарна вредност...
Долго време го носев, но ниедно ланче да ми потрае и сите ми кинеа, а крстот стално некако успевав да го спасам и да го најдам...
Сакам да го носам, спомен ми е од еден многу добар и позитивен човек...:(