Алшар - мистерија или непроценливо природно богатство?

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Алшар- Мистерија или непроценливо природно богатство?

alsir.jpg-240.jpg

Ова мало парче земја својата убавина и вредност ја потврдува гордеејќи се со сето она што може да се најде на нејзино тло.

Алшар е рудник на планината Кожуф во кој за првпат е откриен талиумовиот минерал лорандит.
Денешното име на рудникот е кратенка од првите букви на имињата на луѓето што управувале со него во првата половина на 20 век: Алатини, француско банкарско семејство и Шарто, рударскиот инженер.
Во 1986 година, тогашната југословенска власт го почнала проектот „Лорекс“, во кој биле вклучени десетина научни институции од Словенија, Хрватска и Македонија. По распадот на СФРЈ, сите активности околу рудникот се запрени.
Денес, Министерството за животна средина се обидува за Алшар да издејствува статус на заштитено подрачје.
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е токсичен. Употребуван е во електронската индустрија и за изработка на стакло. Исто така е употребуван и во отров за глувци и инсектициди. Лорандит или талиумов арсеничен сулфат (TlAsS2) е минерал и за првпат е пронајден во Алшар. Крстен е по унгарскиот научник Лоранд. Лорандиот е редок минерал со кој се смета дека би можело да се дојде до бесплатна енергија.
a2.jpg-500.jpg
Се смета дека го има само во Македонија а можеби и во Шри Ланка.Во 1978 е одржана тајна седница на владата на СФРЈ на која се разговара за тоа дали рудикот Алшар да и се препушти на НАСА за да врши истражувања која наводно би го користела лорандитот за вселенески истражувања.
Во македонскиот рудник Алшар на Кожуф има и лорандит, минерал на талиумот, кој служи за да се детектира, да се лоцира неутринот, кој пак има директно потекло од Сонцето и единствено на планетата го има тука. Талиумот во Алшар, а со тоа и неутринот, по своето количество е светски, планетарен раритет. Ако се успее да се одвои неутринот од талиумот, нашата планетарна наука ќе ги разбере процесите со чија помош се генерира енергијата на Сонцето.
a3.jpg-500.jpg
Футурустички, ако во тоа успееме, човекот, буквално, ќе може да произведува мали сонца, кои по негова желба, ќе можат да се палат и да се гасат. Овој рудник во светската наука е извор за проучување на минатото и на иднината на вселената.
Рудникот Алшар се наоѓа триста метри од малото село Мајден, на во длабочината на Кожуф, во Општина Конопиште. Во неговата внатрешност се влегува низ осум широки отвори во земјата. Во него, над пет илјади години се копа злато, талиум, кристали на лорандитот, антимон кој служи за легирање на тешкото оружје и други минерали што ги има само во овој рудник. Два од осумте отвори на јамите од подземните копалишта се долги шест илјади метри со калдрма, денес многу оштетена. Познати светски геолози овој рудник го нарекуваат најчувана тајна на нашата планета. Некои него го вреднуваат и како најголема тајна на човештвото, бидејќи во неговата утроба, наводно, се криела тајната на постанокот на космосот и на Сончевиот систем!

a4.jpg-500.jpg
Рудникот "Мајден" го добил името Алшар според презимето на првите странски сопственици, Французите Алатини и нивниот инженер Шарито, кои овој рудник го експлоатирале меѓу 1913 и 1923 година. Меѓу другото, тие рудата антимон, со највисок квалитет, ја користеле за потребите на француската воена индустрија за изработка на челични цевки на топови. Антимонот и другите ретки руди од Алшар биле познати уште во времето на првите човекови цивилизации.
Лево, на двесте метри од Алшар има еден вечно зелен рид на кој не смее да стапне ниту човекова нога ниту преживари. Во земјата на ридот има талиум, отров многу поопасен и од арсенот (го има во помали количества), од кој, ако се внесе во организмот го соборува секој крупен добиток што се напасува таму.
Уште полево од Алшар и од ридот, се наоѓаат извори со топла вода, а наспроти нив, на крајот на селото Мајден, селаните експлоатираат некаков бел минерал со кого ги перат алиштата, ги мијат садовите и ги чистат сите простории во своите домови. Овој природен правкаст минерал го има во неограничени количества. Волшебниот маѓепсан терен околу Алшар, познат меѓу староседелците како Црвена Долина, е вистинска енигма за научниците.

a5.jpg-500.jpg
Тоа е исто така значаен флористички локалитет којшто се карактеризира со присуството на растителните видови: алшарска темјанушка (Viola allchariensis) и арсенската темјанушка (Viola arsenica), кои претставуваат македонски ендемити. Локалитетот, под името Алшар, е запишан во Списокот на CORINE биотопи за Македонија
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Јас мислам дека се знае веќе се во врска со овој рудник, колку само истражувања е имало, а и неможе така да го остават русите и американците, така да се знае што и како има во овој рудник, но и македонските власти знаат многу работи, но само не ги кажуваат, тоа ни го има кажано еден доктор на науки, дека кога тогаш Македонија ќе станала една од светските сили и дека таа во себе криела многу нешта... Сум чула и дека Александар Македонски со лорандинот од овој рудник ги премачкувал своите штитови кога одел во борба и така тој ги заслепувал своите противници за неколку минути и така успевал да ги убива.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
„Алшар“ ја губи заштитата, Владата го дава на концесија

Министерството за животна средина, надлежно за заштита на овој посебен локалитет, пред неколку дена во собраниска процедура пуштило закон за укинување на постојниот статус на „Алшар“ како заштитена зона. Со тоа почнува постапката за издавање на рудникот богат со ретките минерали талиум и лорандит, на заинтересирани концесионери

alsar[1].jpg

transparent.gif

Локалитетот Алшар, заштитената еколошка зона, единствена во светот со поголеми количества од минералите лорандит и талиум, чија вредност според количеството руда во рудникот се проценува на околу 1,5 милијарда евра, ќе се дава под концесија - како рудник.

Првиот чекор за остварување на оваа идеја на Владата е „Алшар“ повеќе да не биде споменик на природата. Потоа ќе се утврдува точната економска вредност на рудата на локалитетот во близината на селото Мајдан на Кожув Планина, за најпосле рудникот да им биде даден под концесија на заинтересирани инвеститори.

Министерството за животна средина и просторно планирање, надлежно за чување и за заштита на овој посебен локалитет, пред неколку дена во собраниска процедура пуштило закон за укинување на постојниот статус на „Алшар“ како заштитена зона.
Како што пишува во поднесениот закон на министерот за животна средина Абдилаќим Адеми, целта е да се искористи економската вредност на веќе утврдените постојни количества антимон, арсен и злато, со што „Алшар“ може да биде економски интерес на поголем број инвеститори. Во рудникот во близината на Алшар се проценува дека може да се искористат 20 тони злато.

Талиумот најголемиот адут на рудникот

Заштитениот статус на „Алшар“ ќе се укинува и за да се дозволи искористување на двата минерала по кои тој е особено познат и единствен во светот - лорандиот и талиумот, кои тука се наоѓаат во најчиста форма и во најголемо количество. Пред да стане заштитена зона, на локалитетот беше почната меѓународна научна експедиција „Лорекс - експерименти за лорандитот“, која прекина зашто ваков тип истражувања се забранети во еколошки локалитети.

Во „Алшар „се наоѓаат 50.000 тони руда, која содржи 2 отсто арсен, 2,5 отсто антимон и 0,1 процент талиум, што го прави рудникот најбогато и единствено наоѓалиште на талиум во светот. Талиумот, отров посилен и од арсенот, и лорандитот, како негов минерал, се единствените супстанции што можат да ги детектираат и задржуваат неутрината - вселенските честици со директно потекло од Сонцето. Ако се успее да се одвои неутриното од талиумот, науката полесно ќе ги разбере процесите со чија помош се генерира енергијата на Сонцето. Тоа ќе значи создавање нов моќен извор на еколошки чиста енергија што може да ги замени фосилните горива, чии резерви секој ден се намалуваат и кои ја загадуваат животната средина. Според досегашните сознанија, во „Алшар“ има најмалку 500 тони талиум, кој се наоѓа во лорандитот. Вредноста на килограм талиум на светските берзи е околу 5.000 евра, што значи дека резервите во „Алшар“ вредат околу 1,5 милијарда евра.

До денеска тоа богатство воопшто не е искористено. Поголема сума за испитувања на рудникот (околу 150.000 евра) досега издвоила само владата на Анте Марковиќ. Македонските научници денес добиваат едвај од пет до десет илјади евра годишно за да го истражуваат „Алшар“.

Во 2009 година, сопартиецот на Адеми во ДУИ, поранешниот министер за екологија Неџат Јакупи, го прогласи „Алшар“ за заштитена зона, што значи дека таму можат да се вршат исклучиво активности што нема да ѝ и наштетат на природата. Во зоната на строга заштита може да се одвиваат научноистражувачки активности од домашни истражувачи, но под строго утврдени правила. Заради одржување на карактеристиките на локалитетот, тој е под постојан мониторинг на Управата за животна средина.

Кој сѐ допре до Мајдан?

„Алшар“ е стар 15 милиони години. Рудникот бил користен уште во римскиот период. Со векови го буди интересот на странски научни експедиции и на цели држави што бараат концесионерство за искористување на различните минерали, со кои располагаат рудникот и ридот. Уште пред стотина години руда од „Алшар“ испитувале елитните универзитети во Прага, Виена и во Будимпешта, кога биле пронајдени дотогаш непознати минерали.

За време на Османлиската Империја од овој рудник Турците ископувале злато.

Од 1913 до 1923 година рудникот бил под концесија на француска фирма, која најмногу ја експлоатирала антимоновата руда, која е тука со највисок квалитет, а која се користела за потребите на француската воена индустрија за изработка на челични цевки на топови. Истражувања на „Алшар“ се извршувале особено последниве пет децении, и тоа не поради златото и антимонот, туку поради лорандитот и талиумот. Особено голем интерес имало од САД и од Русија за време на 1980-тите години.

Во 1988 година, фирма од Рино, Калифорнија, почна со истражувачки активности, по кои „Алшар“ беше посочен како најперспективно наоѓалиште за испитување злато и други благородни метали. Според сведоштвата на рударски инженери, вклучени во истражувањата, тогаш во „Алшар“ била направена подготвителна лабораторија од која се издвојувал килограм чист минерал што се испраќал во САД за анализа. За ова истражување била формирана и мешаната фирма „Мак-Минко“ (македонска рударска корпорација), во која влегоа фирмата од Рино и „Рудкоп“ од Кавадарци како домашен концесионер.

Во 1996 година фирмата од Калифорнија паднала во финансиска криза и побарала партнер за завршување на проектот до фаза на процена на рудните резерви. Во 1997 година партнер за оваа цел станува англоавстралиската фирма „Рио–Тинто“, една од најголемите рударски корпорации во светот. Дополнителни испитувања беа правени до пред 12 години, но тие не дадоа резултат, а „Алшар“ во меѓувреме стана заштитена зона.

Последен пат диви истражувачи со одредено количество собрани минерали беа фатени во 2009 година. Четворицата германски и двајца унгарски државјани беа фатени од локалната полиција како вршат ископување, собираат минерали и кристали од рудникот и ги складираат во комбе со германски регистарски таблички. Во комбето беше пронајдена руда тешка 400 килограми. Копачите тврдеа дека минералите им биле потребни за научноистражувачки цели, иако престојот во Македонија им бил туристички и немале дозволи за вршење геолошки истражувања.

Каде се наоѓа Алшар?

Локалитетот Алшар се наоѓа 40 километри јужно од Кавадарци, кај селото Мајдан, на планината Кожув, во близината на македонско-грчката граница.

Границата на споменикот на природата, Алшар, почнува од возвишението Рудине (964 м), од каде што води на северозапад и се спушта на раскрсницата на земјениот пат што води за селото Мајдан.

Оттука границата продолжува по земјениот пат во јужен правец кон селото Мајдан и по него води до вливот на Провалска Река во Мајданска Река. Површината на споменикот на природата Алшар изнесува 120,4 хектари.

Во близина на селото е рудникот, кој го добил името „Алшар“ според презимето на првите странски сопственици, Французите Алатини и нивниот инженер Шарито.

Во неговата внатрешност се влегува низ осум широки отвори. Два од осумте отвори на јамите од подземните копалишта се долги шест илјади метри. Обложени се со калдрма, денес многу оштетена.
Лево, на двесте метри од „Алшар“, има еден вечно зелен рид, кој никој не го посетува поради големата концентрација на отровниот талиум. Во близината се наоѓаат и извори со топла вода, а на крајот на селото Мајдан, селаните експлоатираат некаков бел минерал со кој ги перат алиштата, ги мијат садовите и ги чистат просториите во своите домови. Тоа е, исто така, значаен локалитет поради посебните растителни видови: алшарска темјанушка и арсенската темјанушка, кои претставуваат македонски ендемити.

VIA: http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22312912278&id=9&prilog=0&setIzdanie=22513
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Код:
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22312912278&id=9&prilog=0&setIzdanie=22513
И стокава наша ќе го дадат под концесија и ќе го симнат од заштитените места, па дали се нормални бе? Ова богатство да го има во нормална земја, ќе стане главна туристичка дестинација, ќе се збираат авантуристи, научници, луѓе што одат да се лечат... Ќе стане препознатлив знак на државата, ќе се вртат пари таму, ќе биде заштитено да не смее камче да фали. Ах бре Македонче...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci