Алчноста и другите „негативни“ чувства

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Во македонскиот речник стои објаснување
цитирам :

алчност
алчноста
Вид збор: Именка, женски род
Опсесија да се поседува што повеќе. (Еден од седумте смртни гревови)
Англиски: greed
Примери:
Неговата алчност го доведе во оваа состојба.
Вид: чувство (ср.) “

Значи - чувство.
Нема да должам со вовед. Само кратко ќе прашам:
Дали навистина светот би бил подобро место за живеење доколку не постоеше алчноста?
И дали навистина светот би бил подобро место за живеење доколку не постоеја другите чувства кои ги означуваме како негативни?
Дали таквиот свет би бил идеален?
Дали може да се достигне таков идеален свет?
Дали треба да се стремиме кон создавање на идеален свет?
И на крајот, на што би се свел животот без негативните чувства?
 

Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
Во македонскиот речник стои објаснување
цитирам :

алчност
алчноста
Вид збор: Именка, женски род
Опсесија да се поседува што повеќе. (Еден од седумте смртни гревови)
Англиски: greed
Примери:
Неговата алчност го доведе во оваа состојба.
Вид: чувство (ср.) “

Значи - чувство.
Нема да должам со вовед. Само кратко ќе прашам:
Дали навистина светот би бил подобро место за живеење доколку не постоеше алчноста?
И дали навистина светот би бил подобро место за живеење доколку не постоеја другите чувства кои ги означуваме како негативни?
Дали таквиот свет би бил идеален?
Дали може да се достигне таков идеален свет?
Дали треба да се стремиме кон создавање на идеален свет?
И на крајот, на што би се свел животот без негативните чувства?

Ниту светот, ниту самите ние не можеме да постоиме или да функционираме без негатива. Мора да постои баланс, зошто ако нема лошо како ќе препознаеш што е добро? Истото важи и за алчност, себичноста итн, да не набројувам сеа.
Стремежот кон идеален свет би значело стремеж кон крај на светот, зашто кога ке ја достигнеме идеалната состојба, понатаму веќе нема ништо, бидејќи задоволството и уживањето во животот би требало да се моменти, а не непрекината константа
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Мене ми се чини дека негативните чувства се токму тие што нѐ тераат напред и нѐ предизвикуваат на себеиспитување.
Се разбира, тука е и моментот на забегување во крајности.
Но колку што е лошо да се забега во негативна крајност, толку е лошо и да се забега во позитивна крајност.
 

Sugar

Истакнат Член
19 февруари 2012
502
1,110
393
Се што е претерано не е убаво, па макар и премногу добро ( позитива ). Без негативата ќе ни биде досадно :)
 

Sugar

Истакнат Член
19 февруари 2012
502
1,110
393
па не би ни било досадно, оти не би ни знаеле шо е досада :)
Можеби си во право, али тоа иде у недоглед.. ќе се самоуништиме, исто како што би се самоуништиле доколку владее само негативата,злото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Можеби си во право, али тоа иде у недоглед.. ќе се самоуништиме, исто како што би се самоуништиле доколку владее само негативата,злото.
па така некако :)
затоа прашав - на што би се свел животот без негативните чувства? :)
 

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Се додека постои објект за натпревар или нешто за што конкурираат или посакуваат минимум двајца, а добитник е само еден односно само еден може да ја освои наградата, секогаш ќе постои победник и губитник. За победникот нема да зборувам, но што се случува со губитникот - се раѓаат негативни емоции, нема да ѓи набројувам зошто мислам дека сите ги познаваме. Кај некои луѓе токму тие негативни емоции може да ги натераат за наредниот пат да се подготват, едуцираат подобро и пред се да бидат покреативни. Значи токму негативните емиции ја раѓаат креативноста. А пак некои луѓе тие негативни емоции ги користат како изговор за деструктивност. Но ние сакаме тие деструктивни и негативни емоции и постапки да ги елиминираме.
Затоа се раѓа прашањето тогаш како да направиме да нема губитници? одговорот е лесен - ќе направиме повеќе "објекти" односно толку колку што има конкуренти (учесници) за сите да бидат победници. Одговорот лесен, ама остварувањето невозможно. Луѓето сите би изгледале како Анџелина Џоли и Бред Бит, сите би имале спортски коли и куќи на плажа итн. ама и свет без креативност или едноличност.
Но да се вратиме од почеток, што е тоа што ги тера луѓето да се впуштаат во тие натпревари?
Одговорот е зборчето "подобро".
Подобар маж/жена, подобра куќа, подобра работа, подобро образование за децата итн.
Ако размислиме малку повеќе околу зборчето "подобро", ќе забележиме дека сите наши проблеми и трагедии произлегуваат од него. Зборче со неверојатна моќ и влијание.
Добро тогаш како да го елиминираме или промениме тоа зборче "подобро"? Одговор: не можеме.
Самата човечка евулуција си има вградено сопствен систем на контрола за зборчето "подобро". Односно кога би го немало зборчето "подобро" не би еволвирале кон подобро.
Заклучок: сите тие негативни емоции се дел од човечката природа и ако сакаме да ѓи тргнеме тогаш треба да се простиме со напредокот и евулуцијата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Black Mamba and lady_blue