1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Алергии

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од efederer, 28 февруари 2012.

  1. efederer

    efederer Админ
    Член на администрација

    Зачленет на:
    2 октомври 2011
    Мислења:
    150
    Допаѓања:
    256
    Ако СИДАТА е болест на 20тиот век, алергиите се сметаат за епидемија на 21иот век. Во принцип, најчесто се пренесуваат генетски, но може и да се здобијат со тек на време како резултат на ослабен имунитет.

    До алергија доаѓа кога нешто ќе се поремети во функцијата на имунолошкиот систем. Нашите бели крвни зрнца не бранат од непознати супстанци (антитела) така што создаваат извесни протеиниво крвта, познати како анти тела или имоноглобулин. Антителата можат да се спојат со страните супстанции да би го неутрализирале нивното штетно делување. Кај алергичните особи, имунолошкиот систем создава антитела против “нештетни супстанци“ како што се прав, полен, вид на храна и сл.

    Дали имате и вие алергии? Како ги откривте? Како се справувате со истите?

    Конкретно јас од раѓање сум алергична на прашина и пердуви. Кивам и ме чеша грлото. Кога имав 20 години ми се појавија дополнително алергии на многу различни овошја и зеленчуци - јаболки, моркови, цреши, праски, смокви, кајсии, лешници, ореви...работи кои сум ги јадела со сласт. Сега ми отекуваат усните и јазикот и ме чеша ненормално многу. На алерго тест ми покажаа и алергии на кучиња, мачки, волна, треви, полен...од овие се чешам и кивам. Јас си се навикнувам и спасувам со Лоратадинче :confused:
     
  2. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396
    Мене лоратадинче не ми помага веќе.
    Јас сум алергична на прашина, сонце, липи, трава, кора на дрво...почнав да личам на отечен бумбар кога ќе излезам на улица од април па до октомври..

    Имаше еден спреј, не ми текнува како се вика тој малку ми ги ублажуваше реакциите кои најчесто ми се кивање, и тоа по 20 пати одеднаш, течење на нос, солзење, црвенила...

    Интересно е што кога бев мала имав алергија на мачиња и кучиња, мислам се нафрлував како од сипаница а со текот на годините ми исчезна...Не сум се заинтересирала дали воопшто се излечливи тие, или пак дали може да ти се повратат со оглед на мојата несфатлива љубов кон животните :)
     
  3. efederer

    efederer Админ
    Член на администрација

    Зачленет на:
    2 октомври 2011
    Мислења:
    150
    Допаѓања:
    256
    Спрејовите се Flixonase, Flixotide и Rinoco. Јас бар овие ги користам. Иначе без разлика на алергиите чувам дома куче и 2 трудни мачки моментално, само избегнувам да ги гушкам бацувам...
     
  4. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396
    Ете така. Тој првиот го користев што ми имаше вкус на згмечено нане со неперени чорапи :giggle
    Мислам дека се издржува со животинки дома, ама со редовно чистење влакна и проветрување...
     
  5. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    ...и ја сам алергичан на полен и на траву, сфак пролет убивам се од кивање:eek
     
  6. street_chic

    street_chic Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,433
    Допаѓања:
    3,678
    Алергична бев на хистамин, бука, пелин, тутун, прашина, трева...... После една година тестовите покажаја дека сум алергична само на хистамин и на домашна прашина :banghead ..... Убиствено е, се гушам, неможам да дишам, ниту да спијам, очите ми солзат и чешаат и постојано кивам.... Најпрво користев Loratadin, Letizen, Flixonase, а моментално Flixotide. Ми напоменаја дека морам да ги порачам некои вакцини од Германија, Acaroid, (една вакцина е 11 699 ден) и морам да се вакцинирам редовно во период од една година а резултатот бил 70% до 100% исчезнување на алергијата.... Па ќе видиме што ќе се дешават со алергијава за година дена.....
     
  7. Mila Kunis

    Mila Kunis Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,279
    Допаѓања:
    3,527
    Како да се заштитите од пролетните алергии


    Пролетта пристигна. Сонцето почнува да сјае, а вие неможете да му одолеете на убавото време. За жал, за некои од вас тоа значи и проблеми со алергиите кои се појавуваат за време на пролетта.
    Превенцијата може да ве спаси од проблемите со овие пролетни алергии. Еве неколку совети како да ги спречите алергиите и да избегнете конзумирање на лекови...
    1. Проверете ја количината на поленот, ако нивото е високо, тогаш останете дома и не приближувајте се до парковите или шумите.
    2.Најголемо е нивото на поленот во утринските часови, па затоа тоа време избегнувајте да шетате.
    3.Затворајте ги прозорците, но доволно е само малку воздух да се проветри вашата просторија.
    4.Кога ќе дојдете дома, веднаш истуширајте се и променете ја облеката.
    5. Зајакнете го вашиот имунитет, јадете здрава храна како што е овошјето и зеленчукот, а обрнете внимание да не внесувате конзервирана и тешка храна.
    6.Поретко конзумирајте млечни производи, шеќер, како и белиот леб и оризот.
     
    На Oleri и parvati им се допаѓа ова.
  8. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    напуните празно јастуче сс исушено нане, напунете га скроз, спите на њега,мене лани ми пројде колко толко, има ефект ; )
     
    На street_chic му/ѝ се допаѓа ова.
  9. cece17

    cece17 Староседелец

    Зачленет на:
    21 февруари 2012
    Мислења:
    270
    Допаѓања:
    204
    пред 5 години има алергија на полен и незз сама се изгуби ама после ми се појави нова полоша на витамин Ц
     
  10. cakar_ulav

    cakar_ulav Староседелец

    Зачленет на:
    20 февруари 2012
    Мислења:
    1,566
    Допаѓања:
    1,926
    како помал имав алергија на пролетта и на комарци :)
    сега веке нема ништо :)
     

Сподели: