1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Адаптирање на ново работно место (релација - колегијалност)

Дискусија во форумот 'Кариера' започната од snowbela, 21 септември 2013.

  1. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Ти биди прототип.
     
  2. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    се обидвам
     
  3. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Може малку да се промени насловот на темава,и онака и авторот отпосле призна дека не се работело за идиоти...На пример,Адаптирање на ново работно место-релација колегијалност или било како.
    (знам,знам,знам..ова требаше на копчето пријави)
     
    На JaMi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Scars

    Scars Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,541
    Како прво ти одиш за себе на работа,за себе работиш,за себе си вадиш пари. Секогаш имало и ќе има конкуренција.
    Затоа ти гледај за себе,докажи се дека и без никаква помош од
    твоите родители си успеала зошто секој сега бара некој кој знае да работи,а не бараат врски од мама и тато.
    И обиди се да бидиш пријателски настроена кон колешките и види како ќе се однесуваат со тебе.
    Зошто се со време иди.
     
  5. Legioner

    Legioner Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 април 2012
    Мислења:
    999
    Допаѓања:
    606

    Vo sekoja edna rabota sto ce ja pocnes kako pocetnik, normalno e deka sredinata ce ima odredeni kako da recam predrasudi za tebe , ce se drzat na strana , nema da te uklucuva vo nivno drustvo (primer za pauza, za kafe pienje i sl ).
    Toa e do nekoj stepen normalno dodeka da te zapoznaat tie , e sega ako te ignoriraaa i ponataka ne e kraj na svet, mnogu e povazno da ne ti pravata raboti zad grd kako (podmetnuvanje, spiuniranje i slicni gnasni raboti ) so koi nekoi se zanimavaat so cel da dobijat (dokolku se pod dogovor predimstvo pri vrabotuvanje -sto vo nekoi momenti toa im pali ) vo tvojov slucaj ti si vo privatna firma pa borbata bi bila poostra koj da se doblizi do sefovite Ligavenje do beskraj i nazad !!!
    sto ti bi napravila vo ovoj slucaj gledaj si rabotaata da ja naucis i dobro da ja vrsis toa da ti bide preokupacija . A dali ce imas druzenje so niv ni najmalku da ne te zasega.
    a i nekoj si druzba so kolegite vo denesno vreme e mnogu retka site gledaat da go namestata edniot na bilo koj nacin .
    dodeka bev na rabota sekogas sam si izleguvava na pauza od toa poubavo nema :), na rabota doagjas za edna cel da vadis plat za druzenje i drugarstvo si ima sekoj kolku tolku nekoi drugari , ne baraj i nema da dobies od Kolegi Drugarstvo toa e nevozmozno !!!
     
    На snowbela му/ѝ се допаѓа ова.
  6. snowbela

    snowbela Нов член

    Зачленет на:
    30 јануари 2013
    Мислења:
    29
    Допаѓања:
    12
    Добро е што газдите ми се супер, цело време ме прашуваат како ми оде, дека ако имам било каков проблем да им се обратам, ми рекоа дека сите вработени имаат должност да ми помогнат ако имам потреба за нешто, немам зборови за газдите, можеби имам лоша претстава за вработените сега за сега, но се тешам дека и тие некогаш се биле на мое место и се биле почетници :)
     
    На Kitty му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Мене ме кочеа вакви работи кога бев мала...
    Пошто често се селев, мењавав и училишта и одев во класови каде децата веќе си се познаваат со години, па исто вака мислев дека не ме прифаќаат и бегав од часови, не сакав да одам во школо, ми беше хорор времето поминато таму.
    Ама како поминуваше времето и како растев, пак се селев и пак одев во други околини, пак меѓу нови луѓе, ама сфатив дека се е до нас и нашиот пристап.
    Верувам дека со таа мисла си отишла-леле како ќе биде, кои ќе ми бидат колеги, како ќе ме прифатат, место со мисла дека ќе си стекнеш пријатели и плус ќе си земаш парички-привилегија која ретко кој ја има...
    Место да размислуваш вака и понатаму, гледај си ја работата на прво место, а со колегите биди си ти.
     
  8. Jericho

    Jericho Староседелец

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    355
    Допаѓања:
    465
    Освен друштвото, пријателите, луѓето со кои сакаш да се дружиш и да го поминуваш времето, значи луѓе со кои најдобро функционираш и се разбираш, луѓе кои пред се самата ги бираш и по своја воља минуваш одредено време со нив, во другите форми на социјализација како учење, студирање, работа, курсеви, обуки и што ти ја знам не можеш да бираш со какви луѓе ќе бидеш. Ама така и ти се градиш како личност, се среќаваш со секакви карактери, учиш како да се справиш со секакви луѓе, во крајна линија претпазлива од луѓето и тоа е добро и нормално. На работа особено, пошто колегите ти се луѓе со кои праткично поминуваш најмногу време, секој ден по 8 саати 5 дена во неделата (не знам какво ти е работното време, го земам ова како некој просек). Така да сакала или не мора да се привикнеш. Во крајна линија, кога ќе се уходаш во работата и ќе ги наушиш принципите и начинот на работата кои се бараат од тебе, терај си ја работата, исполни ги задачите, направи го тоа што се бара од тебе како што треба и не се замарај. Сепак пред се работиш за плата а не од љубов, стекнуваш работна навика и работно искуство кое во иднина ќе ти вреди. А колеги вакви или онакви секаде има, нигде не е идеално. Не си земај при срце, биди си ти секогаш фер и коректна во односите со нив, работи ја работата како што треба и не се замарај. Бар од мое искуство, првото работно искуство (како и се ново во животот) малце е чудно и треба време за адаптација. Во животот ќе смениш повеќе работни места, ќе имаш повеќе искуство, ќе се сретнеш и со потерсене карактери а верувај дека многу полесно ќе поминеш преку тоа.
     
  9. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396
    Не знам каква врска има тоа што нивните родители се богати, а твоите просечно семесјство?
    Ти си индивидуа, исто како и твоите колешки и вашето делување на работното место нема врска со нечиј статус.
    Нормално дека секој сака да се прилагоди во нова средина, ама не по цена да правиш нешто од себе си што не си, за да се допаднеш некому.
    Работи си ја работата, биди си своја, вистинските луѓе ќе го пронајдат патот до тебе и обратно.
     
    На Luckky му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,921
    Почетокот на работа никогаш не е лесен, затоа треба добро да се издржи преодниот период и фазата на запознавање и зближување со колегите и колешките.
    Најголема казна е тоа да не ти се погодени соработниците, оние со кои секој ден треба да поминуваш по 8 па и повеќе часа. Затоа паметно треба да се игра, треба да се освојат еден по еден и после ги имаш сите во џеб. Јас од првата ден на работа се чуствував многу убаво, некако ептен ме прифатија и никогаш не се чуствував отфрлена. Но има случаи пред мене што ги гледам постојано и еден куп примери за лугето кои доживуваат отпор на работа.Трпение спасение..
     

Сподели: