1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Адаптирање на ново работно место (релација - колегијалност)

Дискусија во форумот 'Кариера' започната од snowbela, 21 септември 2013.

  1. snowbela

    snowbela Нов член

    Зачленет на:
    30 јануари 2013
    Мислења:
    29
    Допаѓања:
    12
    Здраво драги мои !! немам каде да се олеснам и кој да ме советува па затоа се одлучив овде. Пред една недела тргнав на работа прва работа и тоа на струката, се убаво, во приватна фирма сум, ама колешките ми се едни лигави, се прават дека се којзнае што, родителите им се богати на сите, а моите се обични работници. Дали дека сум нова па ме гледаат како конкуренција, многу се дигаат. Многу грозно се чувствувам кога сум на работа како да сум вишка таму :( Уффф, глупаво најглупаво чувство :place
     
  2. Luckky

    Luckky Upright

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    2,635
    Допаѓања:
    5,809
    Ти одиш за себе на работа, не за нив. Сите различно ги перцепираме работите, можеби вистината и не е таква. На секој човек вреди да му се даде шанса. Обично луѓето не се такви какви што изгледаат на прв поглед. Најлошото во целата работа е цитирам.. се прават дека се којзнае што, родителите им се богати на сите, а моите се обични работници. Па што ако се твоите работници? А како станале нивните богати? Можеби со труд и посветеност.. Дали навистина е така? Или самите сакаме да ги етикетираме луѓето.. Нема никаква врска.. Постојат човечни луѓе и помеѓу финансиски побогатите и посиромашните. Покрај се, не не прави материјалното богати, колку клише и да делува навистина е така. Ако навистина ти е непријатно во нивно друштво подобро кажи им или одржи го разговорот стрикно на професионално ниво. Не сите сме изградени од иста материја не има и со спротивна наелектризираност. :) Пред се, дај му време на времето и биди трпелива, па ќе видиш како се одвиваат работите :)
     
    На Aquarius, melpomena и JaMi им се допаѓа ова.
  3. snowbela

    snowbela Нов член

    Зачленет на:
    30 јануари 2013
    Мислења:
    29
    Допаѓања:
    12
    Да, имаш право можеби така само изгледа, си правиме муабет, кога имам потреба од помош ми помагаат, но ете такво чувство имам дека ми прават само лице. Како и да е, барем газдите се прекрасни!
     
    На Luckky му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    Кратко и јасно :
    Извршувај си ја својата работа и не им дозволувај да те демотивираат.
    Биди културна и фина,доколку имаш некој посериозен проблем обрати се кон шефот.
     
    На Luckky, Rêveur, Roxelana и уште 3 други им се допаѓа ова.
  5. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Па нормално дека ке ти изгледа дека ти прават лице,ти очекуваш да те сакаат за кратко време најмногу на свет?
    Ти ги сакаш нив од коренот на душата?
    Штом кажуваш дека ти помагаат тоа значи и дека не ти прават некаква препрека и сопка во работата.
    Неможе секогаш да бидеме центар на универзумот за да ги сметаме работите деа течат во позитивна насока.
    Не да те заплашувам,ама челичи се,што се нема низ светов.
    Тек почнуваш во опркужениа каде се печали лебот.
     
    На Prashina и JaMi им се допаѓа ова.
  6. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    Се согласувам,секаде има препреки и потешкотии, но со самото соочување со нив стануваме поспособни.
    Не цветаат рози и не тече мед и млеко,тоа е реалноста во која секој се соочува или секој треба да се соочи.
     
    На melpomena му/ѝ се допаѓа ова.
  7. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Цвеќиња веке се помалку и во градините има.:biggrin
    А и одма ги кинат.
     
    На JaMi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Сите добри пријателства започнуваат со:
    На почеток не можев да те поднесам ;)
    Треба да имаш трпение додека постанеш дел од тимот.
    Секој почеток е тежок.
     
    На Roxelana и JaMi им се допаѓа ова.
  9. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Море кога се префрлив од еден објект во друг,цел тим кои веќе беа работеле заедно кои 4 кои 6 години,се договориле заедно сите да направат сама да се откажам од работа :biggrin .....за да отпосле испадне дека тие мислеле,при промена на газдите,дојде до промена и на раководството,се плашеле дека тие ке бидат сменети,но кога сфатиа дека не е така,ден денес си тераме мајтап за тогаш.
    Како само ме игнорираа,но сега е сосема спротивно и не би сменила ниту еден од тимот со кој што работам.
    Почетоците за сите се тешки,и за ново дојдените и за прифаќањето на новите од страна на оние што веке работат.
     
    На Lena му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    За жал мојот град е полн со идиоти..немам друг коментар освен овој !
     

Сподели: