1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Авто-Мото трки во земјава...

Дискусија во форумот 'Авто-мото' започната од Maks, 9 март 2012.

  1. Maks

    Maks Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,363
    Допаѓања:
    1,863
    Информации за авто и мото трки во нашата земја легални (организирани) или нелегални (диви).
    Кој ке има информации нека пишува.
    Овде спаѓаат и други автомобилски и мото манифестации
     
    На Hip.Hop_MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 3pi0

    3pi0 Староседелец

    Зачленет на:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    246
    Допаѓања:
    275
    Ридско брзинска трка на Водно на 13 мај...
    да го најдам календараот од пријавени трки во FIA ќе го пастирам, ова е организирана за диви незнам многу :D
     
    На Hip.Hop_MKD и Maks им се допаѓа ова.
  3. Maks

    Maks Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,363
    Допаѓања:
    1,863
    Dragster & Drift show
    Ке се одржи во сабота на 28.04.2012г.
    Од 10:00 до 13:00 часот во Скопје.
    Само не ја знам баш точната локација на настанот.
    На мапата гледам дека е во близина на ул."Гоце Делчев"

    Мапа:
    http://www.bing.com/maps/default.as...ty=r&rtop=0~0~0~&mode=D&FORM=FBKPL2&mkt=en-US
     
    На Hip.Hop_MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Maks

    Maks Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,363
    Допаѓања:
    1,863
    24.05.2012г.
    467055_430478870304056_211108322241113_1659458_328144816_o.jpg
     
    На Hip.Hop_MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Maks

    Maks Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,363
    Допаѓања:
    1,863
    Меѓународно рели за теренци Делчево 2012
    [​IMG]
    Општина Делчево станува епицентар на досега невидени за овој дел од државата, големи спортски настани. На 8-ми Септември на Денот на независноста на Република Македонија, во Делчево ке се одржи 33-то меѓународно рели за теренци "ДЕЛЧЕВО 2012".
    Овој настан е еден од централните настани во рамки на одржувањето на мега манифестацијата "100 настани за 100 години град", која што општина Делчево ја спроведува во последните година ипол, а исто така влегува во контекст на програмата за одбележувањето на 7-ми Септември- Денот на ослободувањето на тогашното Царево село од фашистичката окупација.
    [​IMG]
    Ова атрактивно мото рели е организирано од страна на АМК Џип Рели Спорт од Скопје. и градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски, и ке биде од натпреварувачки карактер за џипови поделени во шест категории
    • прва- до 1400 cm3,
    • втора- од 1401 cm3 до 1700 cm3,
    • трета-од 1701 cm3 до 2000 cm3,
    • четврта-од 2001 cm3 до 2500 cm3,
    • петта-од 2501 cm3 до 3000 cm3 и
    • шеста- над 3000 cm3.
      С
      огласно прописите и стандардите за вакви натпреварувања.
      Патеката е проектирана со атрактивни свиоци и рељефни џебови кои ке бидат исполнети со вода, за што по ефективен приказ и демонстрација на моќта на возилата кои ке настапат во рамки на релито.
     
  6. Gixxer

    Gixxer Нов член

    Зачленет на:
    31 август 2012
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    4
    21-во Мото Рели „Македонија независност“


    [​IMG]


    Годинешното мото рели „Македонија независност“ ќе биде по различно од досегашните. Направени се промени во организацијата, рутата и начинот на кој ќе се одржи настанот со цел да му го вратиме сјајот на релито, но и интересот на учесниците.

    Сеуште се подготвува конечната саатница, но она што е сигурно е дека котизацијата ќе биде 900 денари за возач и 900 за совозач (со образложение дека и совозачот ги добива истите работи како и возачот, моторот како мотор не менува ништо во однос на трошоците).

    Оние кои ќе учествуваат на релито ќе треба да поминат на неколку контроли со што ќе се стекнат со право да користат бенефиции вечерта на самиот настан. Ќе има игри за кои ќе треба да се пријавите, ќе има бендови, скара и евтино пиво, ќе има награди за учесниците и за победниците во игрите, ќе има и сертификати за секој кој ќе ги помине сите контролни точки и успешно ќе го заврши релито.

    Релито ќе се вози од 7-ми до 9-ти Септември. За гостите од странство обезбеден е кампинг простор во Орман еден ден пред стартот на релито.

    Предвидената рута е:

    1. ден
    Старт од Скопје од плоштадот Македонија во 13.00 часот. Се вози до Велес каде ќе има пауза на која ќе се положи цвеќе на споменикот во центарот на градот и учесниците ќе добијат симболични поклони од градот Велес. Потоа се вози до Радовиш па назад од Лакавица низ Криволак и околу 16.00 треба да пристигнеме во Кавадарци. Кампот каде ќе бидеме сите сместени е во Ваташа, таму се предвидени активности за сите учесници. Сместувањето ќе биде во шатори, а има опција за престој во конаците на манастирот и хотелско сместување за кое МФМ ќе партиципира со 50% од цената за сместување. Ова треба дополнително да се дефинира.

    2. ден
    Поаѓање од Кавадарци во 11.00 часот, возиме до Прилеп, потоа Битола и Охрид. Пристигнувањето во Охрид е предвидено за во 16.00 часот. Попладнето се предвидени активности за целата група и забава на која ќе бидат доделени сите признанија и сертификати за учесниците. Сместувањето е предвидено во Калифорнија, Партизан и уште неколку хотели. Вечерата е планирана за во пицеријата „Билјанини извори“ кај каналот, но можно е да има промена на ова.

    3. ден
    Третиот ден е незадолжителен односно враќањето до Скопје е само за оние кои сакаат. Се тргнува од Охрид во 13.00 часот, се вози преку Дебар, а пристигнувањето во Скопје е планирано за во 16.00 часот.

    МФМ обезбедува стартен пакет во кој ќе има маица, билтен, стартен број и сертификат за учество. Обезбедена е и вечера во Кавадарци и Охрид, а грицки и освежување ќе има во Велес, Радовиш и Битола. Организаторот ќе учествува и во трошоците за сместување на учесниците во местата во кои се ноќева.

    Право на учество на релито имаат сите членови на клубови кои се но и оние клубови кои не се членки на МФМ, како и сите слободни возачи. Пријавувањето ќе биде преку клубовите со пополнување на формулар, а останатите кои не се членови на некој мото клуб ќе можат да се пријават преку мотори.ком.мк. Канцеларијата ни се наоѓа зад Универзална сала, до кафулето Конак, каде веќе може да се остават формуларите и да се плати за учество. Клубовите можат да ги достават пријавите за учество во Сојуз на спортови на град Скопје (СОФКА). Пополнетата пријава можете да ја испратите на contact@motori.com.mk или на nikolovska@sportskopje.mk Пријавите можат да се пратат и по факс на 02/3228-624.

    Пријава за мото рели Македонија независност 2012:
    - Поединечна пријава
    - Клубска пријава
    - Entry form

    НАДОПОЛНУВАЊЕ:

    - Првата контролна точка ќе биде во Радовиш. Право на учество во игрите но и повластена цена на пијачките и јадењето ќе имаат само оние учесници кои ќе ја поминат контролната точка.

    - Во кампот во Кавадарци се обезбедени тоалети и цистерна со вода. Во кампот ќе има настап на бендови, а за секој учесник е обезбеден сендвич и пијалок. Во Кавадарци учесниците ќе можат да се пријават и да учествуваат во следните игри:
    1. Влечење камион (двајца учесници ќе треба со помош на јаже да извлечат камион на одредена далечина пр.20м, а ќе се мери времето за кое ќе го направат тоа)
    2. Бавна трка (двајца учесници паралелно еден до друг, победник е оној кој побавно ќе стигне до целта без притоа да се спушти нога или да излезе со моторот од предвидената лента)
    3. Трка со буре (трка во која целта е со помош на мотоциклот побрзо да се избутка пивско буре до целта без притоа бурето да излезе од предвидените ленти)
    4. Пиење пиво на екс
    + Игри кои ќе се организираат на самото место

    - Во Кавадарци сите учесници ќе добијат подароци од градот (привезоци, грозје, вино...)

    - Втората контролна точка ќе биде во Битола

    - Во Охрид меѓу другото ќе биде организирана и Гимкана

    - Сите учесници на релито ќе бидат осигурани со лично осигурување

    Во подготовка се материјалите за релито, а веќе во понеделник ќе можеме да ги објавиме, се работи на нов модерен дизајн на маичките како и на брошурата во која освен стандардната содржина ќе има и совети за возење во група и слични корисни содржини. За игрите дозволено е пријавување на максимум двајца учесници по клуб, за оние кои не се во клуб ќе се направи селекција во зависност од бројот на пријавени за одредена игра.

    Не очекува навистина интересно Рели Македонија, па затоа не чекајте, пополнете ја пријавата и испратете ја веднаш.

    Кликнете овде за да го погледнете прилогот на МТВ за првото мото рели Независност во далечната 1992 година.
     
    На Maks му/ѝ се допаѓа ова.
  7. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Освен реклама,во темава не гледам да се бара нешто за дискусија. (think)
    Добре дојде Gixxer,кога веке ни се претстави :kafe
     
  8. Gixxer

    Gixxer Нов член

    Зачленет на:
    31 август 2012
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    4
    Релито не е фирма па да биде реклама, се работи за настан кој се организира 21 година по ред по повод независноста на Македонија, доколку има прашања за настанот, ете ја дискусијата.

    Извинете што не се претставив, брзав да ја пренесам информацијата веднаш по состанокот на МФМ, остануваат уште 7 дена до стартот на релито :)

    Не најдов посебна тема за претставување па еве, се викам Баже, уште малце ќе имам дваесет и десет години, возам мотор доолго време, инаку оженет и татко на малата Михаела :)

    Поздрав до сите членови на црнобело
     
    На Maks, Trajche и melpomena им се допаѓа ова.
  9. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Никаде не спомнав дека е фирма или дека е "штетна" реклама за форумот.
    И настаните се рекламираат :)
    Точно дека прашањата ке развијат дискусија,само сpомнав дека нешто ми фали во воведот на темата за да биде "поприфатена".
     
    На Gixxer му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gixxer

    Gixxer Нов член

    Зачленет на:
    31 август 2012
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    4
    Текстот е копи-пејст од сајтот за мотори, веројатно затоа, ќе има друг текст што ќе се дистибуира до медиумите. Инаку релито е започнато од страна на ентузијасти во 1992 година во време на криза за бензин и безпарица со цел да се одбележи независноста. Традицијата продолжува секоја година, ова ќе биде 21-во рели Македонија. Се очекува повеќе од 300 учесници од земјава и гости од Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија...
     

Сподели: