Австралија

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Имам роднини таму, татко ми беше таму до пред некој месец, сега ќе оди пак... моите родители порано живееле таму, па сега нешто сакаат за преселување таму повторно :( а јас не сакам, јас тука си сакам и така... па здравје ако одам таму, ќе ве викнам на гости тие што сакате ;)
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Имам роднини таму, татко ми беше таму до пред некој месец, сега ќе оди пак... моите родители порано живееле таму, па сега нешто сакаат за преселување таму повторно :( а јас не сакам, јас тука си сакам и така... па здравје ако одам таму, ќе ве викнам на гости тие што сакате ;)

Мене пиши ме прв во листата. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav and Caci

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Едно од најубавите бележја на Австралија е Сиднејската опера
photo-5761-06-05-06-17-35-35.jpg

Оваа преграсна градба се наоѓа во Сиднеј и била изградена во 1973 година. Архитект бил Јерн Уцон. Покривот на операта е изграден од 1,056 006 ќерамички плочки со што претставува еден од најпрепознатливите покриви во светот.
photo-sydney-opera-house-30561.jpg

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Планините Бангл Бангл

Лавиринт од високи куполи во Западна Австралија е едно од најкревките планински подрачја во светот.

Под зраците на сонцето што заоѓа, врвовите и кањоните на планинскиот венец Бангл Бангл прават фантастична панорама што блеска како да гори одвнатре. Необичните куполи со линии се надвиваат над долината на реката Орд во Западна Австралија. Тој волшебен потсетува на некоја подводна фантазија.
Пругавите карпи и фантастичните набрекнати врвови се наоѓаат во една толку зафрлена област што до 80-тите години на 20 век таму дошле само неколку посетители. Дури и денес повеќето луѓе ги набљудуваат тие планини од воздух.
Овој планински масив што опфаќа површина од 450 км2 се наоѓа во пространата област Кимберли, каде што речиси и нема никакви човечки населби.
Во поголемиот дел од годината таму владеат големи жештини, а температурата во сенка достигнува 40 степени. Во текот на долгите сушни зимски периоди воопшто не паѓа дожд, а реките се претвораат во вдлабнатини исполнети со плитка вода. А потоа во дождливиот период што трае од ноември до март, планините се обвиткуваат во зелена боја. Водопади се стрмоглавуваат од блескавите езерца, а циклоните што доаѓаат од Индискиот Океан донесуваат толку дожд што реките ги поплавуваат долините, а патот што води до планината Бангл Бангл станува непрооден.

Bungle Bungles aerial.jpgBungles2.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Улуру или Ајерс рок е песочна карпа која се наоѓа на Северната територија, токму во средината на Австралија. Се наоѓа на 450 km од Алис Спрингс. Оваа карпа која нагло се возвишува во сува рамница настанала како причина на песочните наноси кои ветрот ги носел со векови. Улуру преставува свето место за Абориџините, австралиски доморотци. Неговата црвена боја, се менува под дејство на Сонцето, во текот на целиот ден. Денес Улуру представува еден од многубројните национални симболи на Австралија.

91776-004-A5232D86.jpgUluru-Australia.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Кенгур — најпознатото австралиско животно. За него е карактеристична торбата на стомакот од женката. во овој мек џеб се наоѓа бебето, кое на тој нечин се припива до својата мајка, цица и патува. Мошне распространет е големиот црвен кенгур(Macropus rufus), кој живее во суви, топли предели и за заштита од горештината, активен е ноќе.Во потрага по вода, може да ископа и дупки длабоки и до 1 метар. Се движи на долгите задни нозе, со скокови кои можат да надминат 10 метри. При скоковите, долгата опашка му помага при рамнотежата. Опашката му слуши и како кога застанува да се одмори, а со неа удира по земјата за да ги предупреди другите кенгури на некоја опасност. Предните нозе му се кратки и на нив има остри канџи што ги користи за собирање храна, за четкање на крзното и за одбрана. Впрочем, со само еден удар со шепите кенгурот може да распори куче.

Кенгурот живее во пустинските и во полупустинските предели на Австралија.

australia_kangaroo.jpg