Абортус: за или против?

jovanKH2O

Староседелец
1 март 2012
54
82
1,018
Oд аспект на ембрионот.
Што тој погрешил при силување, за да биде абортиран; и зошто треба да се помилува оној кој е зачнат без насилство?
Епа ембрионот е многу јасно дека неможе сам да се создаде во матката на жената, потребни се сперматозоиди за неговото оформување, само што при силување претставува несакан плод што не дошло до сакан секс туку на сила е направено тоа. Во случај кога е настанат без насилство, тогаш не е крив затоа што на тие двајца додека им било убаво тие 15-20 мин. не мислеле што прават и како прават, и не мислеле да не направат грешка за време на тоа...
 
Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Јас сум строго ПРОТИВ АБОРТУС
Зошто? Прв пат остануваш бремена и во себе носиш богаство,дар од Бога, со причина ти го дарувал тоа богаство. Некаде на јутуб гледав како се прави абортус, што е страшна процедура, незнам дали е дозволено да се постави тоа видео тука. Зошто да убијам невино душице кое сака да дојде на нашиот свет? Зошто да му ја одземам шансата за живот кога можам да се борам за него, да се мачам и да плачам, да се радувам. Се додека не станете мајки нема да знаете каков е допирот на мајката со новороденчето, чувството. Прекрасно. Не абортирајте дарувајте живот. Знам дека е ваша одлуката, но одлуката била и на вашите кои ве родиле а ве оставиле или ве напуштиле. Не правете го тоа на вашето бебе, не правете ја грешката на родителите, бидете подобри од нив. Дарувајте му живот живејте за него.

  • Ми се допаѓа
Реакции: ♠ Таа Сум ♠

Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
не постои правилно мислење.. ниту за, ниту против
просто тоа прашање нема одговор
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Се согласувам доколку се воспостави од медицинска страна некое пореметување, кое би било критично за самата мајка, или пак доколку е установено дека детето би имало некакви маани. Иначе во други случаеви не, бидејќи требало порано да се мисли и пази за тоа, а не откако ќе бидне... ;)
Потполно се согласувам :)
 
TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Епа ембрионот е многу јасно дека неможе сам да се создаде во матката на жената, потребни се сперматозоиди за неговото оформување, само што при силување претставува несакан плод што не дошло до сакан секс туку на сила е направено тоа. Во случај кога е настанат без насилство, тогаш не е крив затоа што на тие двајца додека им било убаво тие 15-20 мин. не мислеле што прават и како прават, и не мислеле да не направат грешка за време на тоа...

Значи - и во двата случаеви плодот е непосакуван.
Ако е од силување - ќе го убиеме
ако е од невнимание - ќе му дадеме живот.

Кои се гревовите на првиот ембрион? Гревот е на тој што го створил, на тој што силувал, зошто да го убиеме ембрионот?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Мистична

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Јас сум строго ПРОТИВ АБОРТУС
Зошто? Прв пат остануваш бремена и во себе носиш богаство,дар од Бога, со причина ти го дарувал тоа богаство. Некаде на јутуб гледав како се прави абортус, што е страшна процедура, незнам дали е дозволено да се постави тоа видео тука. Зошто да убијам невино душице кое сака да дојде на нашиот свет? Зошто да му ја одземам шансата за живот кога можам да се борам за него, да се мачам и да плачам, да се радувам. Се додека не станете мајки нема да знаете каков е допирот на мајката со новороденчето, чувството. Прекрасно. Не абортирајте дарувајте живот. Знам дека е ваша одлуката, но одлуката била и на вашите кои ве родиле а ве оставиле или ве напуштиле. Не правете го тоа на вашето бебе, не правете ја грешката на родителите, бидете подобри од нив. Дарувајте му живот живејте за него.

И за тебе истото прашање.
Дали плодот настанат како резултат на силување е ,,дар од ,,Бога,, ,, ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
А и дали сте размислиле во овој правец:

Вештачко оплодување.
Се земаат јајце клетки од мајката и спрематозоиди од таткото.

Се оплодуваат повеќе јајце клетки (ист е процесот како при сексуален однос, сперматозоидот ја оплодува јајце клетката и се создава зигот, само во овој случај во лабораториски услови).

При оплодувањето, во матката се внесува само една оплодена јајце клетка, другите се убиваат.

Зошто една оплодена јајце клетка во епрувета не заслужува да живее, а онаа во матката заслужува?
 
Мистична

Нов член
7 март 2012
2
2
3
Да за абортус. Кои сме ние да судиме за туѓите грешки и да делиме казни? Секој треба да има право на избор.
Не е тоа процес низ кој било кој би сакал да помине - тоа е траума. Сепак, секој сам треба да одлучи на кој начин ќе ја реши ситуацијата во која се нашол. Еден живот имаме, а грешки сите правиме, свесно или несвесно. Добро е кога би можеле да најдеме начин како најбезболно да ги исправиме.

Сакам деца, но вреди ли, по секоја цена да се да се роди дете кое на свет ќе дојде непожелно, во рацете на родители неподготвени да го водат низ животот?

Од друга страна, постојат многу млади луѓе кои се одлучиле на другата варијанта - да дадат живот. Тоа е апсолутно за поддршка, ако девојката ( а и момчето ) се подготвени за тој чекор. Децата се светост.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

Но не и кога таткото има 17, а мајката 15 години.
Време е да почне сексуалното образование во училиштата, и тоа како задолжителен предмет.