1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

АЕК со нов правилник за операторите

Дискусија во форумот 'ТВ' започната од Makedonec, 3 февруари 2015.

  1. Makedonec

    Makedonec Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,466
    Допаѓања:
    1,185
    Го отворив сајтот denesen и прочитав нешто што многу ме израдува По она со спортските канали Fox Life и некои други канали редно беше да се донесе ваква одлука.

    Задолжителна листа со телевизиските програми со уредени авторски права ќе мора да содржат претплатничките договори што ќе ги склучуваат кабелските оператори со корисниците. Со новиот Правилник за општи услови што го усвои Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) на последната седница, операторите се обврзани да ги обноват договорите со претплатниците и во нив да ги наведат каналите.

    – Во моментот кога ќе потпишете претплатнички договор со некоја кабелска или со некој друг комерцијален провајдер тој се обврзува на листа на канали кон крајниот корисник, што подразбира дека треба да си ја сработи домашната работа во однос на обезбедувањето на авторските права. Ако тоа не е обезбедено во тек на траењето на претплатничкиот договор корисникот може веднаш да го раскине, што не беше случај досега. Телевизиските оператори досега беа во состојба да ја менуваат содржината, но сега веќе не можат да го прават тоа, рече денеска на прес-конференција директорот на АЕК Роберт Ордановски.

    Според него, ако биде исклучен некој од каналите за чие емитување се обврзал операторот во договорот, корисникот има право веднаш да го раскине, без никакви пенали. – Пенали ќе нема за прекинување на претплатнички договор ако е по вина на операторот, потенцира Орданоски.

    Новина согласно Правилникот е и начинот на контрола на трошоците при користење интернет и разговори во роаминг. Во случај претплатникот да надмине сметка за интернет во роаминг од 1.000 денари операторот задолжително го известува за тоа и го прашува за согласност за натамошно користење на услугата. Ограничувањето за разговори во роаминг е 3.000 денари по што исто така корисникот добива прашање дали сака да го продолжи сервисот.

    – Досега имаше голем број случаи кога корисниците не се свесни дека нивните телефони „сурфаат“ додека се на пат, потоа доаѓаат до АЕК, а немавме никаква законска основа како да ги прифатиме тие приговори. Сега се создаде законската основа и ќе немаме такви случаи, рече Орданоски.

    Со Правилникот се уредува и содржината на претплатничкиот договор за интернет и се прецизира дека брзината не смее да биде побавна под 50 проценти од понудената при рекламирање.

    Операторите нема да можат ниту да нудат договори со траење повеќе од 24 месеци и се обврзани 30 дена пред истекот да го информираат претплатникот за тоа. На тој начин, според АЕК, ќе се надмине проблемот со автоматско продлжување на договорите.

    Со новиот Правилник, посочи Орданоски, значително ќе се подобрат услугите од областа на електронските комуникации и правата на корисниците. Основа за подготовка на новиот Правилник се последните измени во Законот за електронски комуникации и поднесените приговори до Регулаторот во изминатиот период. Во втората половина од минатата година до АЕК се пристигнати 792 барања за решавање спорови, од кои најголем дел за услугите мобилен интернет и говор за што имало 299 односно 201 приговор. За разговор и интернет во роаминг се испратени по 38 барања за решавање спорови, а за говорни услуги во фиксната телефонија по 37. Најмногу приговори, како што информира Орданоски, има за големите оператори. Најголем број од приговорите се поднесени за подрачјето на Скопје, 419, по што следат Битола со 64, Куманово со 43, Тетово со 28,…

    АЕК, најави Ордановски, ќе отвори посебни одделенија и во Штип и во Битола каде ќе се доставуваат приговори во хартиена форма покрај таквата можност по електронски пат.

    http://denesen.mk/web/?p=327875
     
  2. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Што не им текна порано ова а не ќе се зафркавам со Оне јас. Добро изгледа вака, ама дали ќе го практикуваат.
     
  3. Makedonec

    Makedonec Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,466
    Допаѓања:
    1,185
    јас мислам дека ова се само муабети и се ќе остане само на лист хартија, без никаква практика. Причината е едноставна - кај нас побитни работи останале само на хартија не па ова :D
     

Сподели: