Џихад пред портите или само паника?

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Точно, само што исламистот не ги гледа тие работи така, тој гледа како западот го сквернави третиот најважен исламски град (Карбала) како хедонистичкиот запад масакрира исламски жени и деца, потоа тука е Израел, и сето тоа се врти во круг.
Да не постирам видеа со Буш и Блер за тоа како ги чуваат демократските западни вредности (деј вона дистрој аур веј оф лајф) и потребата за преемптивни напади.
Но истото би можело да се каже и за исламот, тие кои прават срања не се прави муслимани, како што оние кои пукаат со седмоцевни ротирачки топови со зрна со јадро од осиромашен ураниум не се прави претставници на западните вредности...
Ако исламот е срање (што и е), што станува со секуларниот запад кој убива на големо, за нечии профити!?

Така е, јас никогаш не сум ги сметал тие луѓе за прави муслимани но сето тоа губи практична смисла кога ќе ја видиш нивната бројност и огромната поддршка што ја добиваат од муслиманите.

За секуларизмот, совршено општество не постои (барем не се уште) а секуларниот систем во споредба со минатите системи покрај сите свои недостатоци претставува огромен чекор напред за човештвото. Истиот мора да се зачува и не смее да не се дозволи да бидеме вратени неколку века наназад со теократија. Приоритети. Дури откако ќе се реши овој проблем, треба да се тргне со чистење на смрадовите т.е политичарите (кои и го создадоа овој проблем).
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Најпросто кажано, проблемот се состои во тоа што таа шака дебили нагло се зголемува во Европа, и истата се гетоизира и создава лека полека свои паралелни општества со начела кои цивилизациски не припаѓаат во Европа. Шведска, Данска, Холандија, Франција, Британија, за неколку децении ќе имаат огромен проблем баш поради тој наплив на имигранти. Точно е дека ситуацијата во Лондон денес не е критична, но тоа нема да биде случајот за пар децении ако се продолжи по ист терк. Едноставно мора искорени овој проблем затоа што


Тешко дека некогаш ќе има сериозен проблем.
И покрај медиумската офанзива која наоѓа маргинални ликови и им дава непропорционален простор и шири паника, ако некогаш се појави закана ќе биде елиминирана.
Од друга страна медиумите воопшто не известуваат за муслиманите кои дошле од затуцани средини а денес тие или нивните деца живеат сосема западно, т.е. исламот им значи многу малку или ништо.

Ако западните сили навистина имаа намера да направат нешто, ќе ја нападнеа С.Арабија, ќе го обесеа кралот и кралската породица, ќе го прекинеа финансирањето на фундаменталистички центри и парите кои ги потрошија во соборување на секуларни режими ќе ги искористеа за секуларизација на земјите со исламско население.
Но како што гледаме, прават нешто сосема спротивно. Кому му одговара `опасноста` од џихадот?
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Така е, јас никогаш не сум ги сметал тие луѓе за прави муслимани но сето тоа губи практична смисла кога ќе ја видиш нивната бројност и огромната поддршка што ја добиваат од муслиманите.

За секуларизмот, совршено општество не постои (барем не се уште) а секуларниот систем во споредба со минатите системи покрај сите свои недостатоци претставува огромен чекор напред за човештвото. Истиот мора да се зачува и не смее да не се дозволи да бидеме вратени неколку века наназад со теократија. Приоритети. Дури откако ќе се реши овој проблем, треба да се тргне со чистење на смрадовите т.е политичарите (кои и го создадоа овој проблем).


Нема шанси за теократија, напротив, одиме напред кон храбриот нов свет на корпоративна држава каде границите меѓу корпорацијата и државата стануваат се понејасни за да на крај сосема исчезнат. Плашејќи се од џихадот, западниот граѓанин ќе се најде во сосема нова ситуација за која немал време да размисли, гледајќи ги сите можни и неможни закани на телевизија.
 

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Тешко дека некогаш ќе има сериозен проблем.

Не би рекол, всушност проблемот станува се поголем и поголем. Ако не се преземе нешто во скоро време можат да се случат две сценарија. Првото, исламистите ќе станат значаен фактор во Европа и полека ќе ја исламизираат, се разбира преку напливот на имигранти и поради нискиот наталитет на Европјанките во споредба со муслиманските фабрики за деца. Она што ти го нарече "шака дебили" ќе добие политичка моќ.

Но ова и не е толку реално сценарио. Она што е пореално е дека крајната десница која добива се поголем замав низ Европа како директна последица на исламизмот ќе дојде на власт што ќе доведе до судир на цивилизации... Тоа е она страшното, затоа треба што поскоро да се сузбие овој проблем преку демократски мерки, а не фашизам. Едноставно, поригорозни закони за имиграција и поголемо посветување кон елиминирање на тие радикални структури. На тие исламисти денес им е дозволено да пропагираат омраза без никакви реперкусии, што е крајно идиотски, се сложуваш?
Ако западните сили навистина имаа намера да направат нешто, ќе ја нападнеа С.Арабија, ќе го обесеа кралот и кралската породица, ќе го прекинеа финансирањето на фундаменталистички центри и парите кои ги потрошија во соборување на секуларни режими ќе ги искористеа за секуларизација на земјите со исламско население.
Но како што гледаме, прават нешто сосема спротивно. Кому му одговара `опасноста` од џихадот?
САД, вака или така, се меѓу најголемите поддржувачи на исламисти. Јас реков во претходниот пост дека западните политичари се дел од проблемот, односно тие го создадоа овој проблем.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не би рекол, всушност проблемот станува се поголем и поголем. Ако не се преземе нешто во скоро време можат да се случат две сценарија. Првото, исламистите ќе станат значаен фактор во Европа и полека ќе ја исламизираат, се разбира преку напливот на имигранти и поради нискиот наталитет на Европјанките во споредба со муслиманските фабрики за деца. Она што ти го нарече "шака дебили" ќе добие политичка моќ.

Но ова и не е толку реално сценарио. Она што е пореално е дека крајната десница која добива се поголем замав низ Европа како директна последица на исламизмот ќе дојде на власт што ќе доведе до судир на цивилизации... Тоа е она страшното, затоа треба што поскоро да се сузбие овој проблем преку демократски мерки, а не фашизам. Едноставно, поригорозни закони за имиграција и поголемо посветување кон елиминирање на тие радикални структури. На тие исламисти денес им е дозволено да пропагираат омраза без никакви реперкусии, што е крајно идиотски, се сложуваш?

САД, вака или така, се меѓу најголемите поддржувачи на исламисти. Јас реков во претходниот пост дека западните политичари се дел од проблемот, односно тие го создадоа овој проблем.


Западните политичари, но пред се западната олигархија.
Она кое им се дозволува мислам дека е контролирано. Дозирано.

Многу тешко крајна десница да дојде на власт некаде. За такво нешто треба и економско влошување на ситуацијата до соодветна мера кога умоболните идеи на нео-нацистите и фашистите ќе добијат масовна подршка, доволно за да освојат гласови да имаат министерско место или да формираат влада. Сеуште тоа е во доменот на научната фантастика.
И покрај демократските мерки, најбрз начин би бил елиминација на С.Арабија и спречување на финансирањето кое го врши.
Тоа можат да го направат брзо. Не се сомневам дека брзо би се нашле докази за вмешаност на тие структури во основањето на разни организации и исламски центри. И нивната агенда би дошла под удар на законот. Правно не би било којзнае каков предизвик.
Како што гледаме, тоа не се случува - што наведува до заклучок за контролирана ситуација.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: steppenwolf

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Светот е поделен на верници и крвници, но често низ историјата, а и сега крвниците се преставуваат како верници така да нема јасна поделба.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
9/11 цел свет го дигна на нозе, солзи, лелеци, трагедии...
Секој божји ден во Газа, Авганистан, Либија умираат деца, жени, нечии мајки, браќа, татковци и тоа е во име на демократијата?
Ма немој да ме ј***ш бре.

Иначе, оваа година кога се појави Првата Дама нАли, на доделувањето на Оскарите, знаев кој филм ќе победи.
Такви проѕирни начини, за фрлање на песок во очите на рајата не престанаа да ги практикуваат и да не убедуваат како музлиманите се лошите момци, а христијаните јадни и нападнати, кои само се заштитуваат.

Муабетов ми е дека не можеме сите да ги ставаме во еден кош и да се обидеме да ги погледнеме работите од повеќе агли.
Медиумите ни перат мозоци, го прикажуваат тоа што одредени корпорации кои бај д веј ги поседуваат истите, сакаат да го видиме.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Џиха џиха Џихаааад.
It seems that this year, Jihad will be fully televised, all corners covered, all the lunatics getting prime time coverage.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
:rolleyes: Што си толку опседнат со џихадот
Па не отруја со америчко-какачка пропаганда, ни го подметнуваат под нос тој реално непостоечки страв, за да ги замаскираат сопствените срања ( пардон мај френч).
Проклетии бе, кај стапнаа маме расплакаа.