Џенис Џоплин (Janis Joplin)

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Има една тетка така убава што некако гледам на форумов сте ја заборавиле. Пребарав два пати низ форумов да не случајно ми измакнала од вид, ама не, не сте и’ посветиле тема.
СРАМОТА :)
Таа теткичка е препознатлива по својот глас и својот стајлинг. Исто така е препознатлива по својата слабост кон алкохолот и кон дрогата. Живеела од 1943 година до 1970, и зад себе оставила бројни успеси.
Често кажувала дека е реинкарнација на Беси Смит, и токму таа има силно влијание врз нејзината музика.
Џенис е една од најсаканите а во исто време најомразените пеачки во целиот свет. Причината за тоа е нејзиниот начин на живот и облакање. Некој го гледаат квалитетот во гласот на пеачот а некој обожуваат да ја читаат жолтата штампа или да навлагаат во приватниот живот на пеачот па се грозат и забораваат на квалитетот на нивната музика.
Незнам за вас, но јас искрено, немам ден а да не си слушнам барем една песничка од Џенис.
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Лејди Џенис си ја слушам одамна, и имам неколку песни постирано во темата: Моментално слушам.. и ми е една од најквалитетните вокали во тоа време.. Мене ме интересираат приватните животи на овие луѓе, ама никогаш не можам да се згрозам само ради тоа шо некој е склон спрема пороци.
И најпрекрасна ми е кога ја слушам насабајле, со првото кафе, ама кога е лето! (sun)
Те едно поздравче од мене:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin and Arkantos