Џенерал Моторс диета

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ајде после макотрпните јадечки празници да ви препорачам една диета :)
Ако некој ја примени или ја има применето нека сподели со нас околу ефектите.
Џенерал Моторс диета – ќе ослабете 4,5 – 7,5 кг за една недела

Прв ден: Сите овошја освен банана.

На овој ден го подготвувате телото за диетата, а единствен извор на хранливи состојки ќе ви бидат овошките. Особено е препорачливо да јадете лубеница на првиот ден. GM диетата препорачува „чудесна супа“, но можете да си ја направите по вкус и со ваши зачини. Можете да јадете овошје и супа кога сакате и колку сакате. Во првите седум дена, мора да го исфрлите алкохолот и да пиете 10 чаши вода дневно.
Втор ден: Само зеленчук, во неограничени количини, свеж или зготвен.

На овој ден телото добива сложени јаглехидрати со масло, а таа комбинација дава енергија. Ова се јаде наутро, а во остатокот од денот се јаде зеленчук без масло за да нема вишок калории, а сепак ќе добивате хранливи материи и хранливи влакна. На овој ден ќе ги повратите килограмите изгубени претходниот ден бидејќи биле изгубени течности.
Трет ден: Мешавина од овошје и зеленчук по избор, колку сакате и какви сакате, освен банана и компири.

Сега вашиот организам е подготвен да го согорува вишокот масно ткиво. Имате и слобода во подготовката на овошјето и зеленчукот се додека не содржи масло или непотребни сосови и калории.
Четврт ден: Банана и млеко – 8 банани и 3 чаши млеко.

На овој ден ќе го надоместите калиумот што сте го изгубиле. Нема да ви биде лесно, но ќе станете посвесни за вашето тело и неговите реакции на различни режими на исхрана.
Петти ден: Ден за гозба – можете да јадете говедско месо и домати.
Две порции од вкупно 700 грама комбинирано со 6 цели домати. Пијте уште повеќе вода.
Говедското месо дава железо и протеини, а доматите помагаат во варење на храната и содржат растителни влакна. Зголемениот внес на вода го прочистува организмот.
Шести ден: Говедско и зеленчук, неограничено.

Повторно железо и протеини од месото, а витамини и хранливи влакна од зеленчукот. До овој ден, организмот се наоѓа во состојба на слабеење. Подгответе го месото со зеленчукот во нивните природни сокови.
Седми ден:Кафеав ориз, овошни сокови и зеленчук.

Здрав оброк по шестдневното чистење придонесува да го донесете организмот под контрола.
Осми ден: Веќе треба да ги забележите резултатите,

а тоа се изгубени 4,5 – 7,5 килограми за тие седум дена, во зависност од првобитната тежина, начинот на исхрана и подготовка на храната и волјата да ја постигнете целта. Ако по овие седум дена продолжите да се храните здраво, тежината нема да се накачи, но ако отстапите од режимот, ќе добиете јо-јо ефект.
 
Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Јас само ќе ви дадам еден совет, проверете ја крвната слика пред да почнете со диетата и после 1-2 недели повторно.
 
alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
melpomena леле абе каква ти е оваа диета ја до 4 ден ај некако ке преживеам ама 4 ден види таму нешто грешка да не има како бе 8 банани и 3 чаши млеко :eek не пијам млеко а ептен ретко јадам банани и тоа една не па 8 да изедам ке си умрем на 4 ден од твојта диета :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
melpomena леле абе каква ти е оваа диета ја до 4 ден ај некако ке преживеам ама 4 ден види таму нешто грешка да не има како бе 8 банани и 3 чаши млеко :eek не пијам млеко а ептен ретко јадам банани и тоа една не па 8 да изедам ке си умрем на 4 ден од твојта диета :zelen
Немораш сите 8 банани,ете место млеко напиј се ти јогурт :zelen
Ако не друго научив дека и во непиењето млеко сме исти.:*

Јас не мислам така,а не е толку страшно,ке се прочисти телото од сите токсини кои ги консумиравме деновиве итекако прекумерено.:)
Тарзан јадел само овошје па пак преживеал.:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Немораш сите 8 банани,ете место млеко напиј се ти јогурт :zelen
Ако не друго научив дека и во непиењето млеко сме исти.:*

Јас не мислам така,а не е толку страшно,ке се прочисти телото од сите токсини кои ги консумиравме деновиве итекако прекумерено.:)
Тарзан јадел само овошје па пак преживеал.:D
Мелке не ме заебавај немож да се споредуем со Тарзи он ич не се замараал со факсовви, јас до крај на месец знаеш ли уште колку благи нешта треба да изедам ем со Saladin треба да идеме кај Љуц, ем роденден, ама се мерев пред некој ден 57 кг сум и мислим таман сум да се изјасни Trajche дали сум во право со висина од 1.70 не сум сигурна за висината метрото ми е невалидно се додека не покаже дека сум повисока од The_Mayor :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
со висина од 1.70 не сум сигурна за висината метрото ми е невалидно се додека не покаже дека сум повисока од The_Mayor :zelen
Ам ак носиш штикли 18ка или на стол да се качиш, мојт и повисока да си...ама не се секирај има и пониски ете на пример Ноне и Љиља Филипоска.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Јас само ќе ви дадам еден совет, проверете ја крвната слика пред да почнете со диетата и после 1-2 недели повторно.
Ова е клучната ствар во сите диети. Оној кој има холестерол практикува различна од оној што има триглицериди. Да не спомнувам за аномалии на црвени крвни зрнца, бели, и засирување на крвта.
 
Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Ќе ослабете вака, секако дека да, ама за 2 недели ќе си ги вратите килограмите.
Диетата е здрав режим на исхрана, а не овакви ми ти чуда.
Глупости.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and Saladin