Џамбазов Игор Шоу (ЏИШ)

warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
igor-dzambazov-.jpg

Ја гледавте ли првата епизода од ЏИШ?

После 100 године, седнав пред телевизор за да гледам македонска емисија.
По толку труење со Турски и Индиски сапунице, политика и турбофолк, мислев дека ова ќе биде тоа нешто што недостасуваше, наша продукција, ама се разочарав.

Мислев дека ќе биде нешто како Опуштено, со гости, муабети, зезање. Игор го сметам за шоумен, а не за комичар.
Да седне некој со него да напраат обичен муабет, ќе има најгледана емисија. А не емисија во која мажи се облакаат како жени. Ова повеќе наликува на Балкан Бенд и Верке Монтажерке...

Каде му се најавените гости?
Со ова ќе ја руши гледаноста на турските серии?
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Дајте луѓе да не се залажуваме.
Зар мислите дека нешто ќе ја наруши гледаноста на Турските серии?
Толку ли сте лесни во умот?
Се сеќавате ли на епохата на „Шпанските“ т.е. аргентинските, мексиканските, венецуелските Серии?
Дали имаше нешто што ја нарушуваше нивната гледаност?
Секако се’ додека не ни здосадија, па ги сервираа Турските.
Се сеќавам кога играа Перегрина и Жаде, дури ни Вести не се гледаа во тој период...
Таков ни е менталитетот и крај на муабетот.

Ќе спомнам политика:
Овој обид на имењакот Игор е залуден и истрошен. Веќе сите го познаваме. Исто како што е залуден обидот на Бранко против Грујо.(се извинувам што вметнувам политика - ако сметате дека треба санкција нека оди, ама морав за да доловам мислата)
Да дојдеше сега со шоу како Гледам супер бинго во времето кога Натали беше само тинејџерка се’ ќе беше поинаку, и можеби ќе украдеше некој процент од гледаноста на Величествениот, ама вака? Нее..... :)
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
И јас не го гледав ама според напишаново делува разочарувачки потрошен е Џамбазов оже е време да се пензионира а да се остави простор на помладите кои можеби ке дадат некои нови идеи со кои ке придобијат публиката од сите возрасти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Јас гледав.
Го очекував со нетрпение, ги одбројував минутите на саатот додека да почне... и тотално се разочарав.
Се сложувам со воведниот пост, повеќе очекував да биде некое talk-шоу.
Не знам дали е до мене, што не го контав хуморот, ама целата епизода чекав нешто да се случи... и ништо интересно не се случуваше... еднаш се насмеав на финтите за битолските надимаци, ама тоа е исфурано веќе по интернетов ехееее....
Баш ми е криво.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
И јас не го гледав ама според напишаново делува разочарувачки потрошен е Џамбазов оже е време да се пензионира а да се остави простор на помладите кои можеби ке дадат некои нови идеи со кои ке придобијат публиката од сите возрасти.
Кои млади?
Има некои?
Се има концепт за правење на забавни емисии?
Се има ли независен буџет за финансирање на истите? Или медиумиве постанаа премногу зависни од група на луѓе?

Јас мислам дека не е виновен Џамбаз толку колку што е виновен оној кој ја диригира отпозади емисијата. Џамбаз е само презентер, можда и човекот кој прифаќа или не за водење на емисијата. Но не и човекот кој се` осмислува, што како да тече.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Кои млади?
Има некои?
Се има концепт за правење на забавни емисии?
Се има ли независен буџет за финансирање на истите? Или медиумиве постанаа премногу зависни од група на луѓе?

Јас мислам дека не е виновен Џамбаз толку колку што е виновен оној кој ја диригира отпозади емисијата. Џамбаз е само презентер, можда и човекот кој прифаќа или не за водење на емисијата. Но не и човекот кој се` осмислува, што како да тече.
Како и да е,на сите ни е јасно што е Игор,лугево што гледале се разочарани од него,без разлика дали на него ке му се препише само изборот на емисија во која се нафатил да учествува.

Не го гледав а искрено и очекував дека ке разочара многумина,не за друго,од причина што се крена многу фама пред време.
Обично работите што вредат продукциите не ги најавуваат со месеци,доагааг изненадно.
А такво нешто нема одамна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and kizzo

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Како и да е,на сите ни е јасно што е Игор,лугево што гледале се разочарани од него,без разлика дали на него ке му се препише само изборот на емисија во која се нафатил да учествува.

Не го гледав а искрено и очекував дека ке разочара многумина,не за друго,од причина што се крена многу фама пред време.
Обично работите што вредат продукциите не ги најавуваат со месеци,доагааг изненадно.
А такво нешто нема одамна.
Не, јас сум разочаран од шоуто, типот на шоуто, концепот, ако воопшо може да се каже дека имаше.
Како шоумен, Џамбазов за мене е број еден, па десет празни, па наброј други...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Кои млади?
Има некои?
Се има концепт за правење на забавни емисии?
Се има ли независен буџет за финансирање на истите? Или медиумиве постанаа премногу зависни од група на луѓе?

Јас мислам дека не е виновен Џамбаз толку колку што е виновен оној кој ја диригира отпозади емисијата. Џамбаз е само презентер, можда и човекот кој прифаќа или не за водење на емисијата. Но не и човекот кој се` осмислува, што како да тече.
Во право си ете ме потсети дека сум во МКД и не дека нема млади кои можата повеќе да ја долават целта на емисија ама се знае како функционираат работите кај нас.