Љубовта на мајката е најсилна

Licno taa

Староседелец
28 јануари 2013
59
50
1,028
Љубовта на мајката е најсилна. Тоа е факт, исто така и не е генерално земено за точно. Сите луѓе не сме исти. Лично јас за секоја мака се обраќав кај татко ми - причина: тој е смирен човек со широко срце. За што било да му се обатев, ако беше во состојба ќе ми беше услишана молбата, ако пак ми речеше не никогаш не покушавав да му противречам. Додека пак мојата мила мамичка знаеше да ме шета до кај татко ми, не дека немаше да ми дозволи некој работи, туку едноставно не сакаше, не можеше или се плашеше сама да одлучи. Меѓутоа била жртва за мене и се уште е.
Спротивно на тоа, сега јас сум родител.
ОФФ. За мене едноставно љубовта не е збор. Не ми значи ништо ако некој ми рече те сакам. Сакам таа љубов да ја осетам што би се рекло на дело.
Често ќерка ми знае да ми рече: ич не е гушкаш, ти не ме сакаш ;).
По природа сум мирна особа, стрплива, и единствени на што можам да избувнам па и често знам да кажам дека и човек би убила, доколку некој покуша да ми повреди дете.
За темава може да зборуваме само од лично искуство, а не сме присутни во ничии дом за да можеме да им судиме за нивните постапки. За се, ама баш за се постои причина, зошто тоа така се случува.

Твоето тврдење го базираш на сопствено искуство како мајка?
Ќе зборуваме кога ќе се отворат картите на маса и кога ќе има поделба на имот или помош во чување на твоите деца или подршка во некои ситуации кои животот ги носи и кога е потребно повеќе од вербална комуникација.
Животот ќе ти потврди или одрече тоа што го тврдиш.
ОФФ Тоа го имам искусено од страна на мојот сопруг. А ќе ти кажам дека тоа е кривица на родителите. Секогаш имало и има страв кај родителите дека ако го препишат имотот т.е. го поделат, ќе избие караница, или дека ќе ги исфрлат на улица.
Некој ќе најде случај дека е тоа точно. Да и јас знам случаи, но ако децата ги воспиташ дека тие ти се еднакви, и покушаш правилно да ги воспиташ, да нема љубомора меѓу нив, да добие она дете кое во моментот има потреба, мислам дека нема до дојде до несакана ситуација.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Секое дете има подеднакво потреба за тоа што треба да го има братот или сестрата. Но секогаш послабите деца се повеќе заштитени од родителите. На прашањето зошто е тоа така, моите родители ми велеа дека јас се можам и сум силна и не ми треба помош. Во почетокот не го разбирав но сега мислам дека ми ја направиле најдобрата услуга , ми ја влеале самодовербата и од никого да не барам помош и да се справувам со се...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Licno taa and Pica pica

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Во денешно време љубовта кон детето од страна на мајката е најголема ако истота не можела, а сакала да го има многу години.
Јас пораснав без мајчинска љубов, не ни знам како треба тоа да изгледа, ниту пак ме заинтересирало некогаш.
Многу мајки си ги оставаат децата, некои остануваат трудни пред време и се каат подоцна, па не би рекла дека е најсилна.
Тој што се грижи за тебе и што те одгледал како да си негово дете без да каже збор, што рршавал задачи со тебе, што ти плаќал семестари тој највеќе те сака.
Клише муабет ми е тој дека мајчинската љубов е најсилна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕид на плачот

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
31
Скопје
Апсолутно, во целост се согласувам со она што го напишала Ѕвездичка. Кога го прочитав насловот, знаев и имав многу шо да кажам, меѓутоа Ѕвездичка ме претрка... :D
 

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Мајката највеќе те сака,мајката е најдобра другарка