1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Љубовта на мајката е најсилна

Дискусија во форумот 'Семејство' започната од Ivona Kicevo, 15 јуни 2012.

  1. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    ќе ја преместам темава во Дом и семејство
     
  2. Ана-Каренина

    Ана-Каренина Староседелец

    Зачленет на:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    998
    Допаѓања:
    1,749
    Ја видов сега темава и некако жал ми падна за поранешниот дечко....
    Кога имал 8 години мајка му го напуштила и сега веќе нема никаков контакт со неа...
     
  3. Primrose

    Primrose Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    680
    Допаѓања:
    1,288
    Сите мајки имаат убави деца. Ама мојава веќе претерала. :cool:

    На темава: Мајка ми е инат жена. Не е лоша. Само многу е тврдоглава. Едвај ја убедив за да пробам шеќерна депилација дома бре.Да не и го истрошам шеќерот. Не си го може со мене и попушта. :D
    Нејсе, најдобра мајка на цел свет имам. Ако има некој подобра од мојта, нека се јави. Ќе ги мериме која е повисока или ќе ги стаиме да трчаат, која побрзо.
    Понекогаш сака да е се по нејзино. Ретко кога е расположена, но кога е злато е.
     
    На Ivona Kicevo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ivona Kicevo

    Ivona Kicevo Полноправен Член

    Зачленет на:
    13 јуни 2012
    Мислења:
    38
    Допаѓања:
    27
    Јас со мојата мајка контактирам но ретко се гледам еднаш месечно навистина ми е жал што е во болница и слепа е јас нонстоп на работа и во друг град на болница одам еднаш месечно, најмногу ми е жал што имав татко болен во мозокот и малтретира ако сеуште живеевме со него денес сигурно и мене ќе ме повредеше како што мајками ја ослепи со удари. Зато сакам сите да ве посоветувам добро внимавајте со кого и со каков карактер стапувате во брак и со кого правите деца не е се во љубовта и до мозокот е. Јас и да се заљубам морам да проверам како ќе се живее со брачниот пар затоа што нема да ме боли мене но за дете срце може да ми се распара.
     
    На Prashina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Estelle

    Estelle Полноправен Член

    Зачленет на:
    20 октомври 2013
    Мислења:
    25
    Допаѓања:
    75
    Единствената вистинска љубов е онаа на една мајка кон своето дете.
    Незаменливо нешто.
    Кога ќе погледнам во очите на моето мало злато буквално се губам во нив.
    Во тој момент исчезнува сета нервоза,сета болка,сите проблеми.
    Таа љубов е неспоредлива со друг вид на љубов,љубов која нема очекувања,граници и причини.
    Мојата мајка е мое се.
    Кога бев тинејџерка баш и не се разбиравме,
    поточно би рекла јас не ја разбирав,
    но сега кога имам свое дете работите стојат поинаку и сфаќам колку сум среќна што ја имам.
    Да бидеш мајка е подарок од Бога.
     
    На MoonFairy, violetmoon, Prashina и уште 1 член му се допаѓа ова.
  6. Prashina

    Prashina Староседелец

    Зачленет на:
    28 јуни 2013
    Мислења:
    1,314
    Допаѓања:
    2,997
    Но дали љубовта на мајката кон сите свои деца е подеднаква?
    Дали мајката ги сака еднакво сите деца или има едно кое и е милениче и има посебен третман?;)
     
  7. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Зошто така мислиш? Зошто сите мајки ги ставаш во еден кош?
    Јас би рекол дека постојат мајки што ги раѓаат децата, а никогаш не им обрнуваат внимание ниту па им покажуваат љубов.
    Наспроти ваквите мајки има и онакви кои што се до таа мера пожртвувани за двете деца, што животот, здравјето, среќата, времето, буквално сѐ им подаруваат на сите свои деца.
    И, тука може да се спомнат и оние мајки што ги наведе ти.
    Ама, тоа не треба да значи дека „мајката“ како општ поим не е за сите деца еднаква.
     
  8. Lillian

    Lillian Истакнат Член

    Зачленет на:
    7 април 2013
    Мислења:
    198
    Допаѓања:
    263
    Постојат и татковци.Порано кога биле повеќе деца во едно семејство поголемите браќа и сестри се грижеле за помладите како да се нивни родители.
    Не е далеку Маја од вистината дека секогаш мајката си фаворизира едно чедо пред другите.
     
  9. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Ама немојте со вакви квази константации.
    Дај ми статистички податоци дека е така?
    Секако дека постојат и татковци, но темата е за мајки, затоа ги оставив во сенка, да беше темата „Љубовта на мајката и таткото е најсилна“ ќе напишев поинаку.
     
  10. Lillian

    Lillian Истакнат Член

    Зачленет на:
    7 април 2013
    Мислења:
    198
    Допаѓања:
    263
    Темата е ЉУБОВТА НА МАЈКАТА Е НАЈСИЛНА.
    Одговорот мој е НЕ,НЕ Е НАЈСИЛНА (ТАТКОТО НЕ ГО СПОМНУВАМ ДЕКА Е ЗА ДРУГА ТЕМА)

    Завод за статистика не работи фатил продолжен викенд.
     

Сподели: