1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Љубовни проблеми

Дискусија во форумот 'Љубов и секс' започната од Dea, 15 февруари 2012.

  1. ЛунаА

    ЛунаА Нов член

    Зачленет на:
    17 јануари 2019
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    0
    Hello guys

    Ко најпрвин се извинувам што ја отворив темава но од што сум толку очајна повеќе не знам каде да се обратам.

    Пред еден месец раскинав со дечкото поради грешка од двајцата.
    Бев фер да попуштам и да разговарам но заинтересираност од негова страна немаше.
    По се изгледа, воопшто му немав значено, си го продолжи животот, а јас се борам со чувствата.
    Блокната од сите соц. мрежи јас немам никаков контакт со него што до некој случај и подобро е.
    Но со секој изминат ден, мене наместо да ми биде подобро, мене ми е полошо.

    - подршка немам од другарки, само од мајка ми.
    - Речиси и да не можам никогаш да сметам на нив освен да бидам затрупана со еден куп обврски само за да не мислам на него.
    - Наместо да ми биде подобро, да се намалат емоциите, јас секој ден од други профили гледам што прави, како се однесува. Пробав некој период да не гледам, залудно е.

    Се плашам за себе, јас повеќе не знам како да постапам за да го отргнам од мислите, се плашам дека ќе најде друга и ќе формира семејство со нејзе (еднаш го имам доживеано тоа со мојот прв дечко и да кажам дека чувството воопшто не е убаво) а еден ден ќе се случи и тоа но не сум подготвена сега.

    По природа сум борец, овој пат се откажав бидејќи немам повеќе сила да се борам.
    Не личам на себе, не сум онаа борбена личност од порано, туку ослабена во тој смисол, се кршам и плачам.
    Тој е затворен тип, не е таков да скока од една на друга девојка но после тие низа настани кои ги следев повеќе не знам што да мислам за него.

    Знам, по тоа што ми го направи сум свесна дека не ме заслужува, и дека времето лечи се, но сум безпомошна во секој смисол.
     
  2. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,047
    Допаѓања:
    6,656
    @ЛунаА па, секогаш имаме тенденција да се опседнеме со тоа што (веќе) не е наше. Луѓе.
    Проблемот повеќе е во овој период што немаш другарки на кои можеш да се издуваш, а со родител е малце потешко, сепак не сме толку слободни да пцуеме, вреѓаме, колнеме ли, што год пред нив пошто родител ко родител, ќе го боли.
    А, штом си свесна дека не сте еден за друг, полека ќе помине периодот на жалење. Кога човек не е заинтересиран да разреши, сметам дека тоа е најголемиот индикатор дека одамна поминал интересот. Блокот е капак.
    Кога имаш бар некоја почит за другата страна, ќе сакаш да излезеш од таа врска бар ко човек, со разговор... а после, па, не е ни прва, ни последна врска, секој на свој начин ќе си се справи.
    Од еден паталец на друг, позната ми е ситуацијата, и ако ти значи, сметам дека тераш во правилна насока... освен со гледањето профил, ама ајде, рано е, ќе дојде веројатно и период кога ќе ти здосади тоа проверување.
    Дај си месец, два, три, да ги канализираш и исфрлиш правилно емоциите, па дали тоа ќе е преку пишување што мразиш за него (препорачувам), дали признавање на своите стравови, дали ќе трчаш или викаш да се издуваш, сеедно. Само не ги оставај на пауза, тоа е најлошото што можеш да си го направиш на психата што подоцна ќе ти има влијание врз наредната врска, ко еве, стравот дека ќе оформи фамилија со друга пошто во претходна врска така ти било.
    Гуд лак.
     
    На ЛунаА му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ЛунаА

    ЛунаА Нов член

    Зачленет на:
    17 јануари 2019
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    0
    @Electra фала ти на зборовите.

    До сега се ми одело добро во преболувањето, не ми бил прв, фала богу за недела две сум била супер, на нозе, сум продолжувала со животот.
    Сега поинаку е и не знам зошто ми е така, веројатно затоа што многу имав вложено во оваа врска, имавме планови за во иднина.
    Си ја префрлив вината во себе за моето заминување, и денес пробав да зборувам со него ама исто.
    Барем ќе знам дека се имам пробано...
    Не знам зошто сето тоа од негова страна, сето запознавање, сето шетање секаде со негови роднини и пријатели за да ме отстрани само поради тоа наместо да зборуваме.
     
  4. anamr4i111

    anamr4i111 Нов член

    Зачленет на:
    10 февруари 2019
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Не знам дали ја има темава но ме интересира дали во текот на менструацијата доколку машкото не сврши во тебе има некакви шанси за бременост.
     
  5. Russia

    Russia Нов член

    Зачленет на:
    7 јуни 2019
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    1
    Имам еден чуден проблем (ако може да се каже дека е проблем). Се гледам со девојка, која не е мажена, но има свое дете - шест години (таткото не го признал детето). Искрено, ептен ми е погодено со неа, и малце ми треба совет. Фино ми е со неа и би сакал да продолжам да се гледам...
     
  6. violetmoon

    violetmoon Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2,615
    Допаѓања:
    5,688
    Ок е све ова, но зошто ти треба совет не разбрав? Ако ти е убаво со неа, со нив оти сепак не е сама, нема што да се мислиш. Биди си со неа ако искрено ја сакаш, во спротивно не го навикнувај малото на твоето присуство во неговиот живот.
     
    На Prashina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Има два моменти кои треба да ги имаш секогаш на ум:
    1. Детето не е објект што ќе го присвоиш, купиш, земеш со себе на „шајка“... детето е дел од животот на таа мајка... и ако веќе таа одлучила да биде со тебе (а тоа да го прави пред очите на детето) во тебе гледа она што, за жал претходно го гледала во таткото на тоа дете, но ја изневерил. Значи, момент прв: немој да ја изневериш со своите несигурности, секогаш отворено зборувај ги со неа, бидејќи таа, сигурен сум, има повеќе мисли (дво/троумења) од тебе.
    2. „Фино ми е, би сакал да продолжам да се гледам“ е некако елемент на испит и за себе и за неа... не го ставај на испит и детето. Доколку сè уште не си сигурен за сè, ондак, чувај се во тајност. Нека не сети тоа друго, невино битие, дека испитуваш.
     
    На Ballet is my life и Prashina им се допаѓа ова.
  8. Russia

    Russia Нов член

    Зачленет на:
    7 јуни 2019
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    1
    Се уште сме многу тазе. А гледам дека е кревок човек. Башка, жени во ПМС се многу незгодни. Морам малце внимателно и без форсирање..
     
  9. Tea91

    Tea91 Нов член

    Зачленет на:
    15 јуни 2019
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo, bi sakala da dobijam mislenje na slednava tema. Od pred 1 i pol zapoznav eden decko i izlegovme naj normalno na pijacka, posle toa na kafe i sme non stop vo komunijacija so pisuvanje na Viber. No koga i da mu spomnam da se vidime on ja isbegnuva taa tema ili posle tolku dogovaranje se gledane docna navecer t. e. pesacime no retko. Preku Viber ni se i na 2ta iskzani cuvstvata i bukvalno sekoja nok pisuvame dosta dolgo, sme zapoznaeni so site raboti i sme zborele i na seksualni temi, duri i sme planirale patuvanja i planovi za idnina. No problemot e sto on porai nekoja pricina odbegnuva sreba... Sto mislite na sto bi se dolzelo toa? Vi blagodaram odnapred i se nadevam deka razmisluvanjata vasi ke mi pomognat.
     
  10. Ballet is my life

    Ballet is my life Истакнат Член

    Зачленет на:
    9 јуни 2018
    Мислења:
    281
    Допаѓања:
    85
    Зошто ако сте пишувале на толку многу теми, одбива средба? Нема поента. Плус викаш дека сте искачале доцна навечер на пешачење. Можно е да те мавта, да се срами од тебе или да се плаши да не го види некој со тебе. Има причина некоја сигурно. Зборувај со него на таа тема што побргу, за да не се разочараш можеби
     

Сподели: