1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Љубовни проблеми

Дискусија во форумот 'Љубов и секс' започната од Dea, 15 февруари 2012.

  1. Mnogo Bitno

    Mnogo Bitno Староседелец

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,721
    Допаѓања:
    752
    Па види,јас сум конкретен скоро за се во животот и многу самокритичен, да ги мењавам само сега по ретко и по не така амбициозно :) сум и тоа како конкретен со нешто што е сериозно,не можеш на се да гледаш сериозно и да очекуваш исто така,мислам дека си свесна за тоа,така да сето тоа е производ на нешто ново и ново,временцево ни донесе таков живот,а колку и да сакаш и се трудиш да не го живееш таков едноставно не можеш..има и такви кој кога ќе станат си го местат креветот по дома што е ретко денес,тргнувајќи од креветот да не навлагам па во текот на денот :confused: и кога ќе дојдеме до заклучокот на крај дека е така,тогаш ќе кажеш да така е :) ;) NO NAME плис :gus
     
  2. Makedonec

    Makedonec Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,466
    Допаѓања:
    1,185
    Не зборам брату да е некоја што ќе сака да се плеска со сите или некоја која ќе биде со мене ради секс, туку некоја која ќе има широки сфаќања и врската пред се ќе ја сфаќа ко другарство и не обавеза, а не ко робија и цело време докажување кој е во право.
     
  3. Struggler

    Struggler Староседелец

    Зачленет на:
    19 јануари 2013
    Мислења:
    1,755
    Допаѓања:
    1,002
    i give up, neka ti pomogne nekoj drug.
     
    На Makedonec му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mnogo Bitno

    Mnogo Bitno Староседелец

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,721
    Допаѓања:
    752
    Нема таква ти кажав,а плус таква што не се плеска со секој втор и да не ја сваќа врската како сериозна туку како другарство тоа па ич го нема,по мене нај добра опција ти е таа првата што ја наведе ВЕРУВАЈ :cool:
     
    На Makedonec му/ѝ се допаѓа ова.
  5. incule

    incule Староседелец

    Зачленет на:
    5 јануари 2015
    Мислења:
    731
    Допаѓања:
    121
    Е неможе врска без обавеза,не постои таква врска,во секоја врска има обавези и обврски
     
  6. escape

    escape Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,170
    Допаѓања:
    2,232
    Извини за името нема да се повтори :)
    Можеби поради таа твоја самокритичност ги менуваш толку често (сега поретко) девојките, можеби се плашиш да се зближиш со некоја девојка, можеби и не веруваш дека некоја може да те засака затоа што си самокритичен, а одговор на сето тоа го бараш во новото време кое ни "наметна" таков живот.
    Никој ништо не ни наметнува Fenix. Ако самите не одлучиме да живееме таков живот само колку да сме во тек со времето никој не може да не натера на сила. За жал повеќето сакаат да бидат во тек со времето. Се плашат дека ќе ја изгубат слободата која со ова ново време ја имаат во изобилство. Па поради тоа добиваат сосема погрешна слика за сериозноста. Нормално дека не треба секогаш за се да гледаш и да се однесуваш сериозно (тоа е веќе друга проблематика), ама не е нормално и некои основни работи да ги земаш толку несериозно.
    Еве @__Fenix__ кажи ми конкретно мислење за тоа како ти гледаш на една сериозна врска т.е што претставува за тебе една сериозна врска, како треба да се однесуваш и како да се однесуваат со тебе?
    Дали мислиш дека треба да постојат некои очекувања од двете страни? Дали во една сериозна врска треба да се заборават пријателите и целиот свет да почне да се врти околу вас? Исто така дали треба нон-стоп да докажуваш или да бараш да ти докажуваат дека постои привлечност, љубов итн. И најбитното, дали со самото тоа што веќе ќе бидете во сериозна врска значи дека следниот месец веќе мора да имате закажано во матично?
    Намерно те прашувам за ова погоре затоа што 90% од мажите (па веќе по новово време и жените) кога ќе им спомнат сериозна врска прво нешто што им иде на ум се токму тие прашања.
    А сосема забораваат дека најдобриот пријател може да ти биде и најдобар партнер во животот. Забораваат и на дружењето, смеењето, и уживањето во животот заедно. Сериозната врска не е обврска ниту пак правило дека мора да бидеш и да почитуваш некои си норми.
     
    На Artist и Makedonec им се допаѓа ова.
  7. Solstice

    Solstice Nujabes

    Зачленет на:
    28 август 2012
    Мислења:
    1,413
    Допаѓања:
    1,536
    Од лично искуство, немам налетано на таква, а имам пробувано. Укапирав дека ако на девојка и ја дадеш целата слобода, нема да знае што да прави со неа, и ќе проба твојата слобода да биде помала од нејзината. Валда си мислат дека ако машко не е clingy, и ако се однесува нормално со нив, нешто не е во ред. Такада, или ќе ти биде само другарка, или само девојка. Тоа измеѓу го има само коа си у врска у која има љубов и разбирање, а тоа не можеш да го исфорсираш.
     
    На Makedonec и incule им се допаѓа ова.
  8. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Нема правила, тоа ти е како лотарија, зависи на што ќе налеташ а и не може да му биде другарка таа пошто веќе има емоции кон него, љубомора не се појавува од другарски тип на релации:pusi
    Мислам македонец повеќе мисли на 1/4 врска под тоа широки сфаќања, секс ова она, заебанции, филмчиња, торенти, ГТА вајси сити на пц, чат пат искачања и да не го смара ако си шмека нешто настрана, онака, лабаво :kafe
    Пошто има 1/8 врски, 1/4, 1/2 и прави врски, зависи од околности, потреби, сфаќања, па и трауми, географии многу фактори играат улога.

    Јас како изразито емоционална и романтична особа не би се впуштал во такви ствари, можеби е до возраста, а можеби и не е пошто отсекогаш сум бил таков...
    Има луѓе кои цел живот се несериозни, има некои со тек на време менуваат ставови и потреби, има свашта, ретко е да се најдат две компатибилни особи истовремено :unsure
     
  9. MoonFairy

    MoonFairy Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,275
    Допаѓања:
    1,896
    @Makedonec
    Со оглед на тоа дека си 20 годишен, си размислуваш најок за годините...
    Така треба да размислува млад човек на твои години...
    Треба да се забавуваш, да уживаш, да се дружиш, да не се врзуваш за една, зашто си премногу млад...
    На девојката културно кажи и` чао, зашто не вреди да си трошиш зборови, енергија и време ако сам си одлучил да не бидеш во сериозна врска и ако сега за сега не си за такво нешто...
    Очигледно имате различен став по тоа прашање и не вреди да се натегате...Едноставно секој по својот пат со својата среќа па што биде нека биде...
    А девојка каква што си замислил, сигурна сум дека ќе најдеш...Нека не те залажуваат дека такви не постојат...постојат и те како, само не си налетал ти на тој тип на девојка...Ама се` во свое време :)
     
    На Аркантос и Makedonec им се допаѓа ова.
  10. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    345
    Тој тип на девојки за кои велиш дека постојат, дремат пред мтв....врска без љубов нема а таму каде што има љубов секој момент се користи да се биде заедно.
     
    На incule му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: