Љубовни проблеми

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Искрено многу чудно дете си Македонец. Како може ако некогаш ми се засвиѓа? Се знае, ако ти се свиѓа и се додворуваш и фајде. Ако не те привлекува толку ќе си бидите пријатели.
По неостварената љубов во последниов случај тотално некако се изменив. Порано кога сум свиѓал некоја најпрво тоа било физичкиот изглед, а сега ако не ми биде најпрво другарка и да е добар карактер колку и да е убава не би инсистирал нешто за врска.
Отидена е работата одамна. Запознавај ново. Оваа само ќе ти остане за успомена и дуго сечање.
Знам, се немаме видено од тогаш, но болката се уште постои. Дискотеката, парфемот, местата на кои сме искачале, разговорите, спомените, се ме потсеќа на неа и на она што се случи и секојдневно ме става во една состојба на болка на душата. Добро може сега си викате забегал овој, но не верував дека од љубов може волку да боли.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
По неостварената љубов во последниов случај тотално некако се изменив. Порано кога сум свиѓал некоја најпрво тоа било физичкиот изглед, а сега ако не ми биде најпрво другарка и да е добар карактер колку и да е убава не би инсистирал нешто за врска.

Знам, се немаме видено од тогаш, но болката се уште постои. Дискотеката, парфемот, местата на кои сме искачале, разговорите, спомените, се ме потсеќа на неа и на она што се случи и секојдневно ме става во една состојба на болка на душата. Добро може сега си викате забегал овој, но не верував дека од љубов може волку да боли.
Не си забегал бе друже, сосема е нормално тоа. И временски може да трае една вечност, може понекогаш ќе ти виреат некои убави спомени со неа дури и кога ќе најдеш некоја друга.
Но се челичиш, со тек на време сам ќе осетиш што значи нешто што е повремено (што се појавува на моменти но и брзо се гаси - примерот со присеќавањето на убавите моменти со неа), а што е повеќе вредно да се бориш - новата љубов која ќе те исполнува во целост. Затоа што љубовта е многу повеќе од парфем и прекрасни спомени. Но за тоа, потоа. Сега само терај вака. Дружи се, искачај, запознавај ново. Многу поголем прогрес имаш иако баш сеа не го осеќаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
По неостварената љубов во последниов случај тотално некако се изменив. Порано кога сум свиѓал некоја најпрво тоа било физичкиот изглед, а сега ако не ми биде најпрво другарка и да е добар карактер колку и да е убава не би инсистирал нешто за врска.

Знам, се немаме видено од тогаш, но болката се уште постои. Дискотеката, парфемот, местата на кои сме искачале, разговорите, спомените, се ме потсеќа на неа и на она што се случи и секојдневно ме става во една состојба на болка на душата. Добро може сега си викате забегал овој, но не верував дека од љубов може волку да боли.
А кој рекол дека мора да биде врска? :zelen Пробај, како беше се викаше она 'мувај се' со неа види како е лапање ова она дали ти се свиѓа и во меѓувреме запознај ја. И другарка да ти била да бидите у врска не е исто како да сте само пријатели. ПС Зошто не ти верувам ? После она со матурската нема да ме убедиш дека не гледаш дали е убава. Ти на матура не би отишол со некоја 'неубава' а не па за цел живот еве да речиме.
Како шо кажав, никој не можеш да го знаеш 100%. На некој дури после три години ќе му го видиш вистинското лице. И треба за три години да бидите само пријатели? Посебно девојките на твоја возраст едвај чекаат да си фанат дечко, хормоните му летат на сите страни. Никоја не би те чекала толку време.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast and Kisserboy

За мување нема никаков проблем, по случката со неа сум бил и со други чисто од забава и физичка привлечност, но не и од љубов. По неа не можам некако бар во скоро време да осетам љубов и одма на врска да се префрлам.
И не одрекувам физичкиот изглед е многу битен, тој ќе те привлече, но што потоа??
Потоа карактерот пресудува дали ќе продолжите или не, тоа е тоа што порано и не ми значело нешто многу.
 
Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
За мување нема никаков проблем, по случката со неа сум бил и со други чисто од забава и физичка привлечност, но не и од љубов. По неа не можам некако бар во скоро време да осетам љубов и одма на врска да се префрлам.
И не одрекувам физичкиот изглед е многу битен, тој ќе те привлече, но што потоа??
Потоа карактерот пресудува дали ќе продолжите или не, тоа е тоа што порано и не ми значело нешто многу.
Чекај дете, љубовта не иде туку така. Ај сеа ќе се заљубам. Треба да ти дојде природно а не да форсираш. Ако зборуваме за истата за која бараше совет па те откачила пред вецето, тоа нели беше сеа не толку одамна? Не дека си заљубен, јас попрво би го нарекол тоа инает е сеа оти не е моја. Секогаш тоа што не можеме да го имаме ни е послатко она понедостижното. Been there done that. Она што не можеме да го имаме најчесто го идеализираме. Да тоа е совршено и затоа е надвор од нашиот дофат. Јас имам другари што на 21 година сеуште се немаат заљубено, а ти 18 и као не си се заљубил. Па чекај бе дете рано е, некои ја запознаваат љубовта на 15 други на 25 години трети на 35 и така натаму. Дај си време знам тешко е кога ќе бидиш одбиен али со текот на времето ќе сфатиш дека за џабе си драматизирал и ќе се смееш на овие патетики као нема да се заљубам и слично.
Значи се на се земено заедно, треба да се опуштиш и да запознаваш нови луѓе. Излевај почесто, дружи се, волонтирај на разни места, верувај никогаш не знаеш каде ќе ја сретниш љубовта. Млад си уживај во животот знам сега младината кул си ако патиш за љубовта ако пишуваш депресивни статуси и слично (верувај братучетка ми едвај ја трпам со нејзините испади за невозможна љубов а сеуште немала ни дечко) така да не мисли на тоа. Целиот живот е пред тебе уживај смени си и види која најдобро ти одговара и онака рано ти е уште за женење :)
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не е работата дали и кога е рано/доцна.
Финтата е што Македонец во моментот мисли дека после оваа потоп.
За да не биде потоп, најдобро решение е да ја избришеш од секаков контакт. Те опструира, лажни надежи, идолизирање на нешто што мислиш дека ти е многу блиско но во права смисла има уште многу место за истражување кое за некои околности не можеш да продолжиш понатака. Стигаш до рампата каде мислиш дека е крајот и дека дотука е доволно да ја познаваш неа, но има уште многу многу понатака. Но рампата не се крева и ти не можеш да одиш понатака. Тоа попопуларно се вика friendzone иако на друг начин би се протолкувало фино удирање корпа од женската страна. Затоа што си и` потребен за да и` правиш его буст кога и` е лошо, но не сака да има ништо со тебе бидејќи за разлика од кај неа, кај тебе нема рампи и она те има можност да те истражува до најдлабокиот дел од твојата душа, што и го прави тоа, но не наоѓа нешто повеќе да се сврзе со тебе во некаква машкоженска врска. Значи освен твојата отвореност да и` пружиш буквално секаква поддршка, друго не и` е компатибилно со нејзините побарувања. За да не ја злоупотребува твојата отвореност, треба да се дистанцираш од неа. На било каков начин, со било каква помош од блиските. Некој ќе ти даде поддршка, со друг ќе искачаш за да бркаш нов плен, по дома ќе те трпат со твоето драматично расположение, но тоа е... животиште. Да не се повторувам, од клучна важност е да излегуваш надвор и да запознаваш нови луѓе. Ако немаш такви околности (мало место) можеш и виртуелно, стави се во некои сигурни чет места и праи муабет со девојки, машки од секаде низ светот онака чисто од забава. Ќе видиш дека работите не се вртат околу една едина ствар, дека животот иде даље и без да те праша дали целодневно си го гувиш времето трескајќи си ја главата од земја. Што побрзо го осознаеш ова, тоа помалку ќе се нервираш подоцна. А ќе осознаеш. Со време, за секој различно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Како почнувате врска (обврска) со одредена личност? Поточно според новово време што точно сега се подразбира под врска?
Чисто сакам да си знам од друга преспектива оти некако моиве мислења се малку заглавени во минатото. (think)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden and Makedonec

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Како почнувате врска (обврска) со одредена личност? Поточно според новово време што точно сега се подразбира под врска?
Чисто сакам да си знам од друга преспектива оти некако моиве мислења се малку заглавени во минатото. (think)
Порано се знаело ќе се фатите за рака, ќе се бакните и во врска сте. Денеска ќе се сокапите од еб*ње и па не знајш на шо сте :zelen
 
Глуварче

Нов член
30 август 2016
4
0
1
26
Ќе ве замолам за совет. Мојата ситуација е следна...Има едно момче кое го знам од можеби година и фазла, и ми се бендиса тоа кај него што сме скроз исти во карактер и се. И така со тек на време како што се запознавме сфативме дека сме исти, и самиот тој ми го има кажано тоа. Во многу работи се пронајдуваме, исти карактери и се. И така уз муабет еднаш си ги кажувавме проблемите јас му кажував тоа дека сум страшен баксуз во љубовта а и тој исто така ми кажа дека воопшто нема среќа. И така ми се отвори порано дека бил во долга врска и само еднаш во животот сакал многу и бил премногу повреден од нејзина страна. И тогаш ми кажа дека чуствува нешто кон мене, дека ме свиѓа, ама дека неможи да си дозволи да бидиме заедно оти тој неможел да си дозволи да ме повреди и тврди дека не ме заслужува. Ми кажувале порано дека единствениот маж што те заслужува е оној кој мисли дека не те заслужува. Што мислите вие дали е така? Но сепак ние решивме да си останиме само другарчиња. И јас како другарка што да правам, иако јас го сакав му давав совети и му предложив да се проба и тој упорно ми велеше дека не бил спремен за љубов и врска повторно, не сакал да биди пак повреден. И така помина време и јас си најдов еден идиот што полека почнував да се заљубувам во него и да го заборавам "другарми" да речам, па се запоставивме и си останавме на едно здраво. Но сега брзо повторно стапивме повторно во контакт одкако се скарав со дечкото. и еден ден двајцата баксузи во љубовта се решивме да се пробаме и да излезиме и мене ми беше искрено како од соништата. Но сепак да не се препуштаме одма решивме да не бидиме ништо сериозно но сепак се понашавме како некој пар и си љубоморевме еден на друг, неговите другари ме знаеја мене, моите него. Не ме криеше од светот да речите, излегувавме пред сите само не излегувавме многу често. И сега пред некоја ден конечно му кажав како се чуствувам кога сум со него и дека баш ми годи и тој неочекувано ми кажа дека не бил среќен. Но се закаравме и во нервоза му реков да престаниме со ова што го правиме веќе да не се мачиме еден со друг но ова го кажав безмислено. Тој ми рече дека сакал да се гледа со мене, дека единствена сум јас во долго време што се пробал но не е среќен и ми рече да не престануваме не го сакал тоа, само да не ја форсираме многу и да му дадам малце време за да почниме да се врзуваме. И сега ве молам помогнетеми како да постапам? Искрено несакам да се откажам од него и да го изгубам повторно пошто му ја знам целата ситуација и го потполно го разбирам. Срепмна сум се да направам. Кажетеми како да постапувам со него да го направам среќен? Кои совети можете да ми ги дадете? Како вие би постапиле? Сакам да бидиме нешто посериозно ако треба и ќе чекам само прашањето ми е во меѓувреме што да направам за да го усреќам додека излегуваме, како да се понашам? Како да му дадам до знаење дека може да ми верува, да биди со мене и дека никогаш нема да го повредам како бившата? Вемолам помогнетеми :unsure
 
kompjuter

Истакнат Член
24 јули 2016
9
0
101
27
не дека е кујзнае каков проблем, но ми треба стварно совет
еден близок другар ми предложи да ми мести некој негов другар и ајде ми покажа слика си викам океј е нека ме запознае па да видиме што ќе се случува и се договоривме кога ќе искочиме ако ми се засвиѓа да го праша шо мисли за мене и сега се искочивме сите тројца, седнавме во кафич си правевме муабет со неговиот другар се беше ок супер, фин беше ми се допадна овака и ме испратија до негде и они двајца си продолжиле накај дома и сега мојов другар го прашал каков впечаток сум му оставила? и овој рекол па добар впечаток ми остави, добро девојче е, и после го прашал а дали ти е симпатична? и овој му рекол дека сум симпатична, добра женска сум била требало некој да ме фати, и секако кога ова ми го пренесе другаров ќе летнев од возбуда онака од прво среќавање ваков впечаток и му реков на другаров да му пренесе дека и мене ми оставил овој многу добар впечаток и другаров пренел и тоа било се, јас го аднав прва на фб ме прифати но не се допишуваме, е сега пак ќе договори другаров да искочиме се надевам ќе биде деновиве, и вчера и денес го одби за искачање неговиов другар бил договорен со некој друг
е сега како да пристапиме до другаров да му каже на овој дека ми се допаѓа без да е нападно и форсирање?
и како некако да дознае дали ме свиѓа?
што мислите дека е во ред за ова напишете