1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Љубовни проблеми

Дискусија во форумот 'Љубов и секс' започната од Dea, 15 февруари 2012.

  1. Dea

    Dea Активен Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    156
    Допаѓања:
    196
    Имам симпатија, а можеби е и повеќе од симпатија, но тој има девојка. Вчера дознав дека сега се официјално во врска. Не знам што да правам... прв пат вака се чувствувам скршено, иако другарките ми помагаат и викаат дека треба веќе да го заборавам, не можам. Секој ден го гледам и не знам што да правам.

    Дали вие постарите и поискусните би ме советувале нешто? :(
     
    На Loner и belabelina им се допаѓа ова.
  2. Proton

    Proton Староседелец

    Зачленет на:
    12 февруари 2012
    Мислења:
    127
    Допаѓања:
    262
    Според твојата возраст, одма ќе ти кажам - ич да не му се секираш.

    Совет од машко: Колку повеќе делуваш незаинтересирано - толку повеќе ќе го привлечеш. :)

    Be cool :cool:
     
    На Loner, gabi96, Butterfly^^ и уште 10 други им се допаѓа ова.
  3. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,419
    Дај си ден, два, три... тагувај малку, па насмеј се. Сврти се околу себе и забавувај се. Има време за сѐ и сѐ во свое време. Љубовта ќе те најде сама, тогаш кога ќе престанеш да ја бараш. Скршеното срце боли во почетокот, по некое време ќе ти биде само убав спомен. Звучи чудно, но така е :)
     
    На malo, Aferra и LittleButterfly им се допаѓа ова.
  4. Dea

    Dea Активен Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    156
    Допаѓања:
    196
    :) Фача Протон! Другарка ми ми го има кажано тој совет, ама не можам да издржам. Ќе пробам да го заборавам и да не му ја секирам :)
     
  5. Dea

    Dea Активен Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    156
    Допаѓања:
    196
    :) И ќе си дадам време, ќе размислам и ќе се разведрам... се надевам. Фала!
     
  6. Grim Reaper

    Grim Reaper Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    326
    Допаѓања:
    338
    Се согласувам со Proton, многу добар совет имаш од него. А и уште си да речам мала, така да пред тебе има време за многу симпатии, дечковци итн :)
     
    На MATEJA му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Proton

    Proton Староседелец

    Зачленет на:
    12 февруари 2012
    Мислења:
    127
    Допаѓања:
    262
    Верувам дека неможеш да издржиш и вриштиш :frantic од внатре, ама не го покажувај тоа (барем не пред него) :)
     
  8. Elizabeth Bathory

    Elizabeth Bathory Истакнат Член

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    352
    Допаѓања:
    405
    Уживај ќе ти биде тешко неколку дена, ама ќе ти помине па потоа ќе се смееш на сето тоа. Ако мислиш дека нема иднина со него ете има девојка подобро на време заборави го , не си давај лажна надеж себеси, само ќе ти биде уште потешко. Крени глава не е едниствен на светот. ;)
     
    На пријателство и MATEJA им се допаѓа ова.
  9. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,419
    Уживај. Убавини допрва те чекаат :)
     
    На Dea му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LadyInPink

    LadyInPink Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,239
    Допаѓања:
    1,758
    Протон ти даде најубав совет. Ич не се секирај. Утре ќе сретнеш друго момче, трето, четврто... Овој ќе ти остане како спомен од првата љубов или симпатија...;)
     
    На belabelina и Dea им се допаѓа ова.

Сподели: