Во минатото писмата биле единствената утеха на разделените љубовници кои само преку писмо можеле да ги изразат најдлабоките чувства кои понекогаш се спротивставувале на тогашните морални начела.
Сега за жал многу ретко(скоро никогаш)пишуваме писма,но затоа пак засекогаш ќе останат запаметени писмата на некои од великаните како доказ дека и мажите знаат да изјават љубов,кога станува збор за вистинската.
Еве да почнам јас
За Ана Болејн,
мојата господарка и пријателка
Своето срце и целото свое битие ти ги предадов в раце, со надеж дека со тоа ќе ѝ се препорачам на твојата милост и дека наклоноста што ја чувствуваш кон мене нема да се намали поради отсуството, зашто тоа само би ја засилило болката што ми ја мачи душата, што би било вистински грев, зашто самиот факт дека сме разделени веќе ми нанесува доволно страдање, дури и повеќе отколку што сум можел да замислам некогаш. Тоа неминовно ме тера да се потсетам на еден астрономски факт. Имено, колку се подалеку половите од сонцето, жештината, и покрај тоа, е посилна. Исто е и со нашата љубов. Далечината се испречи меѓу нас, но жарот на нашите срца, и покрај тоа, се засилува – барем што се однесува до мене. Се надевам дека истото важи и за тебе и те уверувам дека болката поради разделеноста во мојот случај е толку силна, што би била неподнослива ако не живеам во цврста вера дека ја уживам твојата безгранична и неминлива наклоност. За да те потсетам на тоа, и затоа што телесно не можам да бидам со тебе, ти праќам нешто што во најголема можна мера ќе ти го замени моето присуство – поточно, својата слика – како и подарокот што ти го споменав порано, со надеж дека, кога ќе го посакаш тоа, ќе го завземам нивното место.
Своерачно, Твојот слуга и пријател,
Х.Р.
(Хенри VIII)