Љубовна поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Те има уште во мене,
спонтано,
во круговите од лонгплеј плочата,
заборавена од нашите,
измиена со твојата кратка коса,
над гробот наш еден и последен,
изгребан со камена игла,
од стариот јас и помладата ти,
без да те барам,
и бараш,
навираш така ефтино,
а скапоцено завираш,
во оваа ноќ,
за да би постоел денот,
кој не го мразам поради тебе,
поради себе,
и се што не сме,
како што некогаш бевме,
сонливи,
изгорени од сонцето,
погладни од крштевање,
во векот во кој постоиме,
и ги ситниме годините,
без љубов,
за љубов.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy and Prashina

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Ти си ми како сон
нежен
кој ме допира по потреба
и на моменти мислам
дека се е така кратко да би ја допрела реалноста
да би се допрела себе
во тебе
како нежна свила што го допира лицево
да избрише солза
од душава создадена
толку вистинита
а сепак фантазија
на брегот
до кој допливува срцево
по не знам кој пат
да отчука уште една тишина
уште еден збор неизговорен
кој тече во крвта
да потсети дека сепак постојам
за да те љубам
во тој момент вечен
кој одѕвонува
низ боите на виножитото од шарени рози
во очите на црниот гавран
во кој и смртта исчезнува
за миг
и не постои ништо
само јас
и ти во мене
на црни крилја
од ноќта создадени
за одговор еден во тој сон
немоќен
а толку моќен
сон благословен
од бог и небог
од мене без тебе,
некаде.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Само мој

Откако го видов,
ликот твој,
го сонам,
ноќ за ноќ,
премолчена,
во твоите очи светли,
сребрена,
се истура тој од далеку,
како нежен дожд,
заробен од години и години,
врз моето лице,
разиграно за твоето,
и да е еден,
од космосот безвремен,
би останала таму накисната,
така преблиску,
до тебе,
до себе,
со сите тие ѕвезди недогледни,
и таа една луна,
што ме допираат,
бран за бран мраморен,
врз усниве песочни,
со тебе вечни,
и погледи небесни,
допрени хоризонти,
што исчезнуваат пред сонцето од мугрите навезено,
на оваа земја,
што не ја допирам,
која ја претвораш во себичен рај,
само мој.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Белегот на вечноста

Таа платонска птица,
чии крилја сме јас и ти,
го допира белегот на вечноста,
во блесокот,
за кој мечтаев години и години,
без да го почувствувам,
дур не се појави ти,
толку потребна,
како виножито во една летна ноќ,
лек за мугра,
да ги скрши витражите од илузии,
кои ми ги параа сонишата безмилосно,
под ова небо сечие,
во очиве,
само твое.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Зборови

Зборови украдени од потпетиците на љубовта,
развигори во ноќта,
што говорат и брусат,
во мирисот на тој темен дом,
на моето тело,
кој ме крие од лицето на сонцето,
и заводливо ме лекуваат,
од себе насмеан,
за тебе несреќен,
со еден сон без корени,
создаден горчлив,
од најубави цветови,
што со тивок оган горат солзи,
црни,
тајно и нечујно,
ко филмско платно,
немо,
каде едрам будно,
толку бучен,
од себе,
за да те сретнам тебе,
и твојот вкус на усните,
од зрели плодови,
изгазени од есента.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ти

Само ти,
можеш да ја разбереш,
оваа бранувана крв,
подготвена да истече,
и обои едно зајдисонце,
да ти се предаде,
во немоќ да ја досегне таа далечина,
во твоите очи темни,
за кои чезнее секоја ноќ,
и дели нешто со нив,
во сон за сон,
за засолниште,
но таму времето застанало,
и тапо боли во коскиве,
како да умира со секој ден,
од мене по еден,
збор за тебе,
а никаде заборав,
никаде небо,
да ме пронајде,
никаде земја покриена,
да ме сокрие,
и да е сево ова една игра на чувствата,
трае премногу долго,
да не знам веќе да препознаам,
дали е убавина,
или мој грд отсјај,
во тоа море од гревови,
а премногу се,
своеглаво брануваат,
така невино и одамна милно,
без допир,
го расекуваат,
живиот во ова тело,
и како е да е тоа премалку,
и во него мртвиот.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ако не е така

Поема, стихови, зборови,
песок и носталгија,
топли години и вкусови,
лица и улици,
еден јас и ти,
никогаш блиски,
во ноќта ноктурна,
заспана,
која не заплакува гладна,
како суводолица за дожд жедна,
да протече една среќа,
и во неа еден сон,
залуден,
во кој тагата се буди,
и ја допира месечината,
која едвај ја препознав,
на тоа небо кое се скорива,
како стар ден,
кој ме гони,
на кој никој не се сеќава,
така блед,
за да го погледнам низ твоите коси,
негувајќи еден гроб тажен,
со арија надвор од сета убавина,
и живее,
дур те љубам со сето зло во мене,
и рај од него,
кој гори,
затворен во кафез,
во кој птиците полетуваат,
безимено,
во мугрите,
ако не е така,
убиј те ме,
не сакам да вредам,
помалку од моќта на зората.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Повторно најдени

Волк меѓу луѓе,
пред него оган од толку очи,
во маглата од гаврански крикови замачкани,
болни,
а тој така лесно ги отвора неговите за твоите,
и тоа биење кое завива презреано во срцето негово правејќи неред во телото студено,
како да е создадено од твоите дождови кои искрат несебично,
зборови нежни и млади,
од љубовта исткаени,
толку малку што му се потребни,
да создадат една галаксија,
и од неа јато кое расцветува во ноќта,
во која ти е тешко кога немееш,
сама,
без неговата прегратка,
втисната во твоите восочни гради,
мислејќи дека светлината паѓа на земјата и таму останува,
со тебе,
но небото бранува и повторно зарива и ја издишува,
во неговата глад за тебе,
таа светлина која не умира,
безвремено,
каде се почнува,
од почеток,
негов и твој,
без допир и крај,
во конак без одмор за уморни души,
кои спојуваат хоризонти,
прелетани и загубени,
и повторно најдени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Минута на тагата,
ја има,
трезна и пијана,
во денот и ноќта,
во тебе и во мене,
задишана од мачни бранови,
понекогаш знае да се сокрие,
позади некој рапав агол,
изглодан од времето,
во морето помодрено од нашите дамари,
но стои и постои,
навалена перверзно со темен превез покриена,
како што ти постоиш,
со тие темни очи,
некаде во некој прозорец,
кој го осветлува градот ноќе,
дур срцево одбројува,
и го премолчува твоето име,
тагувајќи среќно,
во тие 60 секунди на вистина,
после цагерот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Јас не можам да побегнам од тебе

Ми го одзимаш здивот,
сите овие години,
и никако да ме убиеш,
да се убиеш,
со и без твојот збор,
јас не сум среќен,
и те чекам,
да се појавиш на мојот пат,
далечна и бледa во таа слика бесконечна,
да те оживеам и обојам,
со сенките на моите соништа,
и да те прашам,
што е тоа,
толку моќно во тебе,
што се уште гори,
со истиот жар во мене,
и не може да ме измори и изгори,
од толку очи во очиве,
само од твоите,
извор,
кој ги напојува моите,
и се што можам да ти кажам,
не,
јас не можам да побегнам од тебе.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*