Љубовна поезија

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Таму сме,
на крајот од хоризонтот,
кај што сонцето се претопува во полната месечина,
помеѓу белите и сивите облаци на небото,
помеѓу две лулашки од еднобојно виножито,
кои потајно нишајќи се ги мешаме,
помеѓу земјата и она под неа,
на линијата помеѓу присутноста и отсутноста,
помеѓу нежноста и певерзноста,
онаму каде војуваат магичната имагинација и реалноста ранлива,
и се граничат љубовта и лудилото,
помеѓу два крвотока од дим и вино,
пулсот и мртвилото,
мислата и делото,
спокојот во ноќта и хаосот во денот,
таму некаде измеѓу погледни,
ќе видиш две силуети во космосот,
кои танцуваат на полноќна соната,
сами помеѓу толку смртници,
бескрај од нежности,
исткаени во бакнежи и прегратки,
длабочини во бескрајот,
посакани од раѓањето на еден збор,
искажан од дамнина,
таму помеѓу стиховите,
и една поинаква музика на усниве,
таму повторно се раѓаме ние
две голи души без тела,
во ноќите кога тивката осаменост
најсилно пече.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Последниот стих,
нека биде љубовен,
за тебе вечен,
за мене никогаш паднат,
поразен,
во него те бакнувам во коси,
црнокоси,
засекогаш во овој последен ден,
овековечен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and diva orhideja

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Не, не постои последен стих,
ниту последен ден,
не умира зборот на поетот со смртта,
ниту љубовта негова со зборот,
со која венее во животот,
бакнувајќи излузија,
или само сон бескраен,
некогаш овековечен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Lady*

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Kaде си ноќва,
кога мене ми припаѓаш,
во утрото кое без тебе
е само зора што избледува,
кога и зборовите се сувишни,
а погледите бесценети,
каде си да го помилуваш лицево,
доволно е,
за солзата да запре
во своето постоење,
ние нема никогаш,
а сепак никаде не сме,
само свеќи сме што тивко гориме
во своите кандила,
на нашето бдеење,
опеано со најтажни арии,
во ноќта разиграни
како пламенот од каминот
на белиов лист,
наш епитаф несуден,
непосакан.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ноќта би звучела поинаку

Да си сега тука,
би ги запалиле сите свеќи на земјата,
со светлината нивна,
би ги заборавиле нашите судбини,
во кои има толку нешта неважни,
од кои болуваме двајцата,
еден за друг,
само замисли,
ноќта би звучела поинаку,
потемно од твоите очи,
би била поубава од зимската свила,
која ни ги покрива студените тела,
и душите разделени толку долго,
да заборавиме кои сме,
и што си ми и што сум ти,
да си како што не си,
срцево би запрело тогаш,
и никогаш не би заплакала,
затоа што среќата твоја е таму,
каде јас престанувам да сонувам,
и продолжувам да те љубам,
вечно и недогорено,
како никогаш досега.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Збогум

Збогум дур траеме,
неоплакани,
зарем е важно чии сме сега,
само замини во шинелното сонце,
кое исчезнува со свилената ноќ,
не подарувај ми уште многу зраци од двете врз лицево,
кое е вистинско и твое и не рефлектира вистинска надеж,
некаде во следната рамноденица,
да би поделил нешто исто со тебе,
во тој саркофаг искован од моето и твоето срце претворени во птица,
на која крилјата и треперат,
од тие виножита во заборавен спомен,
засекогаш вечен,
како светлината на ѕвездите,
да би крајот станал нов почеток и небото роса,
да сокрие една наша туѓа пречистена длабока приказна,
на љубовта и богот во неа,
за нас напишана.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and misterija

Xenia

Староседелец
4 април 2016
68
87
1,018
Narnia
Сакав нежно, полека
да ти влезам под кожата,
да ја почувствувам како струи
твојата крв низ моите вени,
да си ги наполнам градите со тебе
вдишувајќи те низ твоите усни
и здив по здив, неосетно
да те испуштам низ своите.
Но, ти беше побрз од мене.
Ми навлезе во коските,
ме свитка како ишијас
и ми ја испи душата.
 

Xenia

Староседелец
4 април 2016
68
87
1,018
Narnia
Го паметам погледот
преполн со прашања
и одговори истовремено,
со реални илузии и копнежи,
со заразна страст која извира
од длабочината на зениците.
Ги паметам усните
кои вешто лажат
со своите допири,
а мамат насмевка на моите
и немо признание
за сласта од тој допир.
Го паметам копнежот
на мојава дланка
по мекоста на твојот образ,
остро прекинат од разумот
и претворен во бесмислено
движење низ празниот простор.
Го паметам и развигорецот
на твојата топла душа,
развигорец кој носи нежност
и мирис на емоции
расцутени во пролетните цветови.
Ма, паметам се.
Само....
Не чувствувам повеќе ништо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Бели реквиеми

Разбуди нешто во овој човек,
од железни раце и камени окови,
создаден од мрачни ветрови,
нешто кое не го разбирам,
а го создавам во денот кој не го познавам,
и само можам да го гледам долго и високо,
како пламнува над зенитот дур не ме ослепи,
во некоја безимена убавина фрлена на одар,
кој ги прекрива и небото и сонцето,
да би ја оживеала оваа студена крв,
која протече,
да истекува и го раствори сонот заспиен во него,
да ги натопи прамените твои цветни,
и обои во бели реквиеми,
кои одзимаат воздишки,
први и последни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lizbeth and Prashina