Љубовна поезија

Cernodrimski

Староседелец
4 април 2012
13
11
1,003
59
Септември





Ќе ги насликам твоите чувства
Не сум сликар добар но боите ќе ми помогнат
Јасно ќе се видат колку се различни од другите
Ако е самотија твоја ни на една друга е личи
Ако е радост твоја ни на една друга не личи
Ако е тага ни на една друга не личи
Бескрајни црти ќе повлечам на платното
И така границите помеѓу нив ќе ги означам
Некаде во некој агол од сликата
Книгите ќе ги поставам
Што ги читаш така внимателно и со занес
Сништата твои како месечина одозгора ќе биде
Големо е платното за сликата моја
Имам знаеш една цела вечност пред мене за да работам
Знам многу многу за тебе драга моја
Знам дека имаш сила како орканите
Знам дека во чекорите ти одекнуваат вековите
Некој помоќен од нас многу ставил во тебе
Се смееш,се радуваш,јас заносно сликам
И кога се лутиш некаде во крајот на усните
Ти се огледува насмевката
Сликам и знам како сликата ќе ја именувам
Име ќе и дадам
Септември ќе се вика
Малку тажна со златни бои
Многу весела со лисјата разиграни
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and JaMi

Cernodrimski

Староседелец
4 април 2012
13
11
1,003
59
Ѕвонливи Молитви

Се креваат внебеса ѕвонливи молитви
липаат своја тага далечни земји
тоа е песна за мојата крвава душа

Ветерот ми цеди од очите солзи
во гората завива волк или волчица,сеедно ми е
останувам да се скаменувам под белата прекривка

им го слушам молкот на луѓето
наоколу испаруваат соништата на мојата младост
го нема веќе таму моето име

Од мојата крв цедам мелем за тагата
магиско вино за чудотворци
должен сум да го вратам времето барем еден ден

се молам во ова сказание да не сум веќе
роден како магла во магла
како ноќ во сенишна ноќ
празнина во празнина кои некои го викаат живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
кога денот е наш

не прашувај што мислам
додека така топло ме гледаш в’очи
не би успеала да ти кажам
зашто и после толку време
пред тебе го губам гласот
.
ама можам да те бакнам
.
не прашувај што мислам
и така додека ме гледаш в’очи
само сакам да те бакнам
.
и можам
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Јас те сакам бидејќи го сакам начинот на кој што ти ме сакаш.
Ти ме сакаш бидејќи го сакаш начинот на кој што јас те сакам тебе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Подај ми рака...

...и следи ме.

-Каде?

-Во непознатото, зарем важно ли е? Се’ додека ја имам твојата рака...

-Но мене ми е важно, потребна ми е сигурност!

-Те држам до себе, има ли поголема сигурност од тоа?

-Не, не, не ме разбираш! Верувам дека ме штитиш од околината, од надворешниот свет, но потребна ми е поинаква сигурност, поинаква заштита.

-Поинаква заштита? Љубов, го имаме светот на дланка, од што сакаш заштита!?

-Од тебе...

blog7.jpg
 

Bibi@

Староседелец
Најфотограф
1 март 2012
399
743
1,103
Подај ми рака...

...и следи ме.

-Каде?

-Во непознатото, зарем важно ли е? Се’ додека ја имам твојата рака...

-Но мене ми е важно, потребна ми е сигурност!

-Те држам до себе, има ли поголема сигурност од тоа?

-Не, не, не ме разбираш! Верувам дека ме штитиш од околината, од надворешниот свет, но потребна ми е поинаква сигурност, поинаква заштита.

-Поинаква заштита? Љубов, го имаме светот на дланка, од што сакаш заштита!?

-Од тебе...

blog7.jpg
Прекрасно...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nighty

romanticna

Нов член
14 мај 2012
7
11
3
36
Немам многу да дадам...
само малку душа и полна дланка љубов...
можеби малку сонови, исткаени од ѕвезди...
понекогаш црвена ружа, усни со вкус на вино
и можеби, само можеби...
допир на вечноста...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and The_Mayor

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
.
налик на силна бура
која си посакувал да ја доживееш
без страв дека нема да ја преживееш
.
налик на волшебна песна
која си посакувал да испееш
без страв дека после неа ќе ги изгубиш нотите
.
налик на Небо во црвена боја
под кое си посакувал да заспиеш
без страв дека во сонот ќе ги заборавиш боите
.
налик на сѐ волшебно
што си посакувал да почувствуваш
без страв дека чувствата, еднаш одамна те заборавиле
.
поинаква ти е и песната во очите
но, не умеам да насликам музика
која наликува на лелеав сон
.
.
 

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Љубовта...
Воздишки од треперења,
растреперен пулс,
немирно срце,
скокотлива радост...

Таква е љубовта...

Нежни прегратки,
беспрекорни допири,
безгрешни удоволовувања,
љубовна искра што тлее...

Таква е љубовта...

Детска солзаа
исплакана врз растурена постела.
Нем крик во рано утро,
толку чиста и невина...

Таква е љубовта...

Безконечни апстракции
со конкретна моќ,
со силина и душа
како чувствата во мене...

Е таква е љубовта...
И само сакам...
Само сакам да остане како таква...