1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Љубовна поезија

Дискусија во форумот 'Поезија и проза' започната од Baronessa, 18 февруари 2012.

  1. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,476
    Допаѓања:
    3,751
    Знаеш

    Зборовите се како луѓето,
    доаѓаат и си одат,
    би сакал да можев да остарам еден збор во мене со тебе,
    но тоа е само посакување,
    тоа е само една мисла убава која меѓу другите знае да заталка во крвта.
    Сега сум стар и сам чекајќи да ме погледне смртта,
    како што дрвото надвор не знае дека го гледам како се ниша од ветрот во доцното есенско попладне.
    Понекогаш налевам вино во душава да ја распрскам во срчи и никогаш да не се состави,
    еден ден, а можеби и ноќ,
    ќе успеам и сѐ ќе престане,
    како се и што почна.
    Ти се восхитувам колку можеш да љубиш,
    а јас немам со што да те дарувам и те наградам,
    тоа проклето боли,
    знаеш,
    дур пишувам ми навираат солзи,
    што јас некогаш бев млад и полн со живот,
    невозможно млад,
    пред да те сретнам тебе,
    и не грижи се за мене ако не се разбудам во утрото со алармот во 06:46,
    ќе бидам добар,
    знаеш зборовите доаѓаат и си одат,
    исто како и луѓето.
     
    На Prashina и Iris* им се допаѓа ова.
  2. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    746
    Допаѓања:
    1,270
    Не ти го оплодив срцето овенато од тага,
    за сега да го убиваш бесрамно,
    со сребрено шило,
    оставајќи траги од свежа крв,
    врз небото под нозете.
    Не ти ја сомлев грубоста која те отуѓуваше,
    за сега да ми ја фрлаш како прав во очиве,
    гасејќи го сјајот на сонцето,
    што го преслика во нив.
    Не се растворив во твојата крв,
    со која ми сликаше ѕвезди на небото,
    за сега ефтино да ја даруваш за чаша лошо вино во ноќта.
    Не ти го подарив бесцелно своето невозможно,
    за сега да ја потопиш мојата бела тага
    со твојата темна песна.
     
    #162 Iris*, 11 декември 2018
    Последна промена: 11 декември 2018
    На İncognito му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    746
    Допаѓања:
    1,270
    Плач, плач на езерото,
    ноќ, ветер,
    коравост на месечината,
    безчувствителна со стрели бедни,
    ме следиш и тука,
    сенко на моите очи,
    залудно барам начин да не ми недостигаш,
    добро знаеш, не можам да се поднесам себе без тебе.
    По вените мои,
    само пепел и агонија,
    среќа душава знае да завива кога мора,
    па не ме плаши самотијата,
    и ти немаш причина да се плашиш,
    ти дадов сѐ што имав,
    љубов, светлина избликната,
    вистина единствена со очи полуотворени,
    свет еден на дланките,
    смеа,
    сто снаги, сто трепети,
    и солзи како бакшиш,
    масло за кандилцето пред твојот сон,
    уште името ми остана,
    и него ти го дарувам,
    веќе не постојам,
    ти дадов сѐ,
    исто толку ти зедов,
    и потрошив,
    длабока ми е душава,
    а празна,
    синевина непозната за смртниците,
    во неа само крик на болката одѕвонува,
    толку ли погрешив,
    па остана нем на моите зборови,
    зарем е злодело човек да те љуби.
     
    На İncognito му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    746
    Допаѓања:
    1,270
    - Те сакам.
    Среќна сум.
    И боли.
    Понекогаш...
    - Боли...
    Како некој коктел звучи.
    - Коктел на животот.
    - Дај дупли...
    Не е ова поезија,
    уште помалку љубовна,
    само спомен,
    за емоциите,
    закопани некаде заедно со мислите.
    Ретко кој денес вистински мисли,
    уште поретко некој вистински чувствува.
    - Дај уште еден коктел, од истиот.
     
    На violetmoon, İncognito, Danzl и уште 1 член му се допаѓа ова.
  5. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,476
    Допаѓања:
    3,751
    Немој

    Немој никогаш да ми бидеш спомен,
    буди го мојот здив со твојот секое утро,
    никаде толку топлина како од него во градиве,
    најважен ми е,
    око ми е мирно,
    знаеш слабост ми се спомените и знам дека те болат кога ќе испливаат ко изгубени сенки што знаат да ме пронајдат случајно,
    но сето тоа е минливо,
    но не и ти,
    немој никогаш да залуташ во мастилото на туѓото перо,
    ти си мојот сон,
    моја помош,
    море си со бранови кои го успиваат докот на душава,
    од сите мои ненамерни пехови,
    од маскенбалот во мене одамна што трае,
    за на крајот секогаш да застанеш со нашата тишина,
    распната меѓу небото и земјата,
    со нежноста која не можам да ја замислам без тебе,
    ниту денот во кој не си,
    ниту ноќта во која без тебе не сум јас,
    ти благодарам што те љубам,
    ти благодарам што постоиш,
    да постојам и јас.
     
    #165 İncognito, 14 јануари 2019
    Последна промена: 14 јануари 2019
    На Iris* и Prashina им се допаѓа ова.
  6. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,476
    Допаѓања:
    3,751
    Песна за татковината

    Крив сум и грешен затоа што постојам и пишувам на кирилица.
    Крив сум кога ми е досадно и саркастично ги истакнувам недостатоците мои, затоа што се само мои и не се туѓи.
    Крив сум што гледам поинаку и не знам да воскреснам европски.
    Крив сум што го сакам ова парче земја и не сум толку цивилизиран како тие наоколу кои продаваат надеж дека ќе бидеме посити.
    Крив сум што моето сонце има повеќе зраци од другите и заоѓа најубаво таму каде прв пат почна да чука моето срце.
    Крив сум затоа што во мене тече крв балканска што ја валка светската демократија.
    Крив сум затоа што не сакам да бидам член на ниту една партија, а кога ќе се напијам ракија, па и шопска за мезе, ме заболе што сум крив за сѐ и убаво ми е како што заслужувам,
    без омраза и полн со љубов покрај полна чаша,
    во мојата мајковина,
    полна со добри вина.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,476
    Допаѓања:
    3,751
    Нај

    Утрово заборавив една песна јас,
    песна што ја сонив,
    во неа некои стари ѕвезди и по некој залутан ден,
    пенлив ко облак,
    во него скршено ми беше срцето и мислите збунети ко дожд,
    а душава ми шеташе толку млада,
    во едни очи,
    врз едни брчки на едно лице со цвет во коса,
    во која бев нај,
    најубав јас.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    746
    Допаѓања:
    1,270
    Солзите не ја допираат земјата,
    ги допираат корењата на ѕвездите,
    само болката ќе го допре небото,
    месечината прикрива рана,
    полна болка, ненаситна,
    само рана ја разбира раната,
    вкоренета светлина во мракот,
    бродови од имиња кои ги нема на корицата,
    бродови од лудило се прикотвуваат крај твоите стапала,
    меѓу прстите вечност која никогаш не спие,
    бесконечност на постојаното паѓање,
    паѓаме во себе, низ себе,
    да би се одбиле од дното на нашите тела.
    Отворам врата кон пустина,
    пустината е ливада,
    ливадата е во мене,
    се сеќавам секое утро,
    со рацете на зората
    да ја изградам својата мала кула од карти.
    Рацете на зората се копнеж,
    допирот е вода,
    умираме од жед.
    Отвораш врата кон ливада,
    ливадата расте во пустина,
    пустината е во тебе,
    се сеќаваш секоја ноќ,
    секој лист е парче од твојата сенка,
    изгубен лист кој одбива да верува,
    како да забораваш дека секој лист има корен,
    затоа луташ,
    од овде до којзнае каде,
    наместо да процветаш на мојте гради.
     
    #168 Iris*, 6 март 2019
    Последна промена: 6 март 2019
    На İncognito му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    746
    Допаѓања:
    1,270
    Ме зафати како здив,
    ме зафати како вода со која го миеш лицето,
    се огледав во твојата голотија,
    допирајќи во тебе,
    лутајќи во еклипсата на туѓите зборови,
    да провериме колку постоиме,
    дали имаме храброст,
    да прифатиме дека она што ни е под прстите воопшто не ни припаѓа.
    Да ти припаѓам тебе
    значи да ги украдам сите ружи од градината на сосетката
    и да ги засадам во својата - а ни немам градина.
    Да ти припаѓам тебе
    значи да не припаѓам никому - да играм босонога на дождот.
    Јас сум дожд
    што сака да падне на твоите колена,
    ме туркаш, па ме привлекуваш,
    ме кршиш, па ме составуваш,
    ме одљубуваш, па заљубуваш,
    ме погребуваш, па ме оживуваш,
    секогаш кога ќе ме заборавиш,
    па повторно ќе се сетиш,
    само едно те молам,
    не дозволи јас да заборавам,
    поведи ме каде и да одиш,
    ќе бидам твоите прсти,
    послушна на желбата на твојот допир,
    со мене нацртај ги твоите граници,
    и секогаш кога ќе се приближиш ќе ја почувствуваш мојата безграничност.
     
    На İncognito му/ѝ се допаѓа ова.
  10. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,476
    Допаѓања:
    3,751
    Се немаме,
    под витражот на мартовското небо,
    врз кое уште стојат отпечатоците на твоите прсти,
    а душава сеуште на тебе ми мириса,
    како да си се откорнала од неа и
    пресна рана си оставила,
    што ниту времето не може да ја залечи,
    ниту дождот заспан меѓу илјада сеќавања,
    се немаме,
    а очиве те бараат во сета таа толпа од лица кои ме одминуваат и заминуваат,
    а ти постојано доаѓаш,
    замижувам и секаде си,
    далечна и блиска,
    во рожниците залутана ко гозба,
    се немаме,
    избледен до ноќ јас,
    а ти,
    со рацеве до лакти во утробата на месечината го вадам твоето тело,
    носејќи го со чекори сребрени што го брусат асфалтот на вистината под нозеве,
    километри подалеку од хоризонтот во кој стиховите не вредат ни слепите да ги допрат,
    не потклекнувам и не те испуштам,
    нека се скаменам таков,
    без тебе, а со тебе,
    во градината на дивите цвеќиња,
    меѓу два гроба.
     
    На Iris* му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: