1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Љубовна поезија

Дискусија во форумот 'Поезија и проза' започната од Baronessa, 18 февруари 2012.

  1. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,330
    Допаѓања:
    3,570
    Немоќен и чуден,
    ми недостигаш,
    во времето залутано ме простираш,
    те љубам јас,
    можеби малку,
    но толку многу искрено,
    тоа е сѐ што имаш,
    тоа е сѐ што немам,
    нејако, но некако.
    Живи ќе се сретнеме пак,
    ти и јас,
    смртни во следниот заборав,
    запишани на небото,
    заталкани во ноќта,
    прекрасна ти,
    и неубав јас.
    Ги затворам очиве да не избледееме во утрото,
    кое ги буди нашите срца сонливи,
    да остават траг во есенскиот снег,
    за да го бакнам чекорот твој,
    кој ме води до тебе,
    да те пронајдам,
    и ваков сенилен,
    и таков никаков,
    да те удостојам,
    со почит од немирни дождови истечени врз улиците огледални,
    во кои се видов себе си,
    со здивот кој ми треба,
    а толку проклето зема,
    сѐ од мене,
    но толку многу од тебе.
     
    На Prashina и Iris* им се допаѓа ова.
  2. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    614
    Допаѓања:
    1,069
    Растргната на строфи,
    стихови, зборови, букви,
    сеуште се пишувам,
    а срцето стиснато,
    ладно како камен.
    За тебе се пишувам,
    да те понесам,
    да те насмеам,
    да ме запомниш,
    како песна.
    Ме знаеш напамет,
    секоја точка,
    секоја запирка,
    а пак ме читаш,
    па се чудиш,
    кога своите зборови ќе ги препознаеш во моите.
    Еве и јас се чудам,
    кога ќе налетам на три точки,
    па ќе си речам,
    сигурно сум згрешила,
    и се пишувам одново,
    ја пречитувам секоја строфа,
    секој стих, секој збор,
    но залудно,
    кога сум виновна, а не сум.
    И се пишувам повторно,
    за кога ќе сакаш пак да ме прочиташ,
    и ќе мине време,
    ќе кажеш " Што има?",
    велам " Ништо еве...Те сакам",
    а душава се превртува, да не ти досадам,
    па ќе премолчиш,
    као веќе слушнато,
    а како и не би, кога постојано те сакам.
     
    На Prashina и Mystic им се допаѓа ова.
  3. Mystic

    Mystic Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,330
    Допаѓања:
    3,570
    Ги впивам твоите стихови преку очиве,
    збор до збор,
    поврзани сребрено со твоите нежни прсти,
    длабоко во душава месечна,
    божество си.
    И не, не ми е потребна светица,
    ниту насликана фреска,
    таму нема ништо свето,
    тоа што е дарувано од тебе,
    за мене е раскошот на убавината во моето битие,
    сила ѝ е,
    ниту распната,
    ниту од бога изнудена,
    знам јас,
    а знаеш и ти,
    од пепелта никнуваат најубавите стебла на животот,
    ние двајцата од многуте,
    само се препознавме во нив.
     
    На Prashina и Iris* им се допаѓа ова.
  4. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    614
    Допаѓања:
    1,069
    Ја изигра првата мисла утрово,
    низ сонливите трепки ѝ избега,
    изиграј ја и ноќта сега,
    заспиј без да помислиш,
    изиграј го и сонот,
    мирно спиј, не сонувај.
     
    На Prashina и Mystic им се допаѓа ова.
  5. Iris*

    Iris* Староседелец

    Зачленет на:
    30 јануари 2014
    Мислења:
    614
    Допаѓања:
    1,069
    Ех да можам,
    со последнава голтка што ме гори,
    сета горчина од тебе да ја соберам,
    па да осетиш сласт што е,
    да те заскокотка,
    ех да можам,
    со очиве сонцето да ти го донесам,
    главата нагоре да ти ја кренам,
    па да осетиш топлина во градите,
    цело тело да ти затрепери,
    да те разбуди,
    ех да можам,
    со нокти би ја растргала
    сета темнина што ти се збрала околу душата,
    па да ти засјаат очите,
    еден збор цел свет да ти стане,
    па да осетиш убавина што е,
    ех да ми е да поверуваш,
    човек си,
    да осетиш.
     
    #155 Iris*, 23 октомври 2018 во 18:07
    Последна промена: 23 октомври 2018 во 18:37

Сподели: