Љубовна поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Понекогаш заборавам кој сум,
затоа што се што дише во мене е одраз на твојата љубов,
во времето застаната,
без товар од минатото и иднината,
и тогаш имам толку многу зборови да ти шепнам,
да не ја разбудам тишината,
со која се будам и заспивам,
со очиве замачкани од светлината на небото кое тече сјајно,
црно и убаво,
сино и волшебно,
да не полудам,
да не откаже срцево пијано,
од акордите натопени на твоите усни,
во тој вкус незаборавен на моите,
што со душава го допирам,
и се раствора пред да почне дождот,
кој никогаш не застанува,
во тоа што не одминува,
венејќи во него.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dorina and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Не ти кажав,
понекогаш се плашам да се разбудам,
да погледнам во она што не е родено и нема да умре,
прашувајќи се
Кој те испрати?
Ти
кој ги избриша лузните
закоренети во срцево,
ангел си или она другото,
со маска или без неа?
Ти
кој дишеш во градиве,
дете си или љубовник,
победник или поразен?
Ти
кој меките воздишки свои
ги разлеваш под мојте влажни трепки,
копнеж си и љубов,
живот си и вечност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Се е необично откако те љубам,
не сум веќе конец со кој ги крпев утрата,
со уметност јазолна во телово,
што се потпираше несвесно,
врз душата детска уморна од игра,
случајно по излозите кои ги одминувам ги заприметувам очиве насмеани,
и тогаш усниве ќе ја подигнат брадава обелена од учтивост пред новата година,
за самиот себе да ме подариш волшебен,
ниту зимата млада не е иста,
не е ни дрско студена,
толку жар во нејзиниот здив кој ми дава сила да мислам на тебе растворен во дождот маглив,
да не изгубам и не потклекнам во денот и ноќта,
мои си полноќ и полден,
совршени,
што го ѕвонат секое отчукување,
без да погледнам во часовникот,
не сакам ниту да знам колку е,
ни зошто е,
заборавам на се,
дур те гледам раскосена врз небото сиво,
изиграно со светлината на твоето лице,
подавајќи ми го крилото твое рането,
да одлетам со тебе,
таму каде посмртно,
ван гог ја бои со прстите,
ноќта ѕвездена,
во неа,
јас веќе не сум туѓ,
тебе ти припаѓам,
со се што сум и не сум,
се поинаку е измислена и питома судбина,
наше непостоење,
заведено од блуд,
со кој сочуствував без чувства,
безброј пати,
и уште толку бледи сништа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dorina and Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Наслушни го срцето и насмевни се,
секогаш го опивав несвесно со моето,
ти и јас,
се имавме несебично,
и пиевме вино обоено со црвенилото на месечината,
во нашиот дом чиј покрив е космосот,
а сега тука си,
во ноќта калемена со лицето на денот,
ти мириса косата сеуште на есента прекриена со седефести облаци,
тука сум,
ги затворам зениците,
со сјајот на нашите сеќавања,
се е живо, волшебно и разиграно во вртлогот на чувствата откорнати од ова тело,
твое,
со кое ќе те допрам повторно,
но овој пат поинаку,
и тогаш,
ќе мируваат свеќите,
ќе заледат плам по плам,
нивните сенки ќе занемат,
за да ти ја откријам најдлабоката тајна која го носи името на нашите души,
безвремена,
сокриена во ковчегот на животот,
без зборови предадена низ годините,
од некои минати ние,
растворени во стари дождливи сништа,
заспани нежно врз сивите тротоари,
жедни за нашите чекори кои оживеаа и ѕвонат повторно,
после безброј умирања,
со камбаните на тоа едно вдахнување на поветерецот ослободен низ улиците на нечии споени дланки во кои векувавме,
да се разбудиме и го растопиме духот на светлината врз небесната фреска,
на нашето бескрајно постоење,
крунисано со мистичните прстени,
околу нашите споени ириси.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Што се неколку нокти зариени во раскрвавените ноќи,
за оние кои одминаа без нас,
што ти значат бесконечните чекори во туѓи правци за оние неколкуте што те водат до мене кога и да посакаш,
важни ли ти се ѕвездите кога срцето ти е опиено од една месечина сокриена во мојата зеница,
толку почнати утра,
а ти посегнуваш по еден крај завршен со мене,
оној убавиот од филмските платна,
знаеш добро,
да ме трогнеш како никој,
а и јас знам да посегнам по моментот пред да заспијам,
за да ти го дарувам,
засекогаш да го носиш,
на градите,
во кои ги слушнав,
отчукувањата на мојот живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dorina and Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Мислам на тебе,
не знам ни што,
само мислам,
дур го вртам со прстиве мразот во скочот,
не знам ни зошто не сум скочанет,
баш се е опуштено околу мене,
дишам со ноќта,
со тебе,
знам ќе ми простиш затоа што сум буден и малку со себе,
се заборавив и помислив на тебе,
не знам ни што,
само мислам,
без да те прашам дали смеам,
се смеам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dorina, Prashina and Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Јас и ти,
празни чаршави во креветот,
ѕвезди заталкани во џезот и темното небо,
прстени на нечии раце,
кои се допираат случајно во ноќта,
сами, а сепак заедно,
почисти од снегот навеан врз нашите тела,
кои ќе донесат топло утро,
сокриено во брчките на сонцето,
водејќи љубов со пламените на вистината,
опиена во виното на нечии усни,
сами, а сепак заедно,
натопени искрено и искривено,
ќе бидат тие повкусни од сите бакнежи,
кои ќе донесат топли насмевки,
на моето и твоето лице,
со сиот насмеан свет,
што ќе овене со првата мугра,
и ништо нема да се смени,
ќе го кршиме јас и ти повторно,
лебот на животот,
со судбината која не спои и раздели,
да бидеме сами,
а сепак заедно,
и ништо душава нема да ја вознемири,
затоа што сонот за тебе и мене е повеќе од среќа,
сама, а толку наша.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Се видов во твоите зеници,
носејќи го тенот на сите згаснати ѕвезди врз лицето на ноќта,
ништо не е сменето,
сонцето се буди,
со него умираат и тие живите,
а и јас во денот,
со секоја капка на часовникот која истекува од времето,
што го одминувам без тебе,
талкајќи под небото,
да те сретнам уште еднаш во него,
каде срцето запира измеѓу дождот на моето и твоето отчукување во љубовта, зародена мртва во нашите утроби,
да постои таа во молитвата,
без едно поинакво утре,
кое никогаш нема да го дочекаме заедно,
без амин и простување,
и во него само едно проклето збогум,
кое никогаш не го изустивме,
неми и распослани врз крилјата на пролетта,
која никогаш не пристигна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Песна последна

Немо траам под ова наше небо,
барајќи те во утробата на
оваа ноќ залутана.
Те чекам да го тргнеш превезот од очиве и ги избришеш сите брчки од бол растопени врз лицево бледо од вистина.
Да станеш повторно мое уточиште,
соѕвездие каде се губат сите стихови.
Сега и овде,
во оваа песна последна,
толку си ми потребна,
кога темнината го вади животот од ова тело жигосано од годините.
Да му вдахнеш душа,
од свеќата неизгорена и му подариш смисол,
со твојот глас,
усни и име,
допир и коса,
со твојот мирис и тие четири букви,
во оваа песна последна,
моја.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Ако ме погледнеш
ќе видиш дека се срамам за усните тажни,
меки и нежни беа под твоите.
Ако ме послушаш
ќе слушнеш дека се срамам за гласот скршен,
треперлив беше во твојата прегратка.
Ако ме допреш
ќе почувствуваш дека се срамам за телово згрчено,
нежна пена беше што се топеше под твоето.
Ако ме погледнеш
ќе се насмеат усниве,
ќе станам убава како во Јуни.
Ако ме послушаш
ќе заѕвони од грлово,
тој немир што уште гласот твој го буди.
Ако ме допреш
ќе оживеам,
пронижана од светлината,
искра во ноќта,
твоја...
Не изговарај го моето име
само љуби ме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Achernar