Љубовна поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Има еден дом,
сокриен во ноќта,
не е мој,
ниту нејзин,
тиркиз е,
осамен на ридот,
а таа е таму,
заклучена во невремето,
кое и ги буди чувствата,
одамна занемени,
и се погласни од крикот на пролетта,
во цутот запишана,
врз кориците никогаш отворени,
како една љубов,
сокриена во нејзината постела,
која тече во крвта врела,
што ги бои ѕидовите на небото во сино,
но,
не за неа и не за него,
откривајќи се недоречено,
во зеленото вишнеење,
што во далечината,
пресликува близина,
непоимлива за тагата,
од која истекува,
бистра и темна.
 

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Поминувам покрај градината твоја
оградена со магла и викот,
ја препознавам низ неа патеката до твојата душа
послана со перја од птици седефести,
тука прелетале и траг оставиле
што во очите ти се прелива,
а ти го вртиш погледот.
Го препознавам изворот
во кој нимфи се капат
и со песна привлекуваат,
а ти ја затвораш устата.
Се осмелив да влезам
низ густата шума од таинственост
и тргнав по сенката твоја.
Кревкото зеленило под нозеве
си поигрува со стравот во душава,
а ти исчезнуваш.
Не гледам како понатаму, а нема веќе ни назад,
па седнувам на овој камен
што од тага јачи и чекам.
Чекам да ти здосади темнината,
да ја отсонуваш самотијата
па расонет со сончев сјај во очите
да ја погледнеш својата наросената градина,
каде те чекам,
уште мека од сонот
со лице што проси доверба
и дланки кои се нудат
да те поведат низ воздишките на вечноста.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ако ми ветиш,
ќе ти ветам,
ако ме љубиш,
ќе те љубам,
ако ме сониш,
ќе те сонам,
првото сакање,
ќе ти го дарувам со последното,
со неговиот прв бакнеж ќе те бакнувам,
врз образот кој го посакувам,
нежно допрен со мојот,
врз ѕвездите сводот,
ти си грутка од небото,
јас дожд од него,
ако не си ти,
кој сум јас,
последниот стих ко воздишка,
што завршува,
со прашањето,
а што ако љубовта трае?
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
@xxxxxxxx
Ako ne si ti, zar sum bitna jas?
Ako ne si ti , ochive pajazina ke fatat
A usnive korupki,
Samo ako ne si , ke se prepoznaam li vo nokva studena kako sjaj od mesecina?
Zar treba da postojam vo denot bez tebe?
Ili mozam vo nokta da se budam
So sonot za tebe?
Samo ako ne si , jas sum samo senka,
Drvo bez koren, edna polovinka koja svenuva.
Podaj mi go pogledot da te gushnam vo mislite,
Pokrij mi ja solzava so nasmevka,
Podari mi sonce za zivot, i mesecina za umiranje,
Zasto jas ne sum jas bez tebe,
nitu mozam so sebe.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Ветувањето би го посадила
во градите на земјата отворена,
полевај го со надеж секогаш свежа,
покривај го со смирено чекање,
додека изникне бакнежот
кој ќе расте и мутира
од сакање во љубење.
Пушти ме мене
да се слеам низ твојата крв,
затворена во ходниците на вените
со ехо да го наслушувам,
животот како лава побеснета во тебе што тече,
А ти гледај во очиве мои и пронајди се,
слушни ја болкава моја и не болувај.
Пушти ме мене
јас сум ти,
Јас сум мисла недоречена,
јас сум сон недосонуван,
јас те љубам и не си поигрувам.
Пушти ме
со бакнежот несуден да ти докажам
па нека умрам
за да може љубовта вечно да трае.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Со бисери таговни,
редиш ѓердан љубовен,
околу срцево железен,
го стега модро тој,
но има и зошто,
има и сила,
немее тоа,
од црн камен,
светла солза го стори,
нели и ти со него,
искапена од сонцето,
до земјата распукана,
нечие утро ќе наросиш,
во нечии очи да засветиш,
на светов,
една убавина да оставиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Од стих до стих,
нижеш невиделина,
со бела светлина,
скината од темнина,
од мене до тебе,
си распослала млада месечина,
тивко ме крадеш со неа во ноќта,
и разнесуваш со ветерот во твојата коса,
пријди ми и земи се,
и крвта,
и душата,
и колажот од чувствата,
само не буди ме,
биди нежна ко цветна панделка,
и остави ги очиве,
да зеленеат со пролетта,
и сонат за тебе,
да згаснат без тебе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Затоа што ми ја подари квечерината со вишното небо,
развиорено со прамените на твојата коса,
затоа што ми покажа пат до неоткриените места на мојата душа,
а таму се е расцутено со последниот атом на пролетта,
затоа што со бистриот конец од твоите очи,
ги соши сите пукнатини на срцево,
затоа што со усните твои ги бакна сите мугри,
на моите соништа неразбудени,
за од нив да бликне пресна крв,
и сонце силно да светне,
над сета темнина од годините нанижана,
затоа што мртвиот го врати меѓу живите
и снагата на првиот во второто раѓање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Наточи тага од изворот на крвта твоја, да наздравам, да ја изгасам жедта под светлината напластена под канделабрите што на разбој го везат патот до тебе, затоа што си орлица вивната во моето срце со крилја распарчени од небото на моите погледи и затоа што се ќе запре и узрее за да изгрее утрото и сонцето да се искапе во квечерината, кога мојата душа во сонот пелтечи љубов и молкува далечина, бакнувајќи ја сета убавина што од грлото ти извира, да занемат луњи и солза дождовна со која се опивам без рамнотежа за да постојам поинаков и се нишам на ветрот, кој градите ти го издишуваат, да земат вечност со себе, да ја однесат сета нежност од мене, затоа што знам, овој копнеж не ќе го измие ниту времето, ниту смртта, ниту огнот што во вода се дави и не престанува кога полноќта ќе стивне,
пред мојот сон,
разбуден во твојот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Traviesa and Iris*