Љубовна поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Бремето на мртвите поети

На крстопатот од времето,
постоиме,
еден јас и една ти,
еден бол,
низ вековите запишан,
без да те допрам,
да ме трогнеш,
во идилата на сите цвеќиња,
кои мирисаат на есента,
од нашите корени создадена,
во морето од љубов удавена,
и како да е тоа премалку,
за ништото во кое сонуваме,
јас некаде,
ти таму,
така далеку од мене,
од себе,
со крик без молење,
не оди си ми велиш,
немој,
ти не знаеш,
ќе се сретнеме некогаш,
кога срцето ќе престане и не заборави,
се што отчукуваше,
и говореше,
без чувство за срам,
во последната ноќ,
со нож,
жеден за крв,
кој го распорува,
бремето на мртвите поети.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
После толку години

Кој сум,
ме има во ноќта ѕвездена,
која налева во тебе пијани насмевки пред да заспиеш,
во сребрените снегулки растопени на твоите дланки,
бев и во поветерецот кој го однесе денот од твоето небо и студот кој ти ги руменеше образите,
стуткан бев во памукот на твојот шал,
сокриен во сите тие очи кои случајно те погледнаа,
во љубезноста на книгата која ја отвори,
во долната руба која ти го милува телото,
во топлината на омилениот чај,
те допирав со зборовите најблиски кои те разнежнуваа,
исткајан бев врз твојата перница и ги впивав сите твои солзи,
испружен бев врз мекиот асфалт по кој газеше за да стигнеш каде срцето те води,
Што сум,
пламен сум во твојот сон кој се гаси во муграта,
инкогнито сум во твојот живот,
толку малечок и невидлив сум,
пратејќи те секогаш,
дур сум жив во овие чувства први,
после толку години,
безбојни.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Што ако љубовта трае

Се прашуваш ли,
што ако љубовта трае,
што ако е жедна волчица,
за нашата крв,
од ѕвездите откината,
посилна од судбината,
што ни е запишана на дланките,
ќе можеш ли да премолчиш,
ќе можам ли да изустам,
сега кога е предоцна,
се што чувствуваш,
што чувствувам,
кога се е така молскавично бесно,
да се сопреме и разделиме така лесно,
од нашиот прв допир на дождот,
и тој прв бакнеж со врело мастило,
на твојата дождлива црвена коса,
и моето дождливо бледо лице,
да заминеме од тие погледи во кои се препознавме во ирисот на квечерината од хризантеми кои цветаат и не будат повторно за да не опијат нежно со небото под нозете,
врз кое двајцата чекориме,
ти по мене, а јас по тебе,
оставајќи си за навек еден белег на градите,
кој ги брише сите лузни,
што од сон во сон истекуваат,
како бистра вода,
во хармонични контури,
пресекувајќи го хоризонтот на вечноста,
ноќ за ноќ,
со сребрено шило,
одзимајќи им го,
последниот здив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Што ако се сретнеме,а не препознаеме,
Што ако се најдеме и премолчиме
Не би било ли подобро
Никогаш да не дознаеме
Само да се чувствуваме,во сонот
Таму каде што ја нема
Онаа која ја љубиш
Го пречекувам твоето лице
Со топли дланки,отворени
Преминувајќи ја секоја нова бора
Љубејќи ги твојте лузни
Да ја избришам тагата
Што од тајна настанала и во очите се скрила,
Не пуштај солза пред дождот
Да не биде тајната откриена.
Постојат моменти
Во таа мала тајна
Што болат јако и рани отвараат,
Како да сум среќна
Кога спијам будна,
Ако тргнеш ќе ме најдеш
Како за нас сонувам,заведи ме со искреност
Љуби ме и остави во сонот
Само тука знам да живеам.
Уште колку сонови будни ќе сонуваме?
Уште колку дена ќе трае овој сон?
Исто толку можеби и повеќе
Колку што е убаво да се биде нечие нешто,
Исто толку можеби и повеќе
Колку што е убаво да се биде твое се.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Дозволи ми

Дозволи ми да ти ги допрам усните со овие чувства вистински,
кои цутат во круната на зимското небо,
а врз градиве од платно се разлеале во бескрајно виножито,
дење преку облаците,
а ноќе распнати меѓу ѕвездите,
со твојата нежност изворна,
што ми ја сомле сета грубост на воденица,
ме отсече од стеблото,
на сите молитви во кои не пронајдов ниту една утеха,
за сите лажни воздишки со кои се отуѓував засекогаш,
дозволи ми да ти ја покажам душава без темен превез,
соголена и ранлива,
и во неа една дождлива тишина,
во која те пронајдов тебе,
заспана во длабочините на љубовта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Зборувам после долга тишина,
зјапајќи во месечината
го шепотам твоето име
низ облаците од мојот замрзнат здив
со секој нов стих
ти откривам дел од душава немирна.
Необјаснето чувство
ги прави очите магливи
ме прави безгрижна,
лекомислена,како дете во игра,
се почесто се смеам
во соништата живи и чисти
вистинска среќа чувствувам.
Најубавите виножита и зајдисонца
не можат да се споредат со зборовите твои
што вибрираат во мојата душа,
го будат телото
додека умот ја губи контролата
и емоциите се отклучени
те пуштив внатре
исплашена сум,
возбудена,
нетрпелива
додека сонливо ти шепотам Љубов.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Шепоти ми

Шепоти ми љубов,
со букви големи,
не запирај,
изгори ја оваа свеќа догорена,
и сето тоа што во неа остана,
твоја е,
и тоа малку живот во неа,
сон е,
буден без вредност,
без тебе,
во очиве мермерни,
што те бараат на небото,
и ткајат боја во зениците дождливи,
да откријат тајна сокриена,
за тебе,
кога ќе помислам,
дека те имам во една страст твоја,
барем во ноќта,
кога си сама со твојот молк,
кој искажува стихови далечни,
на срцево блиски,
треперам новородено,
во крвта која истекува,
врз мечот,
кој така потребно,
убива.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Од клунот на утрото,
ја откорнав оваа зрела љубов за тебе,
на дланките твои да го истурам сиот дожд од росата негова,
лицето тажно да ти го измијам,
во денот,
очите на небото да ти ги пресликам,
ти дојде како пролет на рана,
која ја сонував во есента,
и оплоди едно чисто срце,
овенато од тага,
во развигорот на вечноста,
да поигруваш со него,
со фенерите на машкоста,
сокриена во ветвиот старомоден шал,
кој го носам во темнината,
и знам ќе навезеш прашање со твојот молк,
врз желбите твои пред да ги бакнам,
зошто ти,
затоа што телово од збогувања порабено,
е полно со љубов,
како грне со злато,
несудено за сиромавиот,
кој му се радува на сонцето,
кое не изгрева,
никогаш исто,
над оваа земја,
со древно мастило,
натопена.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
На крајот од сонот
и лагата убаво звучи
искажана од твоите усни топли и меки,
и сега знам моите солзи на дождот
не ги гледа никој
па излажи ме
во утрото ладно од пепел посиво,
а јас ќе ти ја кажам вистината
во ноќта топла,потемна од древно мастило,
Без тебе сум само птица без ветер,
несмасен цртеж со есенски мотив
изгужван од малите раце кои го нацртале.
Пушти ме понекогаш да се скријам
од тебе така нестварен,
ќе ти се вратам со копнеж поголем
кога моето име усните ќе ти ги прекрие,
со љубовта моја,
твоето чисто срце да го позлатам
и да ти кажам
дека ми дојде како сонце
после пороен дожд,
ги растрга облаците
во мисливе надвиснати,
како тежок јорган во постела празна,
ми дојде непоканет
и се зароби себе во мојата душа
си најде место
на никој не ветено
и тука остани
мое сонце,
мој дожд
остани Мој.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Исткајана од молк си,
и тоа е добар почеток да се раствориш во мојата крв понекогаш,
со неа да ти насликам на небото очи од ѕвезди треперливи и усни од нецела месечина,
зарем ќе премолчиш,
да ја свртам земјата со дланкиве шарени,
никогаш да не раздени,
и бојам со нив вљубени и гробови,
со водопади од убавини и тишини,
во младиот ветер запишани,
не кради ми го невремето ако не го чувствуваш како свое,
не љуби ме ако не знаеш да го претвориш сивото во виножито,
само посакај и пронајди ме,
понекогаш,
врзи се за моите расцутени ребра,
едри со нив низ солзите заспани меѓу трепките на сонливите очи,
и не посегнувај да ги разбудиш,
ефтино се дарувани,
да се изгубат скапоцено во мугрите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*