1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Јужна Америка

Дискусија во форумот 'Географија' започната од TheFrisb, 6 март 2012.

  1. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,921
    Аргентина го поседува нај јужниот град во светот Ушуаја.
    Ушуаја, главниот град на аргентинската провинција Тера Дел Фуего која е дел од Огнена земја се наоѓа во близина на глечери кои нудат одлична можност за скијање.
    Денеска е една од најпознатите туристички дестинации во Аргентина, градот Ушуаја со гордост ја носи титулата- град на крајот на светот. Поради единствената локација на градот, таму на многу мала оддалеченост се наоѓа море, скијалиште и шума.
    Првите луѓе кои го населиле ова место уште пред 10.000 години, биле Индијанците Јамани. На средината на 19-от век на островот пристигнале британски мисионери, кои на изолираното население му донеле нови болести, со што овие староседелци сега скоро и да ги нема.
    Во Ушуаја се склучил и првиот хомосексуален брак,
    Иако, хомосексуалните бракови со закон биле забранети во земјата, гувернерката на покраината издала посебен декрет. Со истиот им се одобрува на хомосексуалните парови да можат да склучат брак.

    [​IMG]
    [​IMG][​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Arkantos му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,921
    КИТО
    Главниот град на Еквадор – Сан Франциско де Кито, се наоѓа на 2850 метри надморска височина, што е повеќе од било кое алпско скијалиште. Тој се наоѓа во северниот и централниот дел од Еквадор во речениот слив Гуајлабамба, на падините на вулканот Пичинча. Со население од 1.397.698 жители, според последниот попис (2001) , Кито е вториот најнаселен град во Еквадор, по Гвајакил.
    [​IMG]
    Неговиот историски кварт е преполн со величествени цркви, манастири и поплочени стрмни улици. Лежи на главна раскрсница која ја изградиле древните Инки, а го довршиле Шпанците. Градот е опкружен со планини, кои се сместени на падините на вулканот Пичинча од кој повремено избиваат густи облаци со прашина.

    Локалното население сигурно ќе се сложи со тоа дека земајќи ги во предвид сеизмичките
    [​IMG]

    фактори, би била прилично лоша локација за изградба на голем урбан центар. Како резултат на тоа, тие секој ден го живеат како да им е последен. Најголемиот број од населението го населуваат северниот град на овој тесен град. Преубавиот дел на јужната страна го одбегнуваат бидејќи е речиси распаднат. Идните генерации на Кито се во тек и би требало да ги спасат археолошките драгоцености од времето на шпанската колонизација. За да ја осетите таа атмосфера, задолжително да ја посетите Ла Компања, барокна црква која е подигната во периодот помеѓу 1605 и 1765 година.
    На патот од религијата до политиката морате да помините од Плоштадот на независноста во кој доминира Споменикот на независноста, а се наоѓа на некои десетина метри од Ла Компања. Тука е претседателската палата и седиштето на Владата на Еквадор која е отворена за посетители во текот на работните денови.
    Одејќи понатаму кон плоштадот Сан Доминго, се наоѓа истоимената црква која ја
    [​IMG]

    изградиле доминиканските монаси во осумдесеттите години на 16 век. Зад плоштадот на улицата Мотуфар 352 ќе го најдете можеби најинтересното место во стариот град. Станува збор за училиштето Escuela Taller во кој се учат традиционални вештини – од столарство до ѕидарство.
    Понатаму се наоѓа Ла Ронда, боемски кварт преполн со кафичи, а за добар оброк најдобро е да го посетите хотелот Casa Gangotena на плоштадот Сан Франциско, чиј кувар Andreas Davila ја оправдува титулата за најдобар ресторант во градот.
     
    На violetmoon му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: