Југославија - да или не?

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Па од арно никој не бега, освен ако има некое пореметување на перцепциите за прави вредности.
За ова болдираново да си кажам што имам...
Можеби немале да си дозволат да имаат на мени поховани очи од еднорог, или девици да им ги чешлаат ресите од тепихот, ама имале многу повеќе од она што го имаме денес. Зборам секако за просечните, нормални македонски семејства, не за лоповите и преку ноќ збогатени газди.

Мојата генерација е растена во транзиција и додека моите баба и дедо со една плата можеле да си дозволат да изгледаат три деца, да ги нахранат, облечат, школуваат, однесат на одмор на море, моите родители со една плата сега прават списоци левел: нуклеарна физика, како да ги подмират основните потреби на двочлено семејство...

Било подобро, не за џабе уште чуваат слики од Тито по ѕидовите :D

Социјалниот притисок бил многу помал во секој случај што значи дека социјалната сигурност била поголема.
Бегале и од Југославија, но не во толку голем број колку што бегаат сега, иако имале подобри можности за бекство. Пасошот им овозможувал бевизни патувања со децении а дури имало и договори со заводот за вработување за носење на работници во Германија и други земји.
Може само да се претпостави колку луѓе би останале тука кога би ги имале истите опции. Веројатно ќе останат само пензионерите и администрацијата.

За генерациите растени во транзицијата подобро да не почнуваме, и јас спаѓам во нив:(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood

Red Army

Истакнат Член
4 јуни 2013
3
4
103
Ако се направи сега една туристичка реклама за Македонија од страна на некоја појака компанија во која се споменува само Охрид, Дојран и Маврово, ке ти биде криво дека не е спомнато Скопје,Битола...?
Ма не се работи само за туристичкава реклама, камо да беше споменат барем Охрид, но исто било и за индустрјата и развојот на секое поле. Сите поголеми индустрии биле сместени таму посеверно, а Македонците се задоволувале само со суровинско производство. Ние сме им биле поим само за пеење, свирење, народни носии и селска идила. Ништо друго!
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy

Вечен одговор за тоа зошто другите имале повеќе од нас, зошто ние сме биле како обесправени.
Да ти ја отсликам ситуацијата во крајот на отоманско време?
Или во време на СХС?
Кралство на Југославија?

Дали ја знаеш состојбата на писменоста на Македонското население пред 40тите, не па пред 20тите од 20ти век?
Дали знаеш колку луѓето биле национално свесни пред да се избориме од фашизмот наспроти 50тите, 60тите, 70тите?
Знаеш ли дека ако си зборел јавно на македонски на улица во предвојниот период, можно е да си завршел во затвор?
Или лесно е сега после 50 години дадено од ракав и образование, школство, националност, да не збориме за некаква индустрија (Македонија пред тоа била аграрна земја,) да збориме пост фестум дека во Белград, Загреб, Љубана биле повеќе третирани од Скопје. Само да ти набројам дека прашање е при крајот на Втора светска војна 15% од населението дали знаеле да си го пишат своето име и презиме на хартија. Да не зборам дека им било дозволено да го пишат, за разлика 10 па и 20 години наназад, каде на презимето им се додавало наставката ИЌ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Outrider

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
сите постари луѓе што ги имам прашувано -викаат да ... ?! :)

не баш сите.....но повеќето да...
нема шанса да се врати тоа е факт...пошто Југославија беше социјализам а ова сега е капитализам...огромна е разликата од тие 2 работи
како и да е би сакал да живеам во социјализам како во Југославија
затоа што има еднаквост меѓу народот
 
marinium

Полноправен Член
9 септември 2013
56
7
8
25
не баш сите.....но повеќето да...
нема шанса да се врати тоа е факт...пошто Југославија беше социјализам а ова сега е капитализам...огромна е разликата од тие 2 работи
како и да е би сакал да живеам во социјализам како во Југославија
затоа што има еднаквост меѓу народот

пзначи сите јас што сум ги прашал тие луѓе .. :)
 
*Hera*

Староседелец
18 септември 2013
33
32
1,018
Kicevo
Не.
Знам, оние што го живееле тоа време ќе ми речат: Што зборуваш ма ти? Знаеш какво беше времето тогаш?
И јас ќе ги прашам какво?
Подобро од ова сега? Знам. Подобро било ама основните работи што ни ја унаказиле иднината биле нула...
Пример: Централната економија создавала таков недостиг на основни продукти што се случувало сред месец семејство да снема сол.
Второ: Тоа што се водела затворена политика: се’ што било потребно се произведувало во рамките на СФРЈ и извоз/увоз било на нула! Ако не и под нула.
Трето: Диктаторство никогаш не е добар режим. Кој зборне против Тито директ на „Голи оток“
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не.
Знам, оние што го живееле тоа време ќе ми речат: Што зборуваш ма ти? Знаеш какво беше времето тогаш?
И јас ќе ги прашам какво?
Подобро од ова сега? Знам. Подобро било ама основните работи што ни ја унаказиле иднината биле нула...
Пример: Централната економија создавала таков недостиг на основни продукти што се случувало сред месец семејство да снема сол.
Второ: Тоа што се водела затворена политика: се’ што било потребно се произведувало во рамките на СФРЈ и извоз/увоз било на нула! Ако не и под нула.
Трето: Диктаторство никогаш не е добар режим. Кој зборне против Тито директ на „Голи оток“

Нула?

Тешко баш дали било нула. Иако не било како што е денес.

Инаку земи го истотака и фактот за која главна сила била по втората светска војна. Лесно е денес децении после една голема војна вака да се збори.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and Luckky

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Не.
Знам, оние што го живееле тоа време ќе ми речат: Што зборуваш ма ти? Знаеш какво беше времето тогаш?
И јас ќе ги прашам какво?
Подобро од ова сега? Знам. Подобро било ама основните работи што ни ја унаказиле иднината биле нула...
Пример: Централната економија создавала таков недостиг на основни продукти што се случувало сред месец семејство да снема сол.
Второ: Тоа што се водела затворена политика: се’ што било потребно се произведувало во рамките на СФРЈ и извоз/увоз било на нула! Ако не и под нула.
Трето: Диктаторство никогаш не е добар режим. Кој зборне против Тито директ на „Голи оток“

Те молам објасни го потенцираното зошто не го разбирам.. Кои работи ни ја унаказиле иднината? Дали тоа било безплатното здравство и образнование? Големиот број на претрпијатија кои денес чмаат празни и искршени?
СФРЈ не била целосна централна економија, а морам да те негирам и за извозот и увозот каде што на платниот биланс се до 1987 бележела суфицит. Огромно извозување на руда, метали, месни прозиводи, текстил за Италија, Грција, Чехословачка, СССР итн. Во 60'те претставувала една од најидеалните земји за живеење, меѓу ретките со просечен живот век над 72 години и со најголеми социјални бенефиции. Со распадот на СФРЈ, Македонија се соочува со рушење на 3те главни пазари, домашниот т.е југословенскиот кој се смалува територијално, вториот е советскиот кој доживува колапс и последниот е Блискиот Исток на кој најдобро се пласирале југословенските производи, највеќе градежните, воените и сл. Затоа треба да се запрашаме кога бил поголем извозот?
 
Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
Пер значи земете си машина за патување низ времето и мрш назад во Југославија, што е филмот јас не знам? Тие старчуги кој носталгираат по Југославија се предавници и во Македонија нема потреба да живеат овде. СИТЕ НА ГОЛИ ОТОК! Кој НОБ кој сини очи бе? Каква Југославија какви Титови пионери, МРШ ОД ТУКА!!! :banghead и не ме нервирајте затворете ја темата... АДОЛФ ХИТЛЕР!