Југославија - да или не?

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
На фејсбук на повеќе групи забележувам дека се организираат некои настани низ поранешните Југословенски републики за мирни протести низ истите за враќањето на патот на братството и единството како и се поголем број на анкети од кои се гледа дека народот се повеќе се изјаснува дека во СФРЈ се живеело подобро, постабилно и посигурно. Донесени се дури и неколку одлуки за спојување на железниците,авиосообраќајот, државните лотарии, фудбалските, ракометните лиги и слично, па затоа тоа ме поттикна да отворам една ваква дискусија.
Што мислите вие по ова прашање? Дали македонскиот народ сега ќе се наоѓаше во подобра социо-економска ситуација доколку не дојдеше до распад на Југословенската федерација и дали би имала корист во иднина од некое слично здружување без разлика дали е возможно или не?
yugoslavia.jpg

Лично мој став е дека не треба да дојде до политичко здружување меѓу истите, но да се искористат некои шанси од економски карактер што се нудат , на пример некои одредени поволности на тој екс-ју пазар и слично.
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Не. Јас си ја сакам Македонија онаква каква што е.
Немам ништо против економско здружување (само што Словенија и Хрватска, на жими мајка би се здружиле со нас сега), но никако да се прави ,,една држава,, со ,,исти закони,, , ,,една војска и полиција,, или заеднички политички систем.
Секој за себе, со огромни олеснувања во поглед на економијата, индустријата, трговската размена.
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Инаку, како тоа ќе сме живееле подобро?
Дали вие мислите дека Југославија се распадна поради национализам?
Немојте со тие приказни.
Југославија беше веќе 10 години во страшна економска криза. Војната не беше за национализам, туку за територии, природни богатства, и вредности останати од големата држава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
сигурно дека ке имаме големо подобрување и напредок во спортот доколку тоа се деси ... за економија не би коментирал, не сум стручњак, па би било само мое мислење ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Hexasto

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
За Југолавија знам од опширните и детални описи на тогашниот живот кои ги раскажувале мама и тато. Посебно тато кој е голем југо-носталгичар.
И дојдов до еден заклучок: може повторно да се обедини Југославија, ама без Тито ништо нема да биде како порано..
 

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Не сум за она класично здружување али може некоја унија да се напраи или нешто слично..пред се сум за ова зошто тогаш нема малцинствово да не уценува за најмала работа..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky