1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Јога

Дискусија во форумот 'Фитнес и рекреација' започната од Trajche, 28 февруари 2012.

  1. Ananas

    Ananas Полноправен Член

    Зачленет на:
    14 јануари 2019
    Мислења:
    63
    Допаѓања:
    21
    Може да се почне со помош на книги и јутуб?
     
  2. Хептаграм XI

    Хептаграм XI Староседелец

    Најактивен член

    Зачленет на:
    26 мај 2013
    Мислења:
    1,721
    Допаѓања:
    878
    Со книги... било која книга за јога.

    На youtube ќе најдеш премногу „гимнастичари“ (ако се млади луѓе) или некој гуру кој што зборува лош англиски, а ти ако имаш мало познавање за она што ќе се збори, нема многу да имаш полезност...
    И не е јогата за смирување на стресови, тоа е лага на оние од „западот“ кои глумат лудило на просветленост, рамнејќи ја јогата само со психологија!
    Не може западот да ја избегне потребата од психијатар со вежбање јога - премногу лудо живеат! :)

    Претежно сите почнуваат со читање за раџа-јога, најлесно е „философски“ да се разбере дури и на почеток самиот систем ... запознај се со термините, со философијата - за да знаеш на што си.
    Моја омилена е Раја-јога од Вивекананда. Ете линк до книгата, public domain е така да не е проблем да се споделува :)
    Го имаш и Патанџали како авторитет... ќе најдеш многу други.
    И Бхагават Гита (книга, ја има на македонски јазик по книжари) е ок за да се размислува за бхакти јога или на наш јазик простачки кажано „обожување“, „љубов“, „посветеност“ итн итн...
    Со јогата ако не ја користи човек само за растргање ќе сфати колку говорот е ограничен, па и умот со малкуте слики што ги има или не може да се пренесат на друг!

    Ја имам и „Осум лекции за Јога“ од Кроули, но тој премногу тешко објаснува за сета таа работа, треба да му го знаеш симболизмот за да го разбереш (со секој е така што пишува на овие теми) ... тоа може за во иднина да оставиш.
     
    На Ananas му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: