Јас да сум причина за нејзината насмевка

Iamnotblond

Нов член
15 април 2016
1
7
3
29
Беше чудна девојка. Знаеш, баш од оние што никој неможе да ги разбере. Имаше многу тежок карактер, не даваше ама баш никој да и и допре до срцето, да проба да ја разбере, а камоли да ја љуби. Беше секогаш насмеана. Зрачеше со топлина, една убава насмевка.. уффф ми се топи срцево кога ќе помислам на првиот пат кога ми се насмеа. Слатка, преубава. И никогаш не разбрав како можеше секогаш да биде совршена. Дотерана, средена и секогаш насмеана. Сакаше се да и е под конец, како да живееше под некој концепт. Не даваше никој да и ѕирне во распоредот. Никогаш не разбрав зошто беше толку важно со црвеното џемперче да носи крем марама, а не црна. Како на некој да му е битно.
Никој не допрел до неа, никој никогаш не ја повредил, таа девојка не знаеше за болка. Не знам како не и се здосади со сите да биде фина и насмеана. Зар немаше моменти кога ќе и биде се преку глава. Моменти кога сите ги мрази и да сака да искрши се околу неа. Секогаш насмеана како се` да и е розево еј!
Никогаш нема да заборавам кога првпат ја видов тажна. Ми остана поим за нежност, женственост. Јас бев крив, јас ја сменив. Јас ја направив таква. Беше малечка, наивна не знаеше да сака, немала сакано . Јас и направив да ме засака со цело срце а јас ко некој кретен и изигравав мангуп. Не го заслужуваше тоа. Никој не требаше да ја тргне таа насмевка од тоа преубаво лице. Не знаете вие какво е чувството да знаеш дека ти си причина за нејзините солзи. И еднаш ми рече... ''Денес не се нашминкав, знам дека ќе ме растажиш''. Е тогаш, тогаш како со нож ме прободе во срцево. Како некој да ми истури вода на главата. Како да се разбудив од сон што го сонував многу долго време. Како да ми беше станато рутина да ја растажувам, а тој период нон-стоп беше тажна. Зар јас ја расплакувам? Зар јас ја правам тажна? ... А уствари јас сум тој што највеќе сака да ја гледа среќна и насмеана. Секогаш и викав СМЕЈ СЕ! Биди среќна, без разлика на се'. А таа ќе речеше, среќна сум, ама ти ме повредуваш... Морам да ставам крај на ова. Оваа девојка веќе нема да биде тажна заради мене, оваа девојка ќе биде среќна заради мене. Рече дека јас најбрзо можам да ја направам среќна, дека мене најмалку ми треба. И затоа еве сега, ветувам, ќе дадам се од себе... Зошто она заслужува, зошто она се труди, зошто она ме сака... а и јас ја сакам. Ја сакам и нејзината насмевка... особено кога јас сум причина за истата.