1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Јавни запросувања

Дискусија во форумот 'Свадба' започната од Lucia, 15 февруари 2012.

  1. Lucia

    Lucia Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    33
    Допаѓања:
    58
    Во последно време сме сведоци на повеќе јавни запросувања. Ме интересира што мислите за ова? Дали ваквиот чин го сметате за нешто романтично или пак сметате дека тоа е чин кој треба да биде интимен, меѓу двајца заљубени и нема потреба да се споделува со јавноста.

    Јас лично не сакам вакви јавни предлози за брак. Ми делуваат лажно, фалбаџиски, докажување пред другите итн. Да не бидам погрешно сфатена, сум за романтичен предлог за брак, ама тоа да биде интимно и утредента да не ги заобиколи сите социјални мрежи.

    Па повелете :)
     
    На Брида, MATEJA, end. и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. LadyInPink

    LadyInPink Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,239
    Допаѓања:
    1,758
    Мене ми се допаѓаат. Интересни, романтични, поинакви од другите... Секое е оригинално на свој начин. Уникатно.
    Споделувањето со јавноста на еден таков важен чин е храбро и е за почит.
    Не секој има храброст и машкост да ја запроси саканата пред народ.
    Сепак, јас преферирам романтично и интимно. Не би ме налутило ниту повредило јавно запросување, но ако веќе бирам-бирам интимно. Ние двајца ќе сме доволни во тој момент...
     
    На end. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mAcIkA

    mAcIkA Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    376
    Допаѓања:
    516
    Преубаво ми изгледа мене,ептен романтично ,и онака пред сите , тотално пријатно изненадување:sram
     
  4. .M_

    .M_ Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    35
    Допаѓања:
    17
    Оригиналност па то едно чудо. Многу клише и многу chick flick филмчиња.
     
  5. Proton

    Proton Староседелец

    Зачленет на:
    12 февруари 2012
    Мислења:
    127
    Допаѓања:
    263
    Интересно е да, ама за тие што го гледаат клипчето. Некако добивам впечаток тие што јавно да запросуваат како повеќе да го прават тоа за другите, отколку за девојката...
     
    На UnFleur и Lucia им се допаѓа ова.
  6. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Да, интересни ми се, но сепак јас би сакал на само. :)
     
    На MATEJA му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Fifi

    Fifi Полноправен Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    30
    Допаѓања:
    40
    Баш е слатко и романтично ова јавно запросување и сосема го поддржувам:angel
     
  8. Aaliyah

    Aaliyah Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    887
    Допаѓања:
    1,090
    Патетично и ептен фалбаџиски ми делува :showoff
     
    На Boyle, melpomena, AnneBoleyn и уште 1 член му се допаѓа ова.
  9. AnneBoleyn

    AnneBoleyn Активен Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    144
    Допаѓања:
    192
    Патетики. Патат од недостиг на внимание и слични ствари. Девојката е ставена пред свршен чин и мора да рече -Да. Не ми се свиѓа ова и на сите го кажувам, не дај боже некој вака да ме побара ќе речам не и ќе избегам.
    Според мене, овој чин се прави или во друштво меѓу блиски луѓе, па и да се сними, да остане само меѓу тие луѓе, не мора цел свет да знае, или на само само тие двајца.
     
    На Boyle и Aaliyah им се допаѓа ова.
  10. Шмекси

    Шмекси Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,130
    Допаѓања:
    1,066
    Не сакам да се експонирам.Јас сум тип на луѓе што работат и молчат.
    А дека тој чин би го направил феноменално и романтично би го направил, само треба да имам добар мотив (кандидатка)
     
    На MATEJA му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: