Ѓавол - постои ли?

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Па, и не е баш така. Луцифер е исто што и Венера, ѕвездата Деница. Тој бил најсаканиот ангел на Бог, најсветол меѓу сите други ангели, ама во него се јавила потреба да го надмине Бог, тој сакал да биде на негово место. Бог се налутил на тоа и му ги скратил крилјата и го оцрнил и го пратил на земјата за да се разликува од сите други и да знаат сите како ќе завршат ако во себе ја развијат гордоста.
Ама нема врска :) Тоа со борбата со Адам го има во Луча Микрокозма од Његош :)
Бог што се лути, казнува и што суди неможе да биде Господ. Такво битие се вика демијург - лажен бог.
Апсолутно битие што поседува особини како сезнајност и семоќност е апсурдно да се лути. Ако се потекнува од него, тогаш од кого потекнува тоа што тој ќе го види како погрешно, зло, непотребно? Тоа би значело дека неуспеал да предвиди што ќе се случи или пак немал моќ да го направи тој исход во согласност со неговата промисла.

Друга дабота, приказната за Луцифер е христијанска верзија на расипан телефон. Евреите воопшто не пишувале за надприродно битие, туку за човек - кралот на Вавилон - Набуканезер. Овде имаш опширно образложено за ова: Link
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153

Пред да преминам да зборувам сериозно, ќе те замолам да го препрочиташ целиот разговор, форумџиката кажа дека Бог го создал сатаната - и дека така треба да веруваме ако веруваме во Господ Бог, и јас ѝ одговорив како би одговорил вистински христијански верник, бидејќи вистинскиот христијански верник тргнува од „Бог е милостив“ и тука нема место за амбиваленција.
Вистината за Луцифер потекнува многу пред Евреите да почнат да имаат своја религија, и сега ќе го објаснам сериозно. Нема да користам реченици на верници кои цитираат делови од светите книги. Исто така нема да испратам линк, бидејќи ќе ти срочувам накратко што кажале Елијаде, Фрејзер и Мелетински и што сум укапирал јас во досегашното мое буричкање низ бинарната логика на луѓето и претставата за боговите.
Богот по дифолт е со две лица, и добра и лоша страна, ако ја гледаме суштината на секој бог. Зборувам буквално за сите богови што постоеле во свеста на човека од искона.
Тргни од Тор заврши со Зевс, а потоа премини во монотеистичките религии и земи го секој светец што е супститут на помалите божества од политеистичките религии.
Во Словенски пантеон - учебник на професорката Нина Анастасова Шкрињариќ ќе сретнеш една митолошка прикаска која успеала да се протне во денешницата од Словенската митологија(иако нашата митологија е најмалку десакрализирана па ретко можат да се најдат такви свети прикаски излезени од обредниот круг) што се однесува на замислата на богот - Сонце. Луѓето со бинарна логика не верувале во „Бог е милостив“ туку баш го сметале за непредвидлив и лутикав. Затоа сметале дека преку денот богот Сонце е на небото и е добар, но во текот на ноќта(кога заоѓа) е во подземјето и тогаш е лут на Месечината што му го зела местото и прави зулуми, за да не прави зулуми не ги гаселе фенерите, не ги гаселе свеќите навечер за да не може да ги нападне.
Значи од искона постоеле тие паралели добар - лош бог(на наше тло со епитетите Белобог - Црнобог).
Е сега, психоаналитички гледано, човек не може да сака и да мрази во исто време некого, затоа мора да го раздели во две тела и две битија. Затоа постепено од еден бог амбивалентен се создава појава за два богови - едниот добар, едниот лош.
Ќе го споредам ова со дете(оти бинарната логика на луѓето, само така можам да ти ја опишам). Детето кога е мало си ја сака многу мајка му, оти не го кара, само го заштитува, како што расте таа почнува да го делка и воспитува и станува и лоша и добра во исто време, и детскиот мозок одма почнува да ги развива оние мисли „Оваа не е моја мајка, јас сум посвоен“, „Оваа не е мајка ми, ова е некој вонземјанин во телото на мајка ми“ - затоа што НИТУ ЕДЕН МОЗОК НА ДЕТЕ НЕМА ДА ИЗДРЖИ ДА ЈА МРАЗИ МАЈКА СИ. Така и со луѓето... не можат да го гледаат богот како лош, па мораат да го разделат на две индивидуи.
И независно дали ќе го нарекуваме Луцифер, Сатана, Хад, Црнобог... тој секогаш ќе биде опачината на еден ист бог кој со текот на годините морал да се раздели на две за луѓето да можат да продолжат да го почитуваат и сакаат...
И така сите прикаски што се запишани во сите свети книги и што се анализираат на начини луди и најлуди всушност... тргнуваат само од ова...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Библијата го идентификува како злобен дух наречен Ѓавол и Сатана. Тој „ја заведува целата населена земја“ и предизвикува многу од проблемите што го мачат човештвото. Сепак, Библијата исто така ни кажува и дека неговото време истекува (Откровение 12:9, 12). Наскоро сите неволји што Сатана им ги нанел на жителите на земјата ќе завршат со интервенција од Бог. Според Библијата, Божјиот ветен нов свет на правда ќе им стави крај на безнадежноста и очајот
 
Библијата е алегориска книга, сите ликови што ги има таму се во тебе самата. Ако ја толкуваш буквално, си ја утнала поентата, и ѓаволот и Бог и ангелите и демоните и рајот и пеколот се во тебе.
Алегориски гледано, егото или тоа што го перцепираме како ,,Јас" е ,,Светлоносецот", бидејќи ја содржи - ја носи во себе божественоста. Таа ,,Светлина" всушност е бесконечната свесност, суштината на секое живо битие, таа е фундаментот од кој се манифестира целокупното постоење, а егото е оној Lucis Fere - Луцифер, првата и ,,најубава" манифестација на Креаторот што ,,Паѓа" во моментот кога ќе стане суета. Бидејќи егото само по себе е чисто, кога ќе стане суета, тогаш преоѓа во ,,паднат ангел".
 
Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Јас само дадов претпоставка кога би постоел што би му кажале, тоа не значи дека го потврдувам неговото постоење и би му кажал нешто.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Јас само дадов претпоставка кога би постоел што би му кажале, тоа не значи дека го потврдувам неговото постоење и би му кажал нешто.
Кога веќе постави прашање до членовите,направи еден "филм " сега и кажи што би го прашал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕид на плачот