Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Биди ми среќен...
Не прашувај, дали и колку сум јас среќна...
После сите лузни што на душата ти ги оставив...
После сите години чекање, разбирање, трпеливост...залудни...
Ти ни еден лош збор за мене не изусти..
Колку ли е чиста твојата душа?
Кога се чувствуваш виновен, најлесно е да се одбраниш со напад, уште пред да му дадеш шанса на другиот да те разбере. Иако тој не ги заслужува ни нападот ни другото. Иако можеби се би ти простил, како секогаш.