Вицови

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Ќерка му на Џејмс Бонд сакала да излегне на диско и го пита:
- Тато може ли да ода на диско?
А он и одговорил:
- Може, не може! :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lily

smeker

Староседелец
9 март 2012
768
979
1,103
Скопје
Се сретнуваат двајца другари:
- Еј, па кај си бе ти, што правиш?
- Еве, бев до лотарија да си купам грепка, и нема да веруваш, го изгребав автомобилот!
- Стварно?
- Да бе, го закачив контејнерот пред зграда.:rofl
 

Lily

Староседелец
15 февруари 2012
143
123
1,043
Скопје
Отишол зајко во продавница и вика: - Имате сокче од морковче? - НЕМАМЕ !! Другиот ден: - Имате сокче од морковче? - НЕМАМЕ И АКО ДОЈДЕШ УШТЕ ЕДНАШ ЌЕ ТЕ ЗАКОВАМЕ НА ШАЈКИ !! Третиот ден: - Имате шајки? - Не. - Епа дај ми сокче од морковче.

Плавуша оди во пицерија и си нарачува пица. Келнерот ја прашува:
- На колку парчиња сакате да биде исечена пицата,на 6 или 12?
Плавушата:
- На 6, 12 не можам да изедам.

Трпе во хотел се јавува на рецепција:
- Качете се веднаш, жена ми сака да скокне од прозорецот!
- Што да правам јас?
- Прозорецот не може да се отвори!

Командантот им го објаснува на своите војници поимот асоцијација. Извадил од џебот марама и почнал да мафта со неа...
Командантот: Горан! На што помислуваш кога мафтам со марамата?
Горан: На разделба
Командантот: Одлично! Асосијацијата е разделба...Стево, а ти на што мислиш?
Стево: На оро
Командантот: Браво! Асосцијацијата е оро... Блажо, ти на што мислиш кога мафтам со марамата?
Блажо: На Пи*ка.
Командантот: Како можеш да помислиш на пи*ка кога ти мафтам со марамата?
Блажо: Јас цело време мислам на пи*ка, мафтал ти со марамата или не мафтал!
 

Maks

Староседелец
Tројца студенти полагале испит по историја. Првите двајца имале многу јаки „врски“, додека третиот немал. Професорот му поставува прашање на првиот студент:

- Колега, кажете ми сè што знаете за првата воена употреба на атомска бомба.


- Фрлена е на 6ти август 1945 во Хирошима.

- Добро е колега, добро е. Oсмица. Ајде кој е следен.

- Колега, истото прашање.

- Фрлена на 6ти август 1945 во Хирошима. Ја фрлиле Американци.

- Одлично колега! Деветка!

Влегува студентот кој нема „врски“.

- Колега, кажете ми сè што знаете за првата воена употреба на атомска бомба.

- Првата атомска бомба била фрлена на 6ти август 1945 во Хирошима во 8.15 часот по локално време. Атомската бомба со име „Little Boy“ била тешка 4 тони и долга 3 метри, а ја носел бомбардерот „Enola Gay“. Полетал од Tinian - мал остров во западен пацифик со придружба од уште два бомбардера B-69. Бомбата била детонирана на висина од 580 метри. Температурата на површината на земјата, во средиштето на експлозијата достигнала и до 5000°C. Моќниот ударен бран од ветар бил со брзина од 800 km/h и уништил сè во радиус од 13 квадратни километри. Експлозијата предизвикала и врел облак со прашина висок 15.250 метри кој можел да се види на одалеченост од 560 километри. Само во моментот на експлозијата загинале 140.000 луѓе, додека многу умирале години потоа како последица од радијација...

- Не е доволно колега, не е доволно... ИМИЊА колега, ИМИЊА! - му се обратил професорот со повишен тон на третиот студент.
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Студент му се јавува на професор во 2 на сабајле.
-Професоре, спијате?
-Да, зошто?
-Затоа што јас учам п***а ти матерна!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and iskra

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Разговараат две пријателки:
- Маж ти уште работи во полиција?
- Не, сега е во затвор!
- Зошто?
- Затоа што силувал една девојка додека бил на должност!
- А што прави девојката?
- И таа е во затвор.
- Зошто?
- Заради спротивставување на полицаец!
 

Maks

Староседелец
Го прашуваат црнгорецот која е најтешката работа која ја работел?
- Па, стражар на гробишта.
- Зошто?
- Затоа што сите лежат, само јас стојам.
 

Maks

Староседелец
Две баби си прават муабет за внуците. Првата вика:
- Леле оној мој внук ќе ме умре. Пропалица невидена, тежок криминалец. Ништо не учи, по цел ден или е на интернет или девојки брка или со тоа ролерите вози негде.
А вторава вика:
- Е мојот внук по цел ден седи дома, слабо излегува, нон-стоп учи. Или доктор или пилот ќе стане.
Првата баба ќе пукнела од мака, па вели:
- Е како тоа или доктор или пилот, кога нема ништо слично во тие професии?
- Па знаеш стално кога ќе влезам во соба, го гледам он со шприцовите и иглите и ми вика, бабо ќе летамеее!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Blondie

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Две баби си прават муабет за внуците. Првата вика:
- Леле оној мој внук ќе ме умре. Пропалица невидена, тежок криминалец. Ништо не учи, по цел ден или е на интернет или девојки брка или со тоа ролерите вози негде.
А вторава вика:
- Е мојот внук по цел ден седи дома, слабо излегува, нон-стоп учи. Или доктор или пилот ќе стане.
Првата баба ќе пукнела од мака, па вели:
- Е како тоа или доктор или пилот, кога нема ништо слично во тие професии?
- Па знаеш стално кога ќе влезам во соба, го гледам он со шприцовите и иглите и ми вика, бабо ќе летамеее!
Погоре го имам пишано истиот виц само во скратена верзија. :D