Вежби за затегнување на стомак?

Smiley_1996

Истакнат Член
14 февруари 2012
345
802
393
Кумановоoo !
До совршени стомачни мускули во три едноставни чекори...
За конечно намалување на обемот на стомакот и отстранување на масните наслаги, освен неколкуте трикови во исхраната за кои зборувавме вчера, неопходна е и телесна активност. Сè што ви е потребно се следниве три вежби за зацврстување на сите мускули – горните, долните и страничните стомачни мускули. Вежбите практикувајте ги секојдневно, веднаш штом ќе станете или навечер околу еден час пред да заминете на спиење. За сите три вежби треба да издвоите десетина минути.



1. Вежби за горните стомачни мускулиЛегнете на грб и свиткајте ги нозете во колената. Едната рака ставете ја зад главата, а потоа полека подигнете ги рамената од подот, повлекувајќи ја другата рака кон врвовите на прстите на нозете. Вежбата повторете ја десетпати, а потоа променете ја страната. Најважно е правилното дишење. За време на напорот, односно кога се подигнувате издишете преку уста, а при опуштањето вдишете преку нос.


2. Вежби за страничните стомачни мускулиЛегнете на грб, а нозете подигнете ги и свиткајте ги под агол од 90 степени. Двете раце ставете ги на десниот бут, подигнете ги рамената и затегнете го стомакот. Бутовите туркајте ги кон телото, така што ќе им давате отпор на рацете. Останете во оваа положба 20 секунди, па променете ја страната. Повторете ја вежбата по шестпати на двете страни. Цело време мислете на правилното дишење.


3. Вежби за долните стомачни мускулиЛегнете на грб. Испружете ги нозете кон таванот, а рацете поставете ги покрај телото. Сега наизменично дигајте ги и спуштајте ги нозете. Внимавајте да не го одлепите ’рбетот од подот. Доколку вежбата ви е премногу напорна, спуштајте ги нозете до каде што можете да издржите. Двете нозе подигнете ги и спуштете ги 15 до 20 пати.


Комбинацијата на вежби и правилна исхрана за многу кратко време ќе ве донесе до посакуваниот резултат – рамен и затегнат стомак!
http://www.youtube.com/watch?v=emCIk5JPe5k&feature=player_embedded
http://www.youtube.com/watch?v=vkKCVCZe474&feature=related
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=Ccad0rGQCQc
Ако најдам уште ке објавам ...
Сенадевам дека ке ти помогне и текстот и трите видеа ...
Поздравв ... :D
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
До совршени стомачни мускули во три едноставни чекори...

Се ќе беше така лесно, и сите ќе имавме коцки на стомакот доколку би биле тие три едноставни чекори.
Океј се вежбите, но до дефинирање на мускулите на стомакот (губење на масните наслаги) без кардио никаде.
Исхараната е 70% од поскуваната цел, и секако одморот- ноќното спиење, најмалку 8 часа.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Еве вежба за почетници, која може и да ја практикувате дома, за долните мускули на стомакот.

А и нешто за понапредни вежбачи :)

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip and Lena

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
атегнати стомачни мускули и секси стомаче нема како да го постигнете без вежби. Многу често го нагласувам фактот дека строгите диети не се најдоброто решение. Зошто? Затоа што по време на диетите слабеат најмногу мускулите, а масните наслаги остануваат бидејќи телото ги чува како резерва за во вакви критични ситуации за него. За телото гладот е шок и тоа се бори да се обезбеди со масни резерви за да има од каде да црпи енергија, а во меѓувреме ја црпи од разградувањето на аминокиселини од мускулите. Затоа најдобриот совет што можам да ви го дадам е правилна и здрава исхрана во комбинација со била каква спортска активност. Што се однесува на убавиот секси стомак, еве ги најдобрите вежби за најбрзи резултати.
1376.jpg
2243.jpg
3196.jpg
4163.jpg
5140.jpg
 

Lily

Староседелец
15 февруари 2012
143
123
1,043
Скопје
вежбам нешто помалку од година аеробик, пилатес и зумба и имам рамен стомак, немам ни сало ни ништо вишок. Ама сакам малце барем да ми се познаваат стомачните:unsure
може да ми каже некој во врска со исхраната, што да јадам што да не јадам???
Претпоставувам треба да продолжам со вежбање ама треба да припазам малце на исхрана пошо до сеа ни малце не сум пазела, јадам се што ми се јаде:trepka
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sugar

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
вежбам нешто помалку од година аеробик, пилатес и зумба и имам рамен стомак, немам ни сало ни ништо вишок. Ама сакам малце барем да ми се познаваат стомачните:unsure
може да ми каже некој во врска со исхраната, што да јадам што да не јадам???
Претпоставувам треба да продолжам со вежбање ама треба да припазам малце на исхрана пошо до сеа ни малце не сум пазела, јадам се што ми се јаде:trepka
Супер е тоа што го правиш неполна година, и само така продолжи.
Добро претпоставуваш дека треба да припазиш на исхраната за да дојде до дефинирање на стомачните мускули, избегнувај ги простите јагленихидрати (шеќери) пиј повеќе вода во текот на денот, а доколку сакаш ептен брзо дорезултати би ти препорачал и кардио насабајле на гладно срце, бидејќи тогаш согоруваш масни наслаги, а ти тоа сакаш да постигнеш.
 

Lily

Староседелец
15 февруари 2012
143
123
1,043
Скопје
Супер е тоа што го правиш неполна година, и само така продолжи.
Добро претпоставуваш дека треба да припазиш на исхраната за да дојде до дефинирање на стомачните мускули, избегнувај ги простите јагленихидрати (шеќери) пиј повеќе вода во текот на денот, а доколку сакаш ептен брзо дорезултати би ти препорачал и кардио насабајле на гладно срце, бидејќи тогаш согоруваш масни наслаги, а ти тоа сакаш да постигнеш.
Па немам масни наслаги, барем така мислам:)
а и стварно немам време насабајле за кардио, секој ден од 8 сум на факс, порано од тоа не можам да станам:(
Ова прости јаглехидрати е благо??? добро и така не сум по благото, ако ти текне уште нешто допиши:trepka
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche