Ваша поезија

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Те ужаснува ли невозможноста?
Или поужасно е претпоставувањето на возможноста?
Само со чекање ќе научиш да не чекаш никој,
или да го разликуваш никој од оној Некој.
Се чекаме еден со друг,
стоејќи еден покрај друг,
се чекаме еден со друг,
гледајќи се во очи,
се чекаме еден со друг,
разминувајќи се како двајца странци.
Бдееш во брчките под очиве,
чекаш да се раздени,
на лицево,
ги погреба насмевките,
во моите дланки,
криците удираат во плафонот
и ни паѓаат на перница,
и сонцето ќе падне од гранките
ако го свртам погледот.
Се пиеме взаемно,
гледајќи се преку работ на филџанот,
непокането туѓо присуство
под сводовите на нашите непца,
восочна ноќ не носи под пазувите,
го дробам твојот гол поглед,
да ја скршам болката,
од секоја премолчена болка по една липа изникнува,
од секоја надеж по една ѕвезда...
И останува недостижна пред нас.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Mid dark thoughts
of the gray tomb-stone,
the demons taunt
as they play twisted games with her soul.
She was the sound of glass shatering,
blue and green,
a lucid dream,
she was the breath of the wounded,
the zig-zag in your straight line,
she was the other side of the shadow side,
the absence in your direction,
she was everything and nothing...
She was telling you about darkness in her life,
because you was her light,
and now...
she rests her eyes on top of the moon,
with her back facing the earth,
nothing about her pain
was poetic,
silence screams from deep inside,
she bleeds in red
and die in black.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ветви очи,
чии се,
орли со љубов испилени,
сребрени јавачи во ноќта,
што темјан во душата им гори,
очи никогаш тажни,
можеби се твои,
само не ги помниш.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Кога ќе те разграбаат како да си нешто последно,
ќе останеш само црн спомен под ноктите,
ако тоа ти е некаква утеха во догорената свеќа која згаснува,
откако сите ќе заминат.
Но за среќа,
ќе останат песните кои никогаш не умираат,
песните што ги пеат вечните и треперат сребрено во ѕвездите,
вдахнувајќи му живот на небото под кое се создава уште една неискажана љубов,
во туѓи усни раскажана.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Се погледнав во твоите очи бистри и златно сонце ми истече врз градиве,
ги разбуди во самракот син,
последните молитви на мртвите стихови запишани во мојата горчлива душа,
распослана врз дланките на сребрените брези,
нежно што договоруваат врз плеќите на расплаканиот јуни,
ранет во писмото на мојот неискажан сон.
Ти дојде ко црна вода пред полноќ,
да ги поделиш зенициве,
во светлина и дожд,
кои истекуваат врз лицето на неискажаната приказна,
што ја раскажува ветрот во твојата коса со моите прсти заплеткани во неа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Каква ноќ преубава,
го довикувам името твое во неа,
а тоа сребрено ми се насмевнува ко мај,
во зенициве од ѕвезди истекува немо со плач,
врз неискажаните брчки на лицево кое го носам во сите тие сини години без тебе,
сонливо ко росна роза,
што корени диви пуштила во душата твоја кротка,
врз градиве со дожд што ја појам,
што ја пеам со песната на мртвите,
за уште еден живот и повторно раѓање под небото,
бакнато со светлина и мрак.
Каква ноќ преубава,
во свеќата што догорува,
и јас со тебе во неа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Уште една ноќ,
сеуште ништо не е сменето,
умирам во себе,
трае таа долго,
чинам вечноста од мене се откинала да би постоела таа,
ко што самракот звучи тажно,
барем да посакав да бидам поинаков во неа,
со крвта запишана на небото да истечам некако,
да посакав барем да допрам нечии раце со плам и страст,
да можев да бидам лечебен во нечие залутано срце,
зарем јас посакав бледа душа да носам во градиве и сите овие мисли што во горка вода се капат,
од устава што истекуваат со рани кои не познаваат ниту една молитва,
во која не боли ништо нежно ниту железно,
зарем можам да се изборам со тоа што дивее во мене со прамените во косата на сонливиот ветер успокоен со тап нож,
исткајан со свила,
што не сретна љубов преку очиве од превез цветен,
бел ко наивна роза,
што не ги обои очиве поинаку со зенициве да не ги пустошат полноќта и далечините напишани во непрочитаното писмо без адреса,
со студени зборови,
залудно што бараат само парче среќа,
парче друм,
да стигнат некаде,
да се здомат во нечии прсти поетни без брчки,
толку милни што потсетуваат на пролетта и живеат со една насмевка во есен,
каде муграта црвенее,
од бога дарувана до нашата небиднина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Копај, копај моја мрачна душо,
отсекогаш заљубена во својата темнина,
мислата твоја сама полека се гаси,
копај, до срце, крв, топлина,
копај, кога го нема твоето љубено прибежиште.
Што се неколку искршени нокти
за мирот кој ќе го пронајдеш?
Великодушно не повикува оваа земјена одаја,
пречеклива,
да ги нагости со себе очите неми,
да ги напои со мекиот распеан дожд седефастите усни,
па да го покрие со дива детелина нежниот облик на градите тажни,
разиграни сенки на полското цвеќе,
шум на последните гранки,
бујна вечна градина
што од нејасен сон во живо злато се развева.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Јас се родив во самракот,
да бидам мрак и песна,
таму и ќе се вратам под коровот на дивите цвеќиња кои сами цветаат и сами венеат,
а светлината ќе ја оставам како аманет врз запечатените усни,
балсамирани со лажни насмевки,
кршливи во секој зрак на сонцето изгреано во моите очи.
Јас ќе продолжам да постојам и во одарите на ѕвездите за да го оплодам небото темно,
со него нежен сјај да творам во нечии залутани зеници,
душа да искапам светла во нив,
од која прогледуваат и слепите,
без да знаат кој сум и зошто сум.
Кога ќе престане моето срце,
ќе запре и една крв,
илјадници од неа ќе се родат,
а само јас ќе знам,
тоа ќе биде мојата награда,
за ова постоење на планетава која црно име има и најубавите булки кои ќе продолжат да живеат со мојот здив,
ископан длабоко во ноќта,
со тишината однегувана,
пред дождот распната меѓу ветрот и лисјата недопрени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Не постои

Не постои рана која не се лекува со нова љубов,
како што ветрот е црвен во секоја квечерина,
за да станеш апсолутен почетник во старата добра мугра.
Не постои доволно остар нож кој би го оживеал уморот кој го носам во очиве,
ко што сум ебено стар да би почнал барем нешто од почеток.
Не постои допир со кој би го слушнал зреењето на ноќта,
длабоко заглавена во аортите на
згазените усни,
од чии бакнежи се опивам сонлив,
без парче грутка немирна,
во дивите корени на виното кое истекува од дланките на повредените ангели,
кои танцуваат на небото до колена,
извалкани со црна смрт,
од која цветаат недостижните и вечните,
крштевани со здивот на неискажаните.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*