Барови и ресторани

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Барав низ форумов ваква тема и не ја најдов. Ако постои, спојте ја.
Од Скопје сум, така да ќе пишувам за мојот град, а вие за вашиот :)

Bocado Wok Bar
- Единствениот WOK Бар во Македонија ви нуди можност за прв пат да го пробате веќе светски препознатион вкус на Тајландската храна. Wok Bar Bokado, е лоциран во самиот трговски центар Рамстор во центарот на градот.

Sushico
-Скопскиот ресторан е 42. ресторан од синџирот ресторани на површина од 280 квадратни метри и е единствениот суши ресторан од ваков тип во земјава. Квалитетната услуга и вкусното мени се главната причина Сушико рестораните да бидат првиот избор на вистинските љубители на различните вкусови на Далечниот Исток. Ресторанот се наоѓа на ул. Ленинова

Ресторан Галија (Бившо Дал Фуфо)
-Место каде можете да пробате дел од најдобрите пици во градот. Се наоѓа во елитната населба Водно, на ул. Водњанска.

Ресторан Equestrian
- Динамиката на денешниот живот, едноставно не условува да трагаме по место, локација која ќе ни дозволи мирен и пријатен амбиент. Еквестријан со својот модернистички стил, квалитет и професионален тим, ви обезбедува услови каде би можеле спокојно да уживате во храната на нашата кујна. Се наоѓа во Т.Ц Скопјанка, населба Аеродром.

Ресторан Амигос
-Еден нов, поинаков,вкусен свет ... свет на мириси, свет на зачини ... Пробај го во актуелната мексиканска кантина “АМИГОС”

Ресторан Азафран
- Го освои третото место за најдобар ресторан во Македонија во 2010 год. Место каде може да ја пробате вкусната шпанска кујна. Се наоѓа на ул. Ленинова, бр 33/17.

Ресторан Три Круни
-Единствен Шведски ресторан со препознатливо реноме. Не наоѓа на ул. Благој Давков бр. 1
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Coelho

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Што е ова реклама? Копи-пејст. Дај кажи ни ти твое искуство каде си била, и што препорачуваш, а не вакви мартетиншки трикови.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Taste of California, американски ресторан. Го јадев хамбургерот и можам да кажам дека е највкусниот што го имам јадено во Македонија. Баш на американски начин, американски вкус, сервиран со додаток од Heinz кечап. Голема порција со совршен помфрит. Исто така, пробав и од некое јадење со пилешки стек, превкусно беше, немам зборови да го опишам. Има голем избор од секакви сендвичи, салати, десерти и мексиканска храна. Цените се малце солени, но квалитетот е на највисоко ниво. Се наоѓа на улицата Орце Николов, 134.
http://www.facebook.com/pages/Taste-of-California-Skopje/173115446045654?sk=photos
 
The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Што е ова реклама? Копи-пејст. Дај кажи ни ти твое искуство каде си била, и што препорачуваш, а не вакви мартетиншки трикови.

Доколку почнам да ви раскажувам за секое јадење и за секој помин ќе ве скапам. Инаку е одвоено од повеќе текстови само најбитното, за прегледност. Би го напишала и јас истото.
 
Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Има кинески ресторант некаде во близина на Папаја (спроти Јосип Броз Тито), има мексикански ресторант на кејот на Вардар и арапски ресторант во Трговски Центар на вториот кат, на балконот кој гледа кон жена-парк. Имиња не им знам. :|

Кинескиот ресторант (барем кога бев, пред година-две) не беше нешто посебно. Многу, од тие со кои бев, нарачаа пилешко во слатко-кисел сос (поховано пилешко/пилешки прсти во оној сосот од сенф и мед - нешто што го има во секој ресторант), неколку нарачаа чипс со растопен кашкавал (повторно, ништо посебно - ниту пак кинеско). На крајот нарачавме fortune cookies кои беа во форма на оние пивски колачи. Се јадеа со вилушка и пораката беше на лошо-исечено ливче завиткано во фолија. Ама тогаш бев помал, прв "егзотичен" ресторант. Беше океј.

За мексиканскиот и арапскиот ресторант немам лоши зборови.

Мексиканскиот ресторант е супер, услугата е супер, храната е така-така - зависи што ќе одбереш да јадеш. Дефинитивно некои јадења не се за луѓе кои би одбрале да експериментираат со вкусови или луѓе кои се спремни се да пробаат.

Арапскиот ресторант е преубав, има одлична атмосфера. Најскап од сите три, ама вреди.

Инаку на ни едно од горе-наведените места не сум бил и не знам зошто, морам да одам. Посебно во тие со тајландска/суши/шпанска/мексиканска храна и тој Taste of California. :eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14 and The_countess

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија

Ај ако можеш да ми кажеш каде поточно се наоѓа мексичкиот ресторан, и како се со цените? Дали е поскапо од кинеските?
 
Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Ај ако можеш да ми кажеш каде поточно се наоѓа мексичкиот ресторан, и како се со цените? Дали е поскапо од кинеските?

Мексиканскиот ресторан е на кејот на Вардар, таму после Ања, New York, итн. ама пред Ирскиот пуб. Лесно ќе го забележиш. За жал не се сеќавам на името, и слабо на цените - ама сигурен сум дека не беше многу скап и дека цените не беа нешто поразлични од кинеските. Зависи што и колку ќе нарачаш; порциите се добри.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Дион - добра услуга и добра храна
Два елена - добра локација и добра храна
 
Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
1. Пицерија и кафана Боними. Пицеријата е во населба Автокоманда, а кафаната со исто име е во Карпош. Добра храна, добар персонал, добри цени, не се многу високи, таман се.

2. Пицерија Балила во населба Капиштец. Храната е супер, кафињата исто така.

3. Паладиум кафе бар во населба Капиштец, до Рамстор.