Страв од старост

Laila

Полноправен Член
18 јуни 2019
30
25
8
Стареењето е физиолошки процес, неизбежен дел од животот. Сите имаме ограничен век на траење, впрочем како и се во животот, така и ние.

Дали се плашам од стареењто?
Воопшто не се плашам од тоа дека еден ден ќе бидам стара, се плашам од тоа дали ќе имам доволно реализирано, дали ќе ги имам остварено своите цели, за да уживам во староста онака како што би сакала. Да не жалам за тоа што поминало и тоа што требало да го направам. Да бидам задоволна од постигнатото и да уживам во благосостојба.

Дали сум оптеретена со некои здрави навики против стареењето?
Со ништо не се оптеретувам, се што правам се трудам да биде балансирано и нормално. Здрави навики . . . Здрава храна и физичка активност, друго ништо посебно. Не се плашам од тоа дали годините ќе ми се познаваат на ликот. Тоа е олицетворение на се што сум поминала, знак дека сум човек, со чувства и емоции.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ananas

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Не се плашете.

Гледајте само да не го осакатите телото со премногу алкохол и супстанции од една страна и нездрав живот полн со нервози од друга страна сега, во вашата младост...
Првото ќе ви ги уништи органите и ќе ја забрзате смртта ако го силувате, второто ќе ви ги изгори нервите и телото ќе ви стане неподнослив терет за духот.

Староста е природен процес која што е огледало на животот во младоста. ;)

Ќе умрете, тоа е факт. Затоа живејте сега.
 
violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Не се плашете.

Гледајте само да не го осакатите телото со премногу алкохол и супстанции од една страна и нездрав живот полн со нервози од друга страна сега, во вашата младост...
Првото ќе ви ги уништи органите и ќе ја забрзате смртта ако го силувате, второто ќе ви ги изгори нервите и телото ќе ви стане неподнослив терет за духот.

Староста е природен процес која што е огледало на животот во младоста. ;)

Ќе умрете, тоа е факт. Затоа живејте сега.
Природен процес да, но за жал селекцијата не оди по ред. Кога смртта настапува неочекувано тогаш нема страв оти нели нема време за него, дали срцев удар, сообраќајка, небитно... Но, кога некој боледува, без разлика стар или млад и знае дека нема да се излечи стравот е неминовен. Нормално е човекот да се плаши од смртта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Но зборуваме за староста, не за смртта... :)

Не, не е нормално да се плаши човек од смртта. Тоа што мноштвото се плаши и затоа тоа е нормално... е друга приказна.
Ако е за така човек треба да се плаши од раѓање, бидејќи со првиот здив почнува да умира...

Ние создаваме луѓе кои ќе умрат, физички. Ако реално гледаме на стварите... она што е битно е што се случува помеѓу двата столба на храмот, од раѓање до смрт.
Ние сме помирени со тоа дека нашите деца ќе остареат - ќе умрат. Дури и не знаеме како и кога... реално. Како што велиш ти... од сешто може да те снема, посебно денес.

Зошто ги имаме?
Заради староста и стравот дека не ќе можеме сами? Заради „продолжување на крвта“? Нацијата? За наше егоистичко задоволство? Природен инстинкт?
Забораваме дека ќе стареат ко нас? :)

Или пак не ни имаме страв од старост или смрт... сето тоа е само фантазија која бледнее кога го живее човекот својот живот во полн здив... :)

Малку настранив од темава, но е поврзана со староста. Бидејќи природно кај човека доаѓа да мисли на смрт кога ќе види човек во години...

-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
92
Ние создаваме луѓе кои ќе умрат, физички. Ако реално гледаме на стварите... она што е битно е што се случува помеѓу двата столба на храмот, од раѓање до смрт.
И што тоа се случува од раѓање до смрт?...Реално, а е битно?
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
И што тоа се случува од раѓање до смрт?...Реално, а е битно?

Ако реално гледаме на стварите ние создаваме луѓе кои ќе умрат, физички.
Мислам дека добро е напишано во двата поста...

Битно е само што се случува помеѓу двата столба на храмот... во друг пост го напишав ова: Она што е важно е само искуството...

Нормално, ова е мој став. Секој различно го оди овој пат... но сепак сметам дека е погрешно да се вели дека е нормално да се има страв од старост или смрт.
Или пак да се гради некакво негативен став за животот бидејќи еден ден смртта секако ќе не посети...
и тоа е погрешно.

Се согласувам со тоа дека човек не треба да се плаши од староста и смртта, но не се согласувам со тоа што користиш термин "до смртта" .Таа заграда од и до е нецелосна во твојот случај, барем онака како се изрази и воедно се заштити позади реалност.

Доживувањата од раѓање до старост, луѓето слепо ги поминуваат, можеби затоа што постои временски циклус за секоја промена, па како една одминува друга доаѓа. Кога за нешто постои почеток, природно е да постои и крај.
Тоа може да се види во твојот пост, временски интервал е всаден во умот.
Ова не го примај како лоша критика.

Што ако тој "корен" наречен време го откорне човек, тогаш се добива сосема друга слика.

Староста, па ниту младоста немаат битна поединечна улога.Како и да не постоеле, а кога нешто не постои нема ниту крај.Па од што тоа треба да се плаши човек?Од сенка?Мислам не!
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Јас не знам како луѓето поминуваат од едно раѓање до друго, ако веруваме дека има друго раѓање... источните школи велат дека има... :)
Малку е надмено да се зборува за другите како минуваат... се надевам само дека стануваат подобри луѓе, заради човештвото.

Сепак треба да се заборави вековниот изграден негативниот став за староста и смртта ... како да е тоа нешто кое може да се избегне или пак да се ублажи... реков претходно:

„Гледајте само да не го осакатите телото со премногу алкохол и супстанции од една страна и нездрав живот полн со нервози од друга страна сега, во вашата младост...
Првото ќе ви ги уништи органите и ќе ја забрзате смртта ако го силувате, второто ќе ви ги изгори нервите и телото ќе ви стане неподнослив терет за духот.
Староста е природен процес која што е огледало на животот во младоста.“