BLACK FRIDAY (Црн петок попусти)

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Можеби има ваква тема отворено за ова шопинг лудило што се случува, значи не проверив, кантосајте ако има..НО, во сити мол е хаос, 17 автобуси дојдоа од Косово..невидена гужва...
Е сега, бидејчи јас никогаш не сум била порано на овој црн петок, не обичам да се туткам и тегнам по бутици и стискам по гардероби, па ме интересира дали навистина има толку големи попусти како што е по другите светски градови или пак нашиве дуќанџии прво ги репнаа цените до небо и демек сега даваат попуст??
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Кај нас нема шанси да е како во Америка. Кај нив е стварно попуст, па затоа и се тепаат за да не им го земе некој производот пред нос.
Кај нас колку 20% ? Па не е попуст тоа, туку оригиналната цена.
Ако сака некој да си купи нешто на попуст, само во странство. Тука тешко да се купи по вистинска цена ( мислам на брендирана облека).
:zelen(star)
 

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Ете една добра работа што не личиме исто како другите светски метрополи на овој ден, барем немаме тепачки, рушење на излози, кршење на врати, превртување на штандови..
Гледав видео како крвнички се пресметуваат двајца мажи за едно парче облека, жени се корнат за коси...кое манијачно лудило, срамотилаци, испод секое човечко достоинство...немам зборови:nah

Незнам, а баш ме занима, кои производи се намалени дури 70/.:frantic:frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕвездичка

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Имаше видео на кое се гледа како толпа, како стадо овци, влегува во продавница за бела техника.
Тргачење, тепање, мавање... се имаше.
Кај нас со пиштоли ќе се пресметуаат ако дојде до тоа, ама далеку сме од толкаво намалување на цените.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Black Friday кај нас, сликовито:
213218-pochnaa-popustite-za-crniot-petok.jpg
 

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Кај нас во Македонија не е тоа тоа на тој ден што го викате black friday,да има попусти ама не големи,не како во Америка
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Не верувам во попусти, и со попуст пак е скапо.
 

dovefox

Истакнат Член
21 октомври 2018
38
23
108
Кај нас попустите се мали или непостоечки. :rofl:rofl:rofl:rofl:rofl
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Кај нас за време на попусти вадат стара роба од пред неколку сезони,ја тргаат најновата а на веќе присутната и лепат налепница со % а под неа истата цена.
Не одам на такви збиднувања,не планирам да се туркам и заморувам бесцелно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra